Универзитетот Скопје ги мотивира младите луѓе да учат и да откриваат нови хоризонти инспирирајќи ги студентите своето образование да го продолжат во Македонија.
Мисијата на високообразовната институција е препознаена од заедницата, а Магазинот „Убавина и здравје“ на УТМС му додели признание за најинспиративен приватен универзитет.
Признанието им беше врачено на подмладокот на Универзитетот, доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска и м-р Љупчо Миленковски, кои се заблагодарија на наградата и најавија дека УТМС ќе продолжи да вложува во иднината на младите луѓе.
На 16. роденден на „Убавина и Здравје“ наградите одат во рацете на добрите луѓе, општествено одговорните компании, хуманитарците и активистите кои со својот пример поттикнуваат сите да направиме некое добро дело, порачаа организаторите.
Доц. д-р Ангела Миленковска-Климоска и м-р Љупчо Миленковски најавија дека УТМС ќе продолжи да вложува во иднината на младите.
Наздравуваме за сите досегашни и идни успеси.
Универзитетот Скопје во изминатите години активно ги поддржа сите амбициозни и талентирани личности да се запишат и да се стекнат со знаење на една од најдобрите високообразовни институции во земјава. Стипендираше стотици млади луѓе, меѓу нив и талентирани спортисти, а ги поддржа и најдобрите средношоколци. Универзитетот Скопје сака да ги задржи младите таленти дома, да вложи во нивната иднина, а тие своето знаење да го искористат за подобра иднина во татковината.