Авиопревозниците ќе добијат државни пари да летаат од Македонија

Авиопревозниците ќе добијат државни пари да летаат од Македонија

Владата одлучи да им додели еден милион евра на авиопревозниците за да летаат од и во Македонија. Овие пари се наменети само за една година, а за наредните, секоја година ќе се прават нови пресметки колку пари ќе треба да се одвојат од буџетот. Оние компании што ќе победат на тендерот, ќе добиваат субвенции од државата во следните три години.

Годинава, согласно европските директиви, Владата заедно со Министерството за транспорт и врски донесе нов начин на распределба на парите. Првично разликата е во тоа што „Визер“ нема да има право да учествува во овој повик бидејќи досега неколку години по ред беше единствениот што победуваше на владините тендери. Од оваа година, парите ќе бидат распределени на повеќе авиопревозници. Право на учество имаат и авиокомпании што досега воопшто не учествувале, а од Министерството за транспорт и врски велат дека со овој повик се надеваат дека ќе привлечат нови авиокомпании што ќе оперираат на македонското небо.

„Овој јавен повик е во согласност со политиките на фер и на конкурентски услови согласно регулативата на Европска Унија. За нас е од исклучителна важност да привлечеме нови компании што ќе оперираат на нови дестинации“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Овој пат на новиот тендер има различни критериуми од претходните години.

Компаниите што ќе сакаат да конкурираат на јавниот повик, ќе треба да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да летаат најмалку два пати неделно. Финансиската поддршка ќе се доделува со рангирање на новите дестинации, и тоа според периодот на oперирање на дестинацијата. Исто така, важен е бројот на седишта, а приоритет ќе имаат оние авиокомпании што имаат можност за слетување на главните аеродроми во светските метрополи и кои досега никогаш не добиле финансиски средства од државата.

На овој повик има разлика и во цената што ќе биде исплатена за секој лет. Досега, во првата година за компанијата што слетуваше на аеродромот во „Св. Апостол Павле“ во Охрид ѝ беше исплаќано 13 евра по патник, во втората година 12 евра по патник, а во третата година 11 евра по патник. Компанијата што слетуваше на Скопскиот аеродром, во првата година добиваше 9 евра по патник. Дополнително, авиокомпанијата добиваше и 40 илјади евра еднократно за воспоставување нова линија до одредена дестинација.

Од оваа година, поради економската криза, ќе има нови пониски субвенции за авиокомпаниите.

„Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник од меѓународниот аеродром во Скопје и 4,5 евра по патник од аеродромот во Охрид. Целата постапка ќе се одвива на јавен и на транспарентен начин. Ќе избереме авиокомпании што ќе достават најдобри понуди во согласност со критериумите во јавниот повик. Нашата крајна цел е да обезбедиме раст на авиосообраќајот во земјава, а на граѓаните да им овозможиме атрактивни дестинации во согласност со нивните потреби по прифатливи цени на билетите. Во договорот ќе стои и дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок, за период колку што добивал државна поддршка“, појаснуваат од Министерството за транспорт и врски.

„Визер“ не добива субвенции од државата од 2020 година, но и понатаму лета на голем број дестинации од Скопје и од Охрид. Новиот договор за субвенционирање би ги обврзал авиокомпаниите да ги одржуваат летовите дури и откога ќе заврши периодот на субвенционирање.
Како досега се распределуваа средствата на авиокомпанијата „Визер“, која беше единствената што добиваше пари од буџетот? Еве колку пари му се исплатени за субвенции од државниот буџет од 2019 година до 2022 година на авиопревозникот „Визер“:

 Година  Исплатени субвенции (ден)
 2019  66.584.935 
 2020  21.098.924
 2021  10.475.649
 2022  

 

Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 19 јануари 2023 година. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се случува на 20 јануари.

Инаку, согласно зимскиот распоред на летови што стапи во сила на 30 октомври, од Скопскиот аеродром има достапност до вкупно 41 дестинација, до каде што ќе летаат 13 авиокомпании, а на Охридскиот аеродром има седум редовни дестинации од четири авиокомпании. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава, се превезени над 1,8 милиони патници и се реализирани 14.823 летови.

Владата очекува авиосообраќајот во 2023 година да го достигне и да го надмине бројот од 2,7 милиони превезени патници, како што беше пред пандемијата со Ковид-19, во рекордната 2019 година. Дополнително, очекуваат и дека патувањата до нови дестинации во Европа и во светот ќе донесат можности за понатамошен економски развој и за унапредување на туризмот, како и за запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис-секторот од нашата држава со тие од други држави.

ТАВ неодамна ја зголеми аеродромската такса од 10 на 13 евра, па и тоа ја зголемува цената на авиобилетите.

Владата очекува во 2023 година да се надмине бројот на патувања од и во Македонија

Владата очекува во 2023 година да се надмине бројот на патувања од и во Македонија | извор: skpiarports

„Визер“ не добива повеќе субвенции од државата

На претходните три повици распишани од Владата победуваше унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, која беше единствена што добиваше субвенции за воведување нови летови од македонските аеродроми. Но, годинава, со промените што ги најавуваат надлежните, договорот со нискобуџетниот авиопревозник „Визер“ е истечен. Унгарската компанија во моментов веќе врши превоз без субвенции од државата. Оваа, година по истекот на договорот, „Визер“ продолжува да оперира затоа што веќе има воспоставено линии без субвенции од државата. Инаку, унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ доминира во воздухопловниот сектор во Македонија, со удел од над 60% или близу милион патници од вкупниот број превезени патници годишно во авиосообраќајот.

Од годинава прекина да ги оперира авионските линии од Скопје и од Охрид до четири европски града – Турку, Торино, Билунд и Фридрихсхафен. Македонија повеќе нема да има редовна авиолинија до Финска. Летовите за Турку беа воведени во 2019 година, додека за Билунд во декември во минатата година. Се укина и линијата од Охрид до Фридрихсхафен, лет што беше воведен во минатиот декември. Авиопревозникот ги укинува и летовите меѓу Шарлроа и Љубљана, Белград и Хан и меѓу Тузла и Ваксјо.

Концесионерот на македонските аеродроми ТАВ стравува да не му се случи таканареченото „сараевско сценарио“ кога „Визер“ речиси без најава ја затвори базата во главниот град на Босна и Херцеговина, што придонесе за драматичен пад на сообраќајот и за намалување на приходите.

Осло - Скопје, нова авиолинија од јуни на скопскиот аеродром

Осло - Скопје, нова авиолинија од јуни на скопскиот аеродром

Нова авиолинија од јуни на скопскиот аеродром: Осло – Скопје

„Норвиџиан ер шатл“ ( Norwegian Air Shuttle) од идното лето ќе оперира над македонското небо. Ќе стартува со лет до Осло од јуни од скопскиот аеродром, а ќе лета до август 2023 година. Норвешката авиокомпанија ќе има лет два пати во неделата, а летот ќе трае 3 часа. Авиокомпанијата индиректно ќе се натпреварува со „Визер“, кој оперира меѓу Скопје и Сандефјорд.

„Кроација ерлајнс“ доби финансиска инјекција од 39.5 милиони евра

„Кроација ерлајнс“ доби финансиска инјекција од 39.5 милиони евра | извор: Croatia Airlines

Хрватска обезбеди финансиска инјекција за „Кроација ерлајнс“ од 39,5 милиони евра

Хрватската влада го зголеми својот капитал во „Кроација ерлајнс“. Властите одлучија да ѝ дадат 39,5 милиони евра на авиокомпанијата. Со тоа, основниот капитал на хрватската авиокомпанија треба да се зголеми на 123 милиони евра. Зголемувањето на капиталот ќе се изврши врз основа на Договорот за инвестирање помеѓу Хрватска и „Кроација ерлајнс“, со паричен придонес и со издавање обични акции. Државата има 98% од акциите во авиокомпанијата.

Инаку, „Кроација ерлајнс“ пријави загуба од 13,1 милион евра во првите три квартали од 2022 година. Во периодот пред пандемијата, се жалеше на загуба од 6,5 милиони евра. Но, во меѓувреме авиокомпанијата нарача нови шест авиони „Ербас А220“. Експертите коментираат дека договорот меѓу хрватската влада и компанијата е токму поради најавените нови инвестиции во „Кроација ерлајнс“ како дел од нејзината постковид-стратегија, но и поради новите цени на нафтата на светските берзи.

„Направени се значителни позитивни чекори во споредба со 2021 година, меѓутоа, зголемувањето на цените на горивото значително влијае врз оперативните трошоци, како и на износот на готовинскиот одлив. Продолжувањето на војната во Украина и непредвидливата природа на пандемијата продолжуваат да имаат големо влијание врз побарувачката и, следствено, врз приходот“, се вели во официјалното соопштение од компанијата.

Image
Newsletter