Македонското небо ќе се збогати со нови авиолинии

Македонското небо ќе се збогати со нови авиолинии

Кратко траеше ентузијазмот на македонскиот народ дека токму овој јуни, после 16 години, конечно ќе се отвори патот за старт на пристапните преговори на земјава со Европската унија. Разочараноста е дотолку поголема и поради фактот што голем број европски челници, но и светски лидери испратија јасни сигнали дека Македонија повеќе нема време за чекање и оти мора итно да добие зелено светло за влез во големото европско семејство. Европскиот Самит за Западен Балкан заврши исто толку брзо како што почна, без заклучок за земјите аспиранти.

Анталија, Измир, Сплит и Белград, се само дел од новите дестинации до каде ќе  можат да летаат македонските граѓани. Сан експрес, Кроација ерлајнс и Ер Србија ќе оперираат од скопскиот и од охридскиот аеродром. По две исклучително тешки години за воздухопловната индустрија низ светот и по почетокот на периодот на закрепнување од пандемијата, патувањата полека се вратија во нормала, а со тоа и компаниите одлучија да направат чекор напред со нови договори за летање. Овој сектор е одлучен да закрепне, а со тоа полека да го врати и својот профит. 

Српскиот авиопревозник кој ќе стартува од јуни, излезе и со официјална најава до македонските медиуми. Потврди дека од ова лето ќе оперира неколку пати во текот на неделата и ќе ја обнови авиоконекцијата меѓу Белград и Охрид. 

„ТАВ како аеродромски оператор секогаш топло ги пречекува одлуките на авиокомпаниите за нови или за обновени авиолинии и летови. Среќни сме што Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид повторно ќе ја додаде оваа авиолинија во својата мрежа и ќе го опслужува летот Белград-Охрид-Белград, на кој ќе лета Ер Србија, откако беше стопиран во 2017 година. Оваа авиоконекција ќе значи дека туристи од Србија ќе можат да патуваат до Охрид со авион и да ги посетат околината и регионот на Охридското Езеро на побрз и на поудобен начин. Понатаму, оваа линија дополнително ќе отвори нови дестинации за нашите граѓани и за луѓето во гравитациската зона на охридскиот регион, бидејќи Ер Србија лета до преку 70 дестинации во Европа, Медитеранот, Северна Америка, Азија и Африка, што претставува уште една предност и погодност за нашите патници“, изјави Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија. 

Но, тука не застануваат новите можности за граѓаните. Со летниот ред на летање се очекува својата линија да ја обнови авиокомпанијата Флај Дубаи, која повторно ќе оперира до атрактивниот Дубаи. За сезоната што следува се најавени дополнителни чартер-летови од досега реализираните од страна на холандски туроператори. Исто така, директен чартер ќе има од Скопје до Манчестер и до Лондон. Како нови дестинации во јавноста се споменуваат и Катовица, Полска, како и Скопје-Тел Авив. Но, сите овие нови летови засега се само најава, а се очекува да стартуваат со летниот ред на летање, кој почнува на 26 март.

„Кога станува збор за авиолинии и авиокомпании од Блискиот Исток, тие сѐ уште не се обновени. Меѓутоа, ТАВ Македонија прави навистина големи напори и интензивно работи на можностите за враќање на овие линии. За оваа цел, на наша иницијатива, односно во организација на ТАВ Македонија, веќе беше остварена посета во Дубаи, со цел да го презентираме потенцијалот на овие линии, а иницијативата ја поддржа и македонската амбасада во Абу Даби“, објаснуваат од ТАВ Македонија. 

Овие нови договори со авиокомпаните, откако ќе бидат обновени, не само што ќе бидат од голема корист за македонските граѓани, туку ќе придонесат и за домашниот бизнис. Со директни летови ќе пристигнат и нови гости од тие дестинации, а со нив се очекува најмногу да заживеат хотелиерството и угостителството. Првиот човек на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски за  Магазинот за туризам и менаџмент изјави дека очекува овие сектори да го дадат најдоброто од себе и да остават добар впечаток пред странските гости, за да ги привлечат повторно да ја посетата нашата земја. 

„Побрзото патување и конекцијата до различните дестинации ќе значи многу, пред сѐ за авиоиндустријата во Македонија. Ќе се скрати времето на патување, а ќе се воспостават поголем број туроператори, со што ќе се направи директно поврзување до одредени дестинации. Со поголем број воспоставени линии, гостите од различни европски земји нема да бидат ретка слика во нашата земја, туку секојдневие. Со тоа хотелскиот и угостителскиот сектор ќе имаат повеќе предизвик да ги приспособат условите и да ги подобрат услугите, за да станат поконкурентни во својата област“, вели Јаневски.

Во моментов од Македонија има директни летови кон 36 дестинации. Според последните податоци на ТАВ Македонија, преку двата аеродроми минатата година патувале 2,4 милиони патници, а биле реализирани близу 20.000 летови. Од аеродромскиот оператор велат дека 2022 година речиси го врати оптимизмот со оглед на тоа дека биле реализирани патувања близу колку годината пред пандемијата.

Меѓу атрактивните дестинации за македонските граѓани се Милано, Лондон, Истанбул, Париз. Атина и Истанбул, пак, се две клучни дестинации што најмногу од сите останати се користат како точка за пристигнување до подалечни дестинации. 

Еве кои се топ-пет земји со најголема фреквенција, од скопскиот аеродром во текот на целата 2022 година:

 Германија

 Удел: 24%

 Турција

 Удел: 1,1%

 Швајцарија

 Удел: 14,2%

 Шведска

 Удел: 6,9%

 Австрија

 Удел: 6,2%

ТАВ Македонија очекува нови линии со летниот ред на летање

ТАВ Македонија очекува нови линии со летниот ред на летање | Извор: ТАВ Македонија

Следната табела ги прикажува дестинациите со најголема фрекфенција од охридскиот аеродром во текот на изминатата година:

 Виена 

 Удел: 18%

 Базел 

 Удел: 15.9%

 Цирих 

 Удел: 11,9%

 Меминген 

 Удел: 11%

 Малме

 Удел: 10,8%

 Фридрихсхафен

 Удел: 8,7%

 Дортмунд

 Удел: 8,6%

 Амстердам

 Удел: 8,3%

 

Новите потврдени авиолинии за следниот период досега се на авиокомпанијата Луфтханза, која најави дека ќе почне да сообраќа од Меѓународниот аеродром Скопје со 10 фреквенции неделно до Франкфурт, велат од ТАВ Македонија. 

 Завршува една ера, по повеќе од педесет години од првиот лет, Боинг го испорача последниот 747.

Испорачан последниот Боинг 747

Испорачан последниот Боинг 747 | Извор: Forbes

Боинг и официјално се збогува со оригиналниот џамбо-џет Боинг 747. Првиот лет на овој софистициран авион е направен во 1969 година. Авионот што го нарекувале пред повеќе од 50 години „кралица на небото“ и кој значел најголем луксуз во своето време, сѐ уште им служи на американските претседатели. Постојната флота ќе продолжи да лета во наредните децении, но со прекин на производството. 

Овој настан наменет за збогување беше прикажан како многу емотивен за раководството на компанијата и за сите познаници на цивилното воздухопловство. Неговото големо значење беше одбележано заедно со илјадници сегашни и поранешни вработени во фабриката на Боинг во Еверет, Вашингтон. 

„Големината, опсегот и ефикасноста на авионот ѝ овозможија на средната класа да патува надвор од Европа или од САД по прифатлива цена, дури и за време на енергетските шокови во 1970-тите. Тоа го отвори светот“, рече Мајкл Мерлуцо, директор за воздухопловна и за одбранбена анализа во консултантската компанија Еар.

Боинг произведе вкупно 1.574 авиони 747. Но, млазниот авион остана во сенка на поновите модели, кои летаат поефикасно и трошат помалку гориво.

На повик на Пан Американ Ервејс, Боинг почна да планира авион што може да превезува значително повеќе патници. Во прво време, инженерите замислиле авион со два трупа, но ја напуштиле идејата поради загриженоста за евакуација на патниците. Овој авион бил првиот што бил дизајниран со две патеки меѓу седиштата. 

747 остана најголемиот патнички авион до пристигнувањето на Ербас 380.

Авионот на американските претседатели од 1990 година, 747, се очекува да ги продолжи своите официјални должности за Белата куќа во догледна иднина, со два авиона Еар форс уан.

 Секој трет лет доцнел минатата година во Европа

Кризата – клучна причина за доцнење на летовите на европските авиокомпании

Кризата – клучна причина за доцнење на летовите на европските авиокомпании | Извор: Fraport

Во Европа, во текот на целата измината година, голем број летови сообраќале со доцнење. Секој трет патнички авион не тргнал на време, покажало истражувањето на германската компанија „ЕрХелп“, која се занимава со правата на патниците. Доцнењето и прекинот на летовите влијаеле врз околу 244 милиони луѓе во Европа што патувале ланската година. Доцнењето станало сѐ почесто бидејќи авиокомпаниите не го достигнале прометот како пред нивото на пандемијата. Томаш Павлизин, шеф на „ЕрХелп“ смета дека станало јасно, особено за време на летниот период, дека аеродромите и авиокомпаниите не се подготвени да го зголемат или да го добијат истиот промет како тој пред да почне пандемијата со Ковид-19.  

Image
Newsletter