Универзитет Скопје и турската компанија специјализирана на полето на туризмот „Картача тур“, која е соработник на македонскиот туроператор „Војажер“ потпишаа Меморандум за соработка.
Со Меморандумот е предвидена соработка на повеќе полиња, како создавање заеднички иницијативи за маркетинг и промотивни кампањи, развој на заеднички туристички продукти и услуги, како и соработка на полето на образованието и развивање на заеднички проекти. Целта на оваа заемна соработка е придонес кон развојот на туристичките потенцијали во двете земји и проширување на пазарите низ заеднички напори.
Ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, на потпишувањето на Меморандумот го изрази задоволството од воспоставувањето на оваа нова соработка со којашто, како што рече, ќе се прошират можностите за развој на двете земји, како на полето на образованието и туризмот, така и на други полиња.

Потпишан Меморандум за соработка со турската туристичка компанија „Картача тур“.
Генералниот менаџер на „Картача тур“, Фатих Гунај го поздрави потпишувањето на Меморандумот нагласувајќи дека со тоа ќе се отвори простор за нови хоризонти на младите луѓе од Македонија и од Турција, како и дека ќе се овозможи стимулирање на иновациите во индустријата на туризмот.
