Војната во Украина ги донесе до дно економиите во светот – не се очекува закрепнување до 2024 година

Војната во Украина ги донесе до дно економиите во светот – не се очекува закрепнување до 2024 година

Германија не очекува големи економски резултати – ја намали прогнозата на БДП на само 2,2 отсто

Германската Влада ја намали прогнозата за раст на БДП-то од 3,6% на 2,2%.

„Прогнозата за растот на БДП за 2,2% во 2022 година се заснова на претпоставката дека нема да има енергетско ембарго на испораките на рускиот гас“, соопшти министерот Роберт Хабек.

За да ја зацврсти економијата, Германија одобри пакет нови мерки за намалување на притисокот врз потрошувачите погодени од високата цена на енергијата.

Војната во Украина различно влијае врз економиите на 23-те земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Во пролетната прогноза, Виенскиот економски институт (WIIW) тргнува од таканареченото „статус кво“ основно сценарио. Ако продолжи војната да ескалира и ако воведе Европската Унија ембарго на нафтата и на гасот од Русија, економиите во Источна и во Централна Европа би забележале пад. Во својата прогноза, Институтот предвидува економски раст за Македонија од 2,5% за оваа година и 2,7% за следната година, а исто толкав раст прогнозира и за 2024 година.

Од шесте земји во Западен Балкан, за годинава се предвидува Србија да оствари најголем раст од 3,6%, економиите на Албанија и на Црна Гора годинава ќе пораснат за 3,5%, на Косово за 3,3% и на Босна и Херцеговина за 1,8%.

Во случај на негативно сценарио, кое предвидува прекин на снабдувањето со руски енергенси, Виенскиот институт за Македонија предвидува пад на БДП-то за годинава од 0,5%, а во наредните две години раст од 1,5% односно 2%.

Основното сценарио на институтот за членките на ЕУ од Централна и од Источна Европа предвидува раст од 2,5%, а во случај на негативно сценарио блага рецесија од минус 0,9%.
„Дури и во случај на примирје и на политичко решение, силен економски раст може да се очекува дури во 2024 година, бидејќи приватните инвеститори полека ќе се враќаат во земјата“, вели економистот на Виенскиот институт и главен автор на пролетната прогноза Василиј Астров.

Директните последици од војната, за повеќето земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа остануваат ограничени во оваа година. Загубите од трговијата со Украина и со Русија изнесуваат во просек 0,5% од БДП. Војната во Украина најмногу го погодува регионот со силен пораст на цените на енергијата и на храната, што ги намалува реалните приходи на домаќинствата и со што влијае врз потрошувачката.

Image
Newsletter