УТМС обезбеди хуманитарна помош за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција

УТМС испрати хуманитарен конвој во Турција за настрадите од земјотресот

Хуманитарен конвој на Универзитетот за туризам и менаџмент беше во Истанбул, Турција. Во соработка и координација со Амбасадата на Република Турција, хуманитарната помош ѝ беше предадена на Агенцијата за управување со кризи за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес во кој загинаа околу повеќе од 40.000 луѓе.

Конвојот на УТМС, високообразовна и општествено одговорна установа, беше на иницијатива на ректорот проф. д-р Аце Миленковски. Токму затоа дел од вработените од Универзитетот, а во име на целиот колектив и во име на студентите на УТМС, ја испорача лично хуманитарната помош што ја обезбеди Универзитетот за настраданите во земјотресот, а која се состоеше од храна, пијалаци и ќебиња со вредност од над 1,5 милиони денари.

Писмо на жалење за катастрофата што ја погоди Турција упати и ректорот Миленковски веднаш по несреќните настани на 6 февруари годинава.

„Нашиот народ стои рамо до рамо со турскиот народ. Спремни сме да помогнеме на секаков начин, како Универзитет, но пред сѐ како луѓе“, истакна ректорот Миленковски во своето јавно писмо упатено до турскиот народ на денот на катастрофата.

Колективот на УТМС ѝ посакува брзо закрепнување на турската нација, изразувајќи надеж дека ваква катастрофа никогаш повеќе нема никому да се случи!

УТМС испрати хуманитарен конвој во Турција за настрадите од земјотресот.

УТМС испрати хуманитарен конвој во Турција за настрадите од земјотресот.

Image
Newsletter