Универзитет Скопје секогаш дава поддршка во општеството. И во убави и во тешки времиња подаваме рака на младите, на талентираните, на амбициозните да создаваат нови вредности.
На 16-тиот роденден на естрадниот магазин Бекстејџ, Универзитетот Скопје доби награда за безусловната поддршка на македонската музичка сцена.
Миленковски: „Патот не е лесен, но задоволството е големо кога се поддржува нашата Македонија.“
М-р Љупчо Миленковски се заблагодари на Бекстејџ и рече дека ова признание е доказ за успешната работа на Универзитетот.
„Универзитетот продолжува понатаму да ја поддржува македонската музика, македонските автори и да се гордееме со секој нивни успех. Патот не е лесен, но задоволството е големо кога се поддржува нашата Македонија” порача м-р Миленковски.
Тој се обрати до присутните заблагодарувајќи им на сите кои гласале за Универзитетот и воедно го препознале како институција која постојано и во минатото и сега, но и во иднина ќе поддржува се што е македонско од Република Македонија.
Вечерта беа доделени многу награди во повеќе категории. На екипата на Бекстејџ им посакуваме уште многу вакви родендени и уште многубројни емисии кои ќе ја поддржуваат македонската музичка сцена.