Дигитално евро ќе стартува годинава како пробен проект. Овие пари би биле електронско платежно средство кое ќе може да го користи секоја земја од еврозоната. Нема да има потреба од банкарска сметка туку ќе се користи само преку мобилна апликација.
Проектот го започна Европската централна банка (ЕЦБ) а целта е да ја истражи можноста за маркетинг на сопствена дигитална валута. Сега работната група која е задолжена за реализација на овој проект веќе бара начин кој и како ќе го дистрибуира дигиталното евро на крајните корисници. Друг важен дел е моделот на порамнување, односно систем кој ќе проверува дали лицето има доволно пари за да плати тоа што сака. За сите работи треба да бидат одговорни централните банки од еврозоната и нивните соработници. Системот мора да биде дизајниран така што ниту една од институциите не може да ја види состојбата на сметките на граѓаните, ниту да може да ги анализира нивните плаќања. Европската централна банка сака системот да биде толку ефикасен како префрлање на готовина од „рака на рака”. Односно секој граѓанин да може во секое време да префрла пари каде сака, без прекин.
Целта на централната банка е преку заеднички правила, дигиталните плаќања во евра да функционираат низ еврозоната, без разлика на границите.