Земјите од ЕУ ќе ја враќаат железницата за да ги намалат трошоците

Германија повикува - патувајте со воз, поевтино е!

Европската Унија објави поекономичен и поеколошки план за превоз. Клучни аргументи се дека возовите испуштаат мали транспортни емисии од 0,4%, за разлика од авионите, кои произведуваат над 10 пати повеќе CO2 и од кои се поекономични. Земјите од Унијата планираат да ги стават брзите возови како главен транспорт за граѓаните.

Германија за своите граѓани од јуни до август дозволи неограничено користење на возовите за само 9 евра месечно. Веднаш штом се донесе одлуката од страна на германската влада, граѓаните веста ја споделуваа на социјалните мрежи, па идејата стана успешна за само еден месец. Земјата ги повика и останатите држави да го следат примерот.

Анализите покажале дека само во првата недела, патувањата со воз помеѓу 100 км и 300 км се зголемиле за 46%, а над 58% за патувања на растојанија од 30 км до 100 км, во споредба со нивоата пред пандемијата. Истовремено се намалил и метежот во автомобилскиот сообраќај.

Image
Newsletter