Какви се цените на храната во Македонија и во светот
„Историски највисоки цени во последните десет години“, „Поскапувањата на храната немаат крај“, „Граѓаните не можат да врзат крај со крај со новите цени на прехранбените производи“. Овие наслови во последните неколку месеци се едни од главните вести во медиумите кога станува збор за цените на храната. Низ маркетите во земјата, цените се менуваа од час во час, од ден на ден. Граѓаните се во шок од новите екстремно повисоки цени, а најмногу ќе страдаат домаќинствата со помали примања.
Оваа застрашувачка ценовна спирала е последица од неколку фактори. Пандемијата со Ковид-19 предизвика несогласувања меѓу понудата и побарувачката низ светот. По пандемијата, додека глобалните синџири на достава сѐ уште беа во фаза на консолидација, Русија ја нападна Украина, петтиот најголем светски извозник на жито. Ова пак предизвика редица празни полици во продавниците и недостиг од брашно и масло, не само кај нас, туку и во европските земји. Во меѓувреме, прекините во снабдувањето на гас и на енергенси го погодија енергетскиот сектор, а тоа пак предизвика зголемување на трошоците на сѐ она за што е потребно гориво – од транспорт до производство.
Ниту една земја како последица од овие фактори не остана имуна во однос на зголемување на цените на храната. Иако кога ги анализиравме и споредувавме претходно нашите цени со тие во западноевропските земји, многу често констатацијата на македонските граѓани беше дека храната во западноевропските земји е поевтина или со исти цени како во Македонија. Прехранбените намирници во големите маркети за малопродажба во земјите од Европската Унија, како на пример во Франција, Германија, беа навистина интересни за споредба со цените во домашните маркети. И покрај тоа што жителите на Европската Унија имаат значително повисоки месечни примања и далеку подобар животен стандард, голем дел од прехранбените продукти таму се поевтини отколку кај нас.
За тоа каква е разликата меѓу цените на храната во Македонија и во останатите европски земји можеме да направиме споредба преку податоците на Европската статистичка агенција – ЕВРОСТАТ. Истражувањата што ги прави оваа институција на одреден временски период е споредба на нивото на цените за храна, пијалаци и тутун во неколку подгрупи.
Оваа институција во своите извештаи ги анализира цените на храната, пијалаците и тутунот во 36 европски земји.
Земјите вклучени во анализата се 27 земји-членки на Европската Унија (ЕУ), 3 земји од ЕФТА (Исланд, Норвешка и Швајцарија), 5 земји-кандидати (Албанија, Црна Гора, Македонија, Србија и Турција) и една земја потенцијален кандидат (Босна и Херцеговина).
Цените на храната, пијалаците и на тутунот значително се разликуваат низ земјите-членки на ЕУ. На пример, повисоки од европскиот просек се цените во Луксембург, Данска и Финкса, а највисоки цени на тутунот се во Ирска.
Потрошувачка кошничка: леб и месо
„Во 2021 година, цените на храната и безалкохолните пијалаци во Луксембург беа 25% над просекот на ЕУ, додека во Романија беа 31% под просекот на ЕУ. Безалкохолните пијалаци беа поскапи во Данска со 39% над просекот на ЕУ, а поевтини во Романија со 22%. Алкохолот во Финска беше по цена од 119% над просекот на ЕУ, додека цените во Унгарија беа пониски за 17%. За тутунот, највисоки цени се забележани во Ирска (145% над просекот на ЕУ), додека најниски се забележани во Бугарија (50% помиски)“, се вели во последниот Извештај на Еуростат објавен во јуни годинава.
Швајцарија е најскапа земја за храна, Норвешка за безалкохолни пијалаци, Исланд за алкохолни пијалаци и Ирска за тутун во групата од 36 земји-учеснички. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург е најскапа земја за храна, Данска за безалкохолни пијалаци, Финска за алкохолни за пијалаци и Ирска за тутун. Најевтините земји од сите 36 се Турција за храна, безалкохолни пијалаци и тутун, а Македонија за алкохолни пијалаци. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најниски цени за храна и безалкохолни пијалаци се забележани во Романија. Алкохолните пијалаци се најмалку скапи во Унгарија, а тутунот е најмалку скап во Бугарија.
Вариjацијата на цените е најизразена во рамките на групата од 36 земји, вклучувајќи ги и земјите од ЕФТА и земјите од Западен Балкан со главно ниски цени. Дисперзијата на цените е многу помалку изразена во еврозоната отколку во ЕУ како целина. Најниска ценовна дисперзија е забележана за безалкохолните пијалаци, а највисока за тутунот, главно поради големите разлики во акцизата на вториот во 36-те земји.
Потрошувачка кошничка: безалкохолни пијалоци
Цените на лебот и житарките, месото, рибата и на млечни производи
Резултатите од истражувањето исто така даваат увид во различните подгрупи производи за сите земји учеснички. Во оваа подгрупа се претставени цените на леб и житарки, месо, риба и на млечни производи.
Меѓу сите 36 земји, Швајцарија покажува највисоко ниво на цени на лебот и житариците, на месото и на рибата. Исланд е најскапата земја за млечни производи (млеко, сирење и јајца). Во рамките на ЕУ, Данска е најскапа земја за леб и житарки и за риба, Луксембург за месо, додека Кипар е најскапа за млечни производи (млеко, сирење и јајца).
Меѓу сите 36 земји, Турција е најевтина земја за леб и житарки, за месо и за риба. Најниско ниво на цени за млечните производи (млеко, сирење и јајца) се забележани во Полска. Меѓу земјите-членки на ЕУ, најниски нивоа на цени на лебот и на житариците се забележани во Романија. Рибата има најниско ниво на цени во Бугарија, додека Полска е најмалку скапа земја за месо и за млечни производи.
Нивото на дисперзија на цените е прилично слично помеѓу овие четири подгрупи. Месото покажува највисока дисперзија на цените во сите групи земји. Во рамките на ЕУ, најниска ценовна дисперзија има кај млечните производи (млеко, сирење и јајца).
Цените за масла и масти, овошје, зеленчук, компири и други прехранбени производи
Меѓу сите 36 земји, највисоки цени на маслото и на мастите се забележани во Швајцарија. Норвешка има највисоко ниво на цени за овошјето, зеленчукот и компирот и за другите прехранбени производи. Македонија има најниско ниво на цени на маслото и на мастите, Турција е најевтина земја за овошје, зеленчук и компир и за други прехранбени производи. Меѓу земјите-членки на ЕУ, Малта е најскапа земја за масла и масти, Луксембург за овошје, зеленчук и компири и Данска за друга храна. Италија е најмалку скапа земја за масла и масти, Романија за овошје, зеленчук и компири, а Полска за друга храна.
Во рамките на овие 3 подгрупи, највисока дисперзија на цените може да се забележи кај овошјето, зеленчукот и кај компирот.
Во истражувањата на Еуростат се посочува дека најниско ниво на цени меѓу сите земји е забележано во Турција, додека Бугарија е најевтината земја-членка на ЕУ.
Во продолжение на текстот, ќе изнесеме интересни податоци за цената на храната во неколку земји што ги одбравме од најголемата база за цените на храната во светот – Нумбео. Оваа база овозможува да гледате, да споделувате и да споредувате информации за цените на храната низ светот. Оттука може да направиме споредба на цените на храната во Македонија со други земји од светот.
Цени во Македонија
Извор: Нумбео
Овие цени ќе ги споредиме, на пример, со соседна Албанија, земја што не е член на ЕУ и која заедно со Македонија треба да ги почне преговорите. Дополнителен интерес за цените во оваа земја би имале македонските граѓани што ја бираат Албанија како дестинација за одмор.
Цени во Албанија
Извор: Нумбео
Во следната табела ќе ја споредиме Хрватска, членка на ЕУ. Од оваа табела може да заклучиме дека цените не се многу повисоки од Македонија, а Хрватска секако има и повисок животен стандард.
Цени во Хрватска
Извор: Нумбео
За оние кои имале можност да ги посетат Соединетите Американски Држави, не често се враќаат со богат шопинг во однос на гардероба, брендирани парчиња, козметика, за кои велат дека е поевтино од кај нас. Но какви се цените на храната може да погледнете од табелата подолу.
Цени во Соединетите Американски Држави
Извор: Нумбео
Дали сте се заинтересирале некогаш какви се цените на храната во Русија, посебно во време кога оваа земја пред неколку месеци изврши воена агресија врз Украина. Според податоците на Нумбео, сите производи што се земени како урнек се повисоки од цените во Македонија.
Цени во Русија
Извор: Нумбео
Во следната табела ќе направиме споредба на цените во Австралија, на пример, со оглед на тоа што во минатото, а и денес, многу наши граѓани емигрираат токму во оваа земја.
Цени во Австралија
Извор: Нумбео
Во оваа анализа, за споредба, ќе ги објавиме и цените во Катар, земја со висок стандард на живеење и една од најбогатите земји во светот.
Цени во Катар
Извор: Нумбео
Инаку, цените на храната во месец март го достигнаа највисокото ниво на сите времиња, а се забележа благ пад во мај, напиша во својот извештај Организацијата за храна и земјоделство на ОН.
Во март цените на храната во светот го достигнаа највисокото ниво на сите времиња бидејќи руската инвазија врз Украина предизвика потреси на пазарите на основни житарки и растителни масла, а благо паднаа во мај, втор месец по ред, иако цените на пченицата и живината пораснаа, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО).
ФАО уште во 2013 година даде црни прогнози за цените
Токму оваа организација во 2013 година прогнозираше дека во светски рамки ќе има фрапантен раст на цените на храната за 40%, што и се случи.
Според Државниот завод за статистика, пак, храната во Македонија поскапела за 21% за една година, а најмногу поскапеле лебот и житата за дури 31%.
Ќе има ли поевтинување?
Последните сигнали од коморите и компаниите се дека е можно намалување на цените на житарките по позитивните сигнали за постигнување договор меѓу Украина и Русија за извоз на житото. Ако се реализира овој договор, може да доведе до намалување на цените на овие земјоделски производи. Ова го информираа од Сојузот на стопански комори, од каде што велат дека освен житарките, можно е поевтитинување на производите од жито, брашното, лебот, печивата.