Колку се среќни Македонците?

Колку се среќни Македонците?

Македонија е на 84. место во Извештајот за индексот на среќата на Обединетите нации, додека младите под 30 години во земјава сè нешто посреќни и се наоѓаат на 67. место. Финска останува најсреќна земја во светот и седма година по ред е на првото место.

Светскиот извештај за среќа е Индекс за среќата што го објавува Мрежата за решенија за одржлив развој при Обединетите нации секоја година и се заснова на процената на луѓето за нивната среќа, како и на економските и на социјалните податоци.

Ако тргнеме да разговараме што нè прави среќни, многумина ќе речат:  „На личен план се чувствувам среќна затоа што се сите дома здрави, а покрај мене се луѓето што ми значат. Имам цел во животот, професионално сум реализирана. Но, во општеството во кое живеам може да биде многу подобро.“

Клучните столбови – здравството и образованието – се на маргините. Објектите за лекување се урнисани, дел од училиштата се стари и со години нереновирани. Дишеме најзагаден воздух во светот. Граѓаните осиромашуваат од ден на ден, корупцијата зема замав, се игнорнираат обичните луѓе. Како да ги натераме младите во ваков амбиент да останат во Македонија и да ја гледаат перспективата дома? Ние како одговорно општество мора да најдеме начин за промени на подобро, а носителите на власта, треба и мора да им понудат перспектива за иднината, услови за живот достоен за еден човек. Наместо изгубена надеж, потребно е враќање на довербата. Саамо тогаш има шанса Македонците да се посреќни од денеска.

Image
Newsletter