Следејќи ги новите медиумски трендови и желбата на младите, Универзитет Скопје стартуваше со нов медиумски подкаст „Универзум“. Декани, професори, студенти сите од свое искуство зборуваат за високото образование, за условите кои ги нуди Универзитет Скопје, за дипломата која е патоказ во професионалната кариера, но и за идните предизвици при изборот на животната професија.
Проректорот за настава, проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, посочува дека квалитетната настава што ја добиваат студентите е од академскиот кадар, кој е во најголем дел профилиран како во науката, така и во стопанството.
„Имате преку 20.000 слободни места на државни универзитети и ние треба да се бориме на тој пазар. Кај нас е самофинансирање, секој студент треба да плати и од тие причини ние треба да бидеме многу подобри од другите, да пружиме многу подобри услови, како просторни, така и академски услуги за тие студенти да излезат задоволни и тие студенти да бидат наши најдобри промотори за во иднина да не препорачаат на идните генерации да дојдат да се запишат на нашиот Универзитет“, вели проректорот Ѓорѓиевски.
Проректорот за наука и развој, проф. д-р Зоран Ивановски, дава осврт на методологијата на Универзитет Скопје.
„Нашата методологија е така направена да се грижи за она што е и главна обврска на секој Универзитет, покрај знаењето да развива одредени вештини и компетенции кај своите студенти, а тоа се способност за пишување, за презентирање, за критичко размислување“, вели проректорот Ивановски.
Проф. д-р Александра Стоилковска, раководител на магистерски студии на Универзитетот Скопје, гостинка во поткастот „Универзум“.
Деканката на Факултетот за Менаџмент на човечки ресурси, проф. д-р Александра Стоилковска на младите им порачува да се определат за струка што сметаат дека најдобро ќе ја работат, бидејќи е важно да бидат квалитетни во работата.
„Нашиот Универзитет работи по високи стандарди со оглед на тоа што во првите години имаше ментор-универзитет кој нѐ водеше во процесот на усвојување на овие високи стандарди за работа во високото образование. И на тој начин и ние работиме денеска, односно студентот е во центарот на вниманието со неговите индивидуални капацитети и од тука тргнуваме“, вели деканката Стоилковска.
Проф. д-р Далиборка Блажеска, декан на Економскиот факултет на Универзитетот Скопје, гостинка во поткастот „Универзум“.
Деканката на Економскиот Факултет, проф. д-р Далиборка Блажеска открива дека голем дел од студентите веќе работат во успешни компании, менаџери, претприемачи, управители на фирми. Голем е бројот на тие кои веќе водат успешни компании и секако ги користат иновациите и веќе го стекнале имиџот на пазарот.
„Универзитетот во последниве години се профилира и успешно се позиционира на пазарот во однос на конкурентите, во светот на високото образование. А зошто успешно се позициониравме и се диференциравме? Токму поради тоа што нашите студенти по завршување на факултетот се стекнуваат со знаење, компетенции и вештини. Токму тоа знаење што тие го стекнуваат на факултетите што ги избрале, комбинирано со практичното искуство, им овозможува за краток временски период после нивното дипломирање да се вработат“, вели деканката Блажеска.
Секој од факултетите што се во составот на Универзитетот Скопје има Советодавен борд, односно Одбор за соработка и доверба со јавноста каде што членуваат искусни професионалци од бизнис-секторот.