За прв пат компанија призна дека поддржувала терористи

За прв пат компанија призна дека поддржувала терористи

Компанијата Лафарж, сега под раководство на швајцарската групација Холцим, објави дека се согласила да плати казна од 778 милиони долари во САД и да ја признае вината за помагање на „терористичките“ организации во Сирија, вклучително и Исламската држава, во 2013 и во 2014 г.

Француската компанија за производство на цемент ја прифати „одговорноста за постапките на поединци, чие однесување беше флагрантно кршење на кодексот на однесување“, рече Лафарж, изразувајќи длабоко жалење за фактите.

Компанијата е обвинета и во Франција за „соучесништво во злосторства против човештвото“ во врска со нејзините активности во Сирија.

Компанијата беше осомничена дека во 2013 и 2014 година преку својата сириска подружница им платила неколку милиони евра на терористички групи, вклучително и на групата Исламска држава (ИД), како и на посредници, за да ја задржи фабриката за цемент во Сирија. Истрагата проценила дека само исплатите на Исламската држава би можеле да достигнат меѓу 4,8 и 10 милиони евра.

Image
Newsletter