Каква држава заслужуваме?

Каква држава заслужуваме?

Го прославивме и 33-от роденден на државата. Што очекувавме, а што добивме?

Живееме во држава за која сонувале и борба воделе генерации пред нас. Децениски реформи, стратегии, преговори. Но, кои се вистинските чекори и предизвици за стабилна држава? 

Здравството и образованието се клучните сегменти за една држава. Почитувањето на современите европски стандарди во образованието е  во интерес на секоја владејачка гарнитура. Тоа ќе биде тежок процес, но ако не се постават работите  од почеток во вистинската насока, тешко се поправаат грешките што подоцна следуваат. 

Образованието по автоматизам е поврзано со младите, кои се најголемото богатство и најголемиот ресурс на секое општество. За жал, продолжува нивното традиционално заминувањето од татковината, и тој тренд од ден на ден расте. Според сите истражувања, Македонија зазема високо место по одливот на високообразовани млади луѓе во светот. Ние како одговорно општество мора да најдеме начин да ги задржиме дома, да останат свои на своето. За возврат, носителите на власта, треба и мора да им понудат перспектива за иднината, услови за здрав раст и развој, за образование и работа, поточно, услови за живот достоен за еден човек. 

Image
Newsletter