За пет години ќе исчезнат 14 милиони работни места

За пет години ќе исчезнат 14 милиони работни места

Поразителни очекувања за иднината од Светскиот економски форум. Врз основа на истражување на 800 компании, СЕФ очекува работодавците да отворат 69 милиони работни места до 2027 година, додека 83 милиони работни места ќе бидат укинати.

Тоа значи дека ќе исчезнат 14 милиони работни места, што претставува два проценти од сите вработени, се вели во соопштението.

Преминот кон системи за обновлива енергија ќе создаде значителен број нови работни места, додека пазарот на трудот негативно ќе биде под влијание на бавниот економски раст и високата инфлација.

Развојот на вештачката интелигенција ќе има и позитивно и негативно влијание врз работните места, предвидува Светскиот економски форум.

На фирмите ќе им требаат вработени да воведат вештачка интелигенција во системите на компанијата и да управуваат со алатки поврзани со вештачката интелигенција.

Сепак, последниве месеци, голем број на успешни менаџери и иноватори на познати светски глобални компании отворено застанаа против прекумерната употреба на вештачката интелигенција во работните процеси.

На петицијата на милијардерот Илон Маск, неодамна се потпишаа над 1000 луѓе. Тие повикуваат на пауза во развојот на напредна вештачка интелигенција додека прво не се развијат заеднички безбедносни протоколи. Се наведува и дека ВИ може да доведе до економски и политички нарушувања. Аналитичарите ги повикаа програмерите да соработуваат со креаторите на политики и регулаторните органи.

Image
Newsletter