Рускиот суд го замрзна целиот имот на автомобилската фабрика Фолксваген во Русија, пренесува Ројтерс, според документите кои ги имаат на увид.
Инаку, оваа компанија е една од многуте странски производители на автомобили што ја прекинаа работата во Русија откако западните земји воведоа санкции поради војната во Украина.
Рускиот производител на автомобили ГАЗ, кој склучи договор за производство на возила фолксваген во фабриката во Нижни Новоград, го тужеше германскиот производител на автомобили за прекршување на договорот, по раскинувањето од страна на Фолксваген во август минатата година.