Развојот на вештачката интелигенција отвора нови опции.
За некои ова е страшно, а за други нормално и потребно. Во светот кој брзо се развива, технолошкиот развој е незапирлив, но сѐ повеќе вештачката интелигенција ги менува образовниот систем и навиките на младите.
Студентите сѐ повеќе ги користат овие модерни алатки и за време на своето образование. Иако, новите иновативни алатки може да го поедностават процесот на учење, се јавуваат сомнежи за злоупотреба и автентичност на информациите. Почнавме да живееме во време кога е очигледно дека човечкиот мозок добива помош од компјутерите губејќи го стремежот за саморазвој.
Во оваа трка со иновациите, се губи и индивидуалниот имиџ кој секој човек сам си го гради и го негува низ животните циклуси. Да си уникатен во светот, да го поседуваш она што никој друг на планетата земја не го поседува е богатство наречено автентичност.
Да се фокусираме на развој на нашите силни страни и потенцијали, на позитивните релации и да научиме да ја користиме нашата најголема моќ – слободата на избор и одлучување!