Основачите на Бионтек и главните креатори на вакцината против вирусот Корона на Фајзер, Угур Шахин и Озлем Туречи, велат дека вакцината против рак може да биде достапна до 2030 година.
Иако научниците се несигурни за употребата на терминот „лек“, вакцината за рак во развој би можела да има потенцијал значително да ги третира и да се бори против клетките на ракот, пренесува Скајњуз.
Професорот Угур Шахин и Озлем Туречи пронајдоа нови начини за лекување на ракот, што го припишуваат на нивната претходна работа на вакцината против ковидот.
Тимот, кој успешно помогна во развојот на вакцината за Фајзер, рече дека нивниот напредок за време на пандемијата во користењето на технологијата mRNA е враќање на работата за рак. Додека типичната вакцина содржи мал дел од вирусот што се користи за имунизација, mRNA конкретно го користи само генетскиот код на вирусот.
„Она што го развивавме со децении за напредокот на вакцината против ракот беше ветар во грб за развој на вакцината против Ковид-19, а сега таа, како и нашето искуство во нејзиниот развој, се враќаат на нашата работа во борбата против ракот“, рече Туречи.