И дома и во странство, плодна пролет на меѓународна сцена – „Време е зборовите да станат делa“

Партнерството и сојузништвото меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави остануваат клучни. | Извор: МНР

По дваесет години како земја кандидат за членство во ЕУ, чекориме по пат што постојано се менува, станува потежок и помалку предвидлив. Но, ние не се откажуваме. Веруваме во Европската Унија, веруваме во европските вредности и веруваме дека нашето место е во европското семејство. Време е за одлуки, а не за нови одложувања. Време е зборовите да станат дела, а процесот на проширување да стане реалност.“ Ова е пораката, но и визијата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој битката за европската иднина на нашата земја неуморно ја води. Од Македонија, до Јапонија, потоа преку Европа, до Соединетите Американски Држави. Само во мај, Муцунски остварил официјални средби со над дваесетина високи претставници во светот. Меѓу нив, државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, потоа високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, како и со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива, Франко Дел Мас. Целта е зголемување на билатералните односи и поддршка за европските интеграции на Македонија.

Партнерството и сојузништвото меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави остануваат клучни, гледајќи ја нашата земја како значаен фактор за регионалната стабилност. Нашата држава е подготвена за следните чекори во рамките на Стратешкиот дијалог и меѓусебната соработка со најголемата светска сила. Поддршката дојде директно од државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, со кого во Вашингтон се сретна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

„Уште еднаш ја потврдивме силната стратешка поврзаност меѓу двете земји, заедничката заложба за регионалната стабилност, нашата европска интеграција, како и инвестициите во безбедноста и одбраната како сојузници во НАТО“, рече шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски по средбата со државниот врв во Белата куќа.

Во духот на зајакнатото партнерство, поддршката од САД продолжува со засилен интензитет, особено во реформските процеси, зајакнувањето на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Во време на сложени безбедносни предизвици со кои се соочува светот, заклучивме дека од клучно значење е да продолжиме да работиме на одржување на мирот, стабилноста и просперитетот на глобално ниво“, истакна министерот Муцунски по средбата.

Посетата на Соединетите Американски Држави, Муцунски ја искористи за уште една средба со Џејмисон Грир, трговски претставник во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Во фокусот на средбата беше унапредување на билатералната трговска размена и отворање нови можности за економска соработка меѓу двете земји.

„Важно е да истакнам дека постигнавме конкретен напредок во преговорите за намалување на тарифите, како и во дефинирањето на следните чекори кон потпишување Договор за слободна трговија“, информира министерот Муцунски преку социјалните мрежи по средбата.

Еден од клучните дипломатски чекори беше и првиот дијалог за безбедност и одбрана помеѓу Европската Унија и Македонија, во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана потпишано во ноември 2024 година, кој се одржа во Скопје. Состанокот официјално го отворија министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, високата претставничка на ЕУ, Каја Калас, а обраќање имаше и министерот за одбрана Владо Мисајловски. Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика оствари средба и со премиерот Мицкоски.

„Патот до членството не е лесен, но останете во тој правец, преземете ги чекорите кои водат до отворање на поглавјата, а ние како ЕУ ќе ѝ даваме поголема поддршка на Македонија. Напредокот може да е брз само ако за тоа има политичка волја. Ние веруваме дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е најдобар рецепт за мир во регионот“, изјави Калас на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски повтори дека евроинтеграциите треба да се темелат на европски вредности, а не на билатерални прашања.

„Ние припаѓаме во ЕУ затоа што со децении градиме општество со демократски вредности, вложуваме, се жртвуваме, со надеж дека трудот ќе биде препознаен. Ние сме подготвени, ЕУ може да смета на нас, но сега е време и ние да сметаме на ЕУ. Имаме право од појасна потврда од самата ЕУ, оти не сите земји се однесуваат во европскиот дух. Затоа побарав фер третман, побарав Европа да покаже лидерство, да се врати европската верба кај младите, да покажаме дека ЕУ за нас не е затворена, туку е жива визија“, рече Мицкоски.

Особено значајна за земјава е и средбата на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со генералниот секретар на Централноевропската иницијатива, Франко Дел Мас, во рамките на неговата регионална посета на земјите членки на Иницијативата. Министерот Муцунски и генералниот секретар Дел Мас разменија мислења и за актуелните политички и безбедносни предизвици во Европа, со посебен акцент на процесот на проширување на Европската Унија, ситуацијата во Украина и потребата од постигнување траен мир и стабилност.

Поддршка за евроинтеграцискиот процес на државата е побарана и од Шведска. По средбата на шефот на македонската дипломатија со домаќинката – министерката за надворешни работи Мариа Малмер Стенергард, уследи и средба со министерката за европски прашања на Кралството Шведска, Џесика Розенкранц, кои истакнаа дека земјата е силен поддржувач на проширувањето на Унијата и дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат партнерските земји, како Македонија, со која имаат одлични билатерални односи. Шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски информира и за реформските процеси во земјата, со посебен акцент на Планот за раст, реформата на правосудниот систем и имплементацијата на европските стандарди. Министрите разменија мислења и за актуелните геополитички состојби во Европа и регионот на Западен Балкан.

За време на посетата на Кралството на Скандинавскиот Полуостров, министерот Тимчо Муцунски се сретна со државниот секретар за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија на Шведска, Хакан Јеврел. Автомобилската, одбранбената и фармацевтската индустрија беа претставени како клучни сектори со сериозен инвестициски потенцијал. Двете страни разговарале и за конкретни чекори што би придонеле кон привлекување нови шведски инвестиции.

Владата е определена за спроведување на реформите, и покрај сите предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија, посочи Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на средба со Михаел Рајфенштуел, директор за Југоисточна Европа, Турција, ОБСЕ и Советот на Европа во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Владата е определена за спроведување на реформите и покрај сите предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија. | Извор: МНР

Владата е определена за спроведување на реформите и покрај сите предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија. | Извор: МНР

Американскиот професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Едвард Џозеф, во текст објавен во елитниот политички магазин „Форин полиси“ ги повика САД и Велика Британија да го гарантираат македонскиот идентитет.

„Екстремниот бугарски национализам има една сеопфатна цел: да го негира македонскиот идентитет. Решението е САД (и сојузниците како Обединетото Кралство, кои би можеле да го следат водството на Вашингтон) да склучат билатерален културен договор со Македонија што го потврдува македонскиот идентитет. Договорот би можел да биде склучен брзо според неодамна отворениот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија“, предлага американскиот професор Едвард Џозеф, во текстот насловен „Како може Бајден да ги спречи лојалистите на Путин во Бугарија“.

Според Џозеф, клучниот текст би се темелел на членот 7 од Договорот од Преспа, според кој „Владата на САД едноставно 'ќе признае дека македонскиот народ има своја историја, култура, наследство и македонски јазик' – токму таков идентитет каков што бугарските националисти сакаат да го избришат“. Со ова, смета тој, ќе се ослабат пропутиновите сили во Бугарија, како што е претседателот Румен Радев.

„Со обезбедување силна политичка одбрана на идентитетот на Македонија – слична на робусна воена помош за одбрана на територијата на една нација – Бугарија би се соочила со реалноста: бесмислената залудност на нејзината мисија. Како што Путин не може да ги убеди Украинците дека се навистина Руси, Радев и компанија не можат да бараат Македонците да го започнат процесот на предавање на својот идентитет на Бугарија“, вели Џозеф.

Муцунски на повеќе од дваесетина средби со високи претставници во светот. | Извор: МНР

Муцунски на повеќе од дваесетина средби со високи претставници во светот. | Извор: МНР

„Особено ја цениме принципиелната и континуирана поддршка што Австрија ја дава на европската перспектива на нашата држава и на целиот регион. Како носител на групата земји ‘Пријатели на Западен Балкан’, Австрија игра клучна улога во држењето на проширувањето високо на агендата на ЕУ“, истакна министерот Муцунски во обраќањето пред медиумите.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше домаќин и на неколку странски амбасадори во земјава, меѓу нив на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, амбасадорот на Унгарија, Андраш Клеин, и со вршителот на должност во Амбасадата на Државата Катар, Рашид Саед Ал-Кајареен. На средбите, соговорниците се осврнаа на одличните билатерални односи, интензивниот политички дијалог и развиената секторска соработка. Беше нагласена потребата за интензивирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво.

Муцунски: „Австрија игра клучна улога во држењето на проширувањето високо на агендата на ЕУ.“ | Извор: МНР

Олаф Шолц - Канцелар на Сојузна Република Германија

Но, како и за секоја земја, така и за нашата особено се важни финансиите и трговските партнери. Јапонија беше прва на листата на дипломатијата оваа пролет. Земјата е еден од најзначајните билатерални донатори на нашата држава, со вкупна помош која надминува 430 милиони евра. Така, на почеток на месецот, во рамките на работната посета на Јапонија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со Шохеј Хара, заменик-претседател на Јапонската агенција за меѓународна соработка, надлежен за соработка со Европа. Во фокусот на разговорите беа важни и клучни прашања за понатамошната соработка, во делот на развојната и техничка помош која јапонската влада во континуитет ѝ ја дава на Македонија преку финансирање проекти и програми во разни области.

„Јапонија е значаен економски партнер на Македонија, а нашата држава нуди одлични услови како стабилна и конкурентна дестинација за инвестиции и трговска соработка“, посочи владината делегација во Токио на средбата со Сусуму Катаока, претседател на Јапонската надворешна трговска организација.

Image
Newsletter