Воздухопловниот систем се бори со сета сила да опстане

Воздухопловниот систем се бори со сета сила да опстане

Анализите покажуваат дека 2020 година воздухопловниот сектор ќе ја памети како најтешка година. Со стартот на пандемијата КОВИД-19 и со зголемувањето на здравствените заштитни мерки во европските земји, воздухопловиот систем беше меѓу првите сектори што забележаа драстичен пад. Според официјалните податоци на ЕУРОКОНТРОЛ објавени во нивниот извештај „Think Paper #15“, бројот на летови на европското небо во 2021 во споредба со 2019 година се движел со пад од 64% во јануари и од 22% во декември. Во бројки тоа значи дека просечниот број летови во Европа во јануари изнесувал 9.241, а во декември 20.028 летови.

Според официјални податоци, авиокоманиите низ целиот свет за време на пандемијата и по неа го намалиле бројот на вработени за дури 400.000 работни места. Само во Европа, бројот на отпуштени достигнал над 190.000. Останатите вработени се соочувале со отказ ако не примат вакцина против Ковид.

Бројот на летови на стартот од 2021 година намален за неверојатни 64%

Европскиот цивилен воздухопловен систем ги брои загубите, но со сета сила се бори да опстане. Авиокомпаниите го намалија бројот на летови особено во оние земји каде што интересот за летање е помал. Тоа доведе и до отпуштања на вработени. Според официјални податоци, авиокоманиите низ целиот свет за време на пандемијата и по неа го намалиле бројот на вработени за дури 400.000 работни места. Само во Европа бројот на отпуштени достигнал над 190.000. Останатите вработени се соочувале со отказ ако не примат вакцина против Ковид.

Анализите покажуваат дека 2020 година воздухопловниот сектор ќе ја памети како најтешка година. Со стартот на пандемијата со КОВИД-19 и со зголемувањето на здравствените заштитни мерки во европските земји, воздухопловиот систем беше меѓу првите сектори што забележаа драстичен пад. Според официјалните податоци на ЕУРОКОНТРОЛ, објавени во нивниот извештај „Think Paper #15“, бројот на летови на европското небо во 2021 во споредба со 2019 година се движел со пад од 64% во јануари и од 22% во декември. Во бројки тоа значи дека просечниот број летови во Европа во јануари изнесувал 9.241, а во декември 20.028 летови.

Спас за секторот дојде веднаш по пуштање во употреба на вакцините против КОВИД-19. ЕУРОКОНТРОЛ наведува дека масовното вакцинирање на населението и воведувањето на дигиталните сертификати помогнале да се обезбеди раст на авиосообраќајот во текот на второто полугодие од 2021 година. Овие мерки според официјалните податоци во летниот период довеле до зголемување на бројот на летови и до реализирање на дури 73% од сообраќајот споредбено со истиот период во 2019 година, пред стартот на пандемијата. Но, сепак, стравот победил кај патниците, па авиосообраќајот 2021 година ја завршил со 44% помалку летови од реализираниот во 2019 година.

Во апсолутни бројки изгледа вака:

 Година     Реализирани летови
 2019  11,1 милиони 
 2020  5 милиони 
 2021  6,2 милиони 
Загубите на авиокомпаниите достигнале до 18,5 милијади евра

Загубите на авиокомпаниите достигнале до 18,5 милијади евра | извор: onmanorama.com

Олеснувањето на здравствените мерки, но и предвидливоста на болеста и на нејзиното ширење, доведе до одреден оптимизам кај патниците, а со тоа полека почнаа да се враќаат патувањата. Тоа им помогна на авиокомпаниите и на аеродромите кон крајот на 2021 година да опстанат, иако финансиските биланси на сите субјекти во овој сектор останаа на „црвено“. Загубите на европските авиопревозници во 2021 година изнесуваат околу 18.5 милијарди евра поради намалениот превоз на патници, односно за 1,45 милијарди помалку во однос на 2019 година. Според податоците од ЕУРОКОНТРОЛ, капцитетот на авионите се полнел од 50% до 60%, а тоа имало големо влијание врз нивната профитабилност. Најголем пад забележале големите авиокомпании.

Според податоците на македонската Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), на македонското небо во 2021 година биле реализирани околу 316.000 прелети. Тоа е намалување на 36% во однос на прелетите во 2019 година. Овие бројки предизвикале намалување на годишните приходи направени од прелети од 23%. Според АЦВ, во минатата година на двата македонски аеродроми, „Меѓународен аеродром“ во Скопје и „Св.Апостол Павле“ во Охрид, биле реализирани околу 14.000 полетувања и слетувања, што е за околу 7.000 или 23% помалку во споредба со 2019 година.

ЕУРОКОНТРОЛ за оваа година очекува да бидат реализирани околу 9,3 милиони летови на европското небо, а со тоа процентот да достигне до 84% од вкупниот број летови во 2019 година, која е земена како репер-година пред пандемијата. Овие прогнози ЕУРОКОНТРОЛ ги темели врз основа на анализите, сценаријата и на проекциите за движење на сообраќајот во следниот петгодишен период, а ги објави во октомври во 2021 година. Во нив има 3 сценарија.

1 сценарио (основно сценарио):

Достигнување на истото ниво на воздушен сообраќај од 2019 година кон крајот на 2024 година.

2 сценарио (оптимистичко сценарио):

Масовно вакцинирање на граѓаните на глобално ниво, брзо обновување на интерконтиненталните летови и укинување на сите ограничувања и заштитни здравствени мерки во државите на ЕУ. Бројот на летови од 2019 година може да биде достигнат на почеток на 2023 година.

3 сценарио (песимистичко сценарио):

Во услови на забавено вакцинирање на населението и на еднострано воведување нови построги заштитни мерки или други рестрикции за користење на воздушниот простор од земјите од ЕУ, нивотот на сообраќај од 2019 година ќе биде достигнато во 2027 година.

Но, најголеми очекувања ЕУРОКОНТРОЛ има за остварување на првото, односно основното сценарио. Според оваа институција, во 2023 година се очекуваат 10,5 милиони летови, во 2024 година – 11,1 милиони летови (или исто колку во 2019 година), во 2025 година – 11,3 милиони летови, во 2016 – 11,6 милиони летови и во 2027 година – 11,8 милиони летови.

Добрата вест е што работите се помрднуваат од мртвата точка. Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА) во мај донесе одлука да укине една од заштитните мерки, односно за време на летот патниците нема да мора да носат заштитна маска на себе. Маска се препорачува ако има патникот настинка. Европската агенција најави дека разгледува уште можности за намалување и на други заштитни мерки за авиосообраќајот.

Патниците се ослободени од маски за време на летот

Патниците се ослободени од маски за време на летот | извор: yeffrey groeneweg/afp

Според македонската АЦВ, иако делумното закрепнување на воздушниот сообраќај во 2021 година овозможи опстојување на поголемиот број од европските авиопревозници, аеродроми, производители на воздухоплови, даватели на аеродромски или навигациски услуги и другите субјекти од авиоиндустријата, оваа 2022 година ќе биде клучна за враќање на профитабилноста на овој сектор, како и за постигнување на напредок во оддржливоста.

„Во минатата година беше остварена широка меѓународна соработка за основните активности што треба да се преземат на глобално ниво, во услови на тешка и на непредвидлива здравствена криза. На меѓународната заедница ѝ стана јасно дека не смее да ја пропушти можноста за развивање покоординирана и поефикасна меѓусебна соработка, за начинот на финансирање, регулирање и интегрирање на транспотниот систем, со цел да се постигне оддржливоста во услови на глобална криза“, вели Томислав Тунтев, директор на АЦВ.

за 10 дена откажани 240 летови

за 10 дена откажани 240 летови | извор: getty images

Токму тоа и се случува. По кризата дојде и војната со Украина, а тоа за овој сектор донесе уште повеќе тешкотии во работењето. Поради неможноста на компаниите да ги задржат сите вработени, аеродромите и авиокомпаниите работат со намален персонал. Тоа доведе до метеж, особено во перидот кога граѓаните одат на летен одмор. Според европските воздухопловни власти, се откажуваат дури две третини од вкупниот број летови. Некои авиокомпании објавија дека за 10-тина дена откажале дури 240 летови. Во нивното образложение се вели дека причина биле строгите мерки за прелети од страна на раководствата на аеродромите.

Авиокомпаниите имаат сериозен проблем со летовите во голем дел од земјите поради војната со Украина. Пренасочувањето за да се избегнат евентуални проблеми влијае врз бројот на прелети во Литванија, Полска, Естонија и Латвија. Повеќе прелети се реализраат во Ерменија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Image
Newsletter