Македонија има голем потенцијал за економски развој и сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар за инвестирање

АНТЈЕ ВАНДЕЛТ, директорката на Германската стопанска комора во Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство, надлежна за Албанија и за Косово

АНТЈЕ ВАНДЕЛТ, директорката на Германската стопанска комора во Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство, надлежна за Албанија и за Косово

Логистичката поврзаност со Германија, инфраструктурата, цената на енергија, програмите за финансиска поддршка кои ги доделува Владата, достапноста на стручна работна сила, висината на даноците, се прашањата за кои најмногу се интересираат потенцијалните  германски инвеститори , вели во разговор за Магазинот за туризам и менаџмент,  директорката на германската стопанска комора, Антје Ванделт. Македонија има голем потенцијал за економски развој и  сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар за инвестирање., вели директорката на комората, дел од мрежата на  германски комори во странство, надлежна за Албанија и Косово.

Македонија, вели Ванделт може да се пофали и со тоа дека е мошне безбедна земја во однос на криминалот, работната култура во земјата е европска, а етика кај македонскиот народ е мошне висока.

ВАНДЕЛТ: Германските инвеститори во земјата се најголеми странски инвеститори и по основа на капиталот и по основа на работните места кои ги имаат отворено.

Во Скопје се одржа вториот SUBEX- Suppliers Balkan Expo, платформа која треба да ја подобри соработката меѓу компании од Германија, ЕУ и регионот на Југоисточна Европа. Дали настанот ги исполни вашите очекувања?

Настанот Suppliers Balkan Expo привлече голем број на компании од Германија, ЕУ и регионот. Оваа година на повеќе од 600 гости им посакавме добредојде, сите седум панел дискусии беа одлично посетени, а истовремено се одржуваше саем на кој се претставија повеќе од 30 компании изложувачи, како и саем за вработување и кариера.

На Suppliers Balkan Expo се одржаа повеќе од 250 Б2Б состаноци. Иако помина веќе еден месец откога се одржа настанот се уште стигаат позитивни коментари од страна на компаниите и партнерите.

Оваа година регионалното вмрежување за компаниите беше оценето како мошне значајно, голем број на домашни компании воспоставија контакти со инвеститори кои се лоцирани и низ регионот.

Настанот од секој аспект го сметаме за мошне успешен, фокус беше ставен на актуелни теми кои го засегаат стопанството.  

На почетокот на својот мандат изјавивте дека ќе се залагате за подобро позиционирање на компаниите од Македонија во глобалниот синџир на снабдување и дека  по кризата со пандемијата и војната во Украина, земјата може да ја искористи географската близина до Германија. Има ли некакви активности во оваа насока?

Брзо по моето доаѓање во земјата задно со ТИРЗ организиравме тркалезна маса пред потенцијални германски инвеститори во германската комора во Франкфурт. Присуствуваа повеќе од 25 компании, кои поставува конкретни прашања за пазарот, најмногу ги интересираше логистичката поврзаност со Германија, инфраструктурата, цената на енергија, програмите за финансиска поддршка кои ги доделува Владата, достапноста на стручна работна сила, висината на даноците. Оваа недела сум во Штутгарт, Франкфурт и Диселдорф каде повторно пред германски компании ќе ја претставам земјата и регионот добавувачи. Сметам дека директното претставување на потенцијалот кој го нуди македонскиот пазар пред германски компании е конкретна мерка која ја презема нашата канцеларија. За овие 6 месеци колку што сум во земјата можам да посочам и конкретни примери за голем број на германски инвеститори кои во изминатите две години ја отвораат својата втора фабрика во земјата, го дуплираа бројот на вработени.

Секоја година ги објавувате резултати од Анкетата што ја спроведувате помеѓу вашите членки и поплаките секогаш се однесуваат на  корупцијата, правната сигурност, јавната администрација и пристапот до работна сила. Дали од година во година со потенцирањето на проблемите со кои се соочувате, состојбата се подобрува, е статус кво или се влошува?

Темата за недостиг на стручен кадар е глобален проблем со кој не се соочува само Македонија, но може да заклучиме дека од страна на германските инвеститори кои учествуваат на анкетата за оценка на деловната клима во земјата која ја спроведува нашата канцеларија, квалификациите и мотивација  на стручните кадри се оценети со добри оценки.

Во врска со темата корупција, сметам дека таа повторно поинтензивно се тематизира, се надевам дека ќе се преземаат мерки, што поскоро да се стабилизира ова прашање. Сметам дека Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар за инвестирање, но и пазар каде може да се најдат голем број на компании добавувачи кои работата според високи стандарди.

Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство, надлежна за Албанија и Косово.

Антје Ванделт, директор на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германски комори во странство, надлежна за Албанија и Косово.

ВАНДЕЛТТрговска размена меѓу Македонија и Германија ќе расте.

Ниските плати и даноци секогаш беа потенцирани како компаративна предност на Македонија за привлекување странски компании. Но дали за германските инвестиции, тоа се најважните фактори во процесот на  носење одлука за инвестирање во земјава?

При носењето на одлука за инвестирање на нови пазари повеќе фактори земаат инвеститорите во предвид. Еден од клучните е логистичката поврзаност со Германија, инфраструктурата, цената на енергија во индустриското производство, програмите за финансиска поддршка на Владата, достапноста на стручна работна сила. Исто така Македонија може да се пофали и со тоа дека е мошне безбедна земја во однос на криминалот. Работната култура во земјата е европска, а етика кај македонскиот народ е мошне висока.

На сите средби на кои се сретнав со потенцијални германски инвеститори во Германија, но и инвеститорите кои веќе работат во земјата, на висината на платата не се гледа како на клучен фактор за носење на одлука за инвестирање и реинвестирање во земјата. 

На почетокот на вашиот мандат нагласивте дека ваш втор приоритет ќе биде ставен на дуалното стручно образование по германски модел. Дали во земјава има интерес за дуално стручно образование?

Ние како дел од мрежата на германски комори во странство сме во постојан дијалог со германските инвеститори. Пред седум години  ја препознавме потребата за воведување на дуално стручно образование по германски терк во македонската образовна програма. Наидовме на поддршка од германското Министерство за економија и клима кое финансиски го поддржуваше овој проект. Во меѓувреме 15 компании се наши партнери, како германски, така и македонски, но и други интернационални компании го сметаат германскиот модел како инвестиција за успех. Програмата ја спроведуваме во седум градови во 7 училишта. Повеќе од 400 ученици се моментално дел од програма за дуално стручно образование по германски терк.

Кои се вашите следни активности како комора, а во насока на подобрување на бизнис климата во земјава?    

Секојдневно сме во комуникација со германските инвеститори во земјата. Знаете дека тие се најголеми странски инвеститори и по основа на капиталот и по основа на работните места кои ги имаат отворено.

Преку нивните предлози за подобрување на условите за работа на пазарот, олеснување на процедури, забрзување на процеси како со инвеститорите сме и во постојан дијалог со Владата, каде заеднички се трудиме на најдеме решенија. Во моментов интензивно работиме на усогласување на царските стапки за компоненти кои се произведуваат во земјата со оние во ЕУ. Тука ќе има големи заштеди за компании, кои пак ќе бидат реинвестирани.

Интензивно се работи и на дополнување на законот за добивање на работни дозволи и дозволи за престој на инвеститори во земјата. Кој ќе олесни многу бирократски процедури.

Отворениот дијалог кој го водиме со инвеститорите и Владата сметам дека е од клучно значење за подобрување на состојбите во стопанството.    

Во периодот јануари – март 2023 година, според вкупниот обем на надворешно трговската размена, Република  Македонија најмногу тргувала со Германија. Дали има простор за зголемување на трговската размена?

Секоја нова германска инвестиција во земјата значи и зголемување на извозот кон Германија. Само за измината година можам да ги најбројам компаниите кои го зголемија своето производство како Кромберт и Шуберт, Костал, Гересхајмер, ОДВ Електирик, Киел, Дрекслемајер, Ипротекс, а веќе во 2024 очекуваме да започне со производство и БМЗ. Сево ова се показатели дека трговска размена ќе расте.  

Image
Newsletter