Mилошоски: Многу работи се минливи и менливи, но семејниот круг е трајната животна вредност

Mилошоски: Многу работи се минливи и менливи, но семејниот круг е трајната животна вредност

Одговорност на Македонија е тоа што пречесто европското знаменце се злоупотребува за покривање коруптивни и бизнис-интереси, што реформите се движат на хартија, а стагнираат во реалноста. Но, исто така, ЕУ е одговорна за недостигот од стратешка визија за регионот, вели поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски во интервју за Магазин за туризам и менаџмент.  Тој зборува за актуелните политички прашања, за евроинтерграцијата и за тоа кој е виновен за тоа што Македонија е долго време во чекалницата. Милошоски, кој е татко на пет деца, вели дека семејството е вистинската вредност во животот, а дека својата земја најубаво се раскажува низ детските приказни со кои растат неговите деца.

Македонија се подготвува за двојни избори. Дали очекувате достоинствена кампања и мирни избори?

Знаејќи колку често сегашниот технички премиер Талат Џафери го прекршуваше Деловникот како довчерашен прв човек на Собранието, навистина имам лична резерва околу капацитетот на Владата да создаде атмосфера за фер и демократски избори. Но, ВМРО-ДПМНЕ е партија со сериозно искуство во изборните процеси и ќе дадеме сѐ од себе да се минимизираат ризиците преку кои власта би можела да влијае врз изборната волја на гласачите.

Досега неколку пати го искажавте вашиот став дека не го прифаќате изборот на Талат Џафери за технички министер. Но, сепак, решивте да учествувате во техничката влада. Како ќе дејствувате во неа? Дали сметате дека ќе успеете да носите одлуки кои ќе бидат во интерес на граѓаните?

Талат Џафери не е владин премиер затоа што ДУИ има доволен број пратеници, туку затоа што СДСМ, ЛДП и НСДП станаа верни слуги на Артан Груби и го избраа за технички премиер дезертерот чија партија 22 години се поврзува со сериозни индиции за афери со висока корупција. Затоа министрите од ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада не се влезени на тие позиции за да го продолжат владеењето на ДУИ, туку напротив, во рамките на демократската политичка борба да создадат услови за тоа што побрзо и ДУИ и СДСМ да заминат во опозиција, за да може Македонија да се ресетира. Во однос на внатрешното владино функционирање, од нивна страна ќе биде запазен нужниот минимум на техничка соработка, а сѐ со цел да се задржи функционалноста на системот. Новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, го даде лично примерот како може да се носат одлуки во интерес на граѓаните со тоа што стави ред во хаосот за патните исправи кој го наследи од Оливер Спасовски како негов претходник.

Милошоски: ,,За да се смени нешто, потребна е смена на власта.” | Извор: zurnal.mk

Милошоски: ,,За да се смени нешто, потребна е смена на власта.” | Извор: zurnal.mk

Со назначувањето на Кренар Лога за министер за правда во Влада, седмото место во ДИК остана празно. Дали сметате дека непополнетото столче во Државната изборна комисија може да доведе до непризнавање на изборниот резултат?

Местото во ДИК, иако со задоцнување од една година, сепак ќе се пополни со претставник на опозицијата. Штета што за ваква јасна законска процедура мораше да се прави вонреден политички и дипломатски притисок за да се убедат Талат Џафери и Димитар Ковачевски дека изборите ќе бидат крајно спорни ако не е ДИК во целосен состав. Но, ете, тоа е само еден од примерите кој покажува колку е низок демократскиот капацитет на ДУИ и на СДСМ во моментов.

Албанскиот блок ги измеша картите во политиката. Во изминатиот период, превирањата во четирите политички партии разбудија интерес кај јавноста. Дали очекувате висок рејтинг на албанската опозиција и дали сметате дека можат да ја однесат ДУИ во опозиција?

Анкетите за довербата на партиите на македонските Албанци се прилично динамични, а најбитна анкета ќе биде онаа на самиот изборен ден. Сепак, она што го согледуваме на терен, без разлика дали е некој Македонец, Албанец, Турчин, Србин или нешто друго, е дека големото мнозинство на граѓани смета дека Македонија се движи во погрешна насока и дека за да се смени нешто, потребна е смена на власта. Во тој контекст, ценам дека има добри околности за сите политички партии кои дејствуваат како сериозна опозиција ако им дадат кредибилна понуда на избирачите.

Состојбата со патните исправи на македонските државјани е толку хаотична и понижувачка, што без претерување може да се каже дека и Отоманско било, но олку лошо не било. Штетните последици од Договорот од Преспа сега ги посведочија сите, дури и оние поединци кои сметаа дека сервилноста на власта кон Грција ќе отвори некои перспективи за напредок на Македонија. Од мантрата за заробена држава, СДСМ и ДУИ сега не доведоа во ситуација да имаме заробен народ кој не може ниту да излезе од својата држава, дури и со валидна патна исправа која била издадена во 2020 и важи до 2030 година. Ова е грубо прекршување на една од уставните слободи на граѓаните, правото на слободно движење. Оваа кардинална грешка може донекаде да се ублажи ако се согласат ДУИ и СДСМ да ја поддржат законската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ да се продолжи важноста на патните исправи издадени со името Република Македонија.

Промената на личните документи направи хаос во целата држава. Револтирани граѓани со денови седеа пред пунктовите за да аплицираат за лична карта, пасош или за возачка дозвола. Потоа власта одлучи дека личните документи ќе важат за домашна употреба, за да се предомисли преку ноќ дека, сепак, државата ќе постапува согласно законот и договорот од Преспа. Колку ги чинеа овие одлуки граѓаните?

Состојбата со патните исправи на македонските државјани е толку хаотична и понижувачка, што без претерување може да се каже дека и Отоманско било, но олку лошо не било. Штетните последици од Договорот од Преспа сега ги посведочија сите, дури и оние поединци кои сметаа дека сервилноста на власта кон Грција ќе отвори некои перспективи за напредок на Македонија. Од мантрата за заробена држава, СДСМ и ДУИ сега не доведоа во ситуација да имаме заробен народ кој не може ниту да излезе од својата држава, дури и со валидна патна исправа која била издадена во 2020 и важи до 2030 година. Ова е грубо прекршување на една од уставните слободи на граѓаните, правото на слободно движење, и оваа кардинална грешка може донекаде да се ублажи ако се согласат ДУИ и СДСМ да ја поддржат законската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ да се продолжи важноста на патните исправи издадени со името Република Македонија. Засега Талат Џафери и Ковачевски тврдоглаво го одбиваат ова предлог-решение, и ако останат на тој став, штетата која ќе падне на грбот на граѓаните, но и на грбот на стопанството, ќе биде уште поголема.

Договорот со Преспа ја покажа првата ,,сопка“ за македонските граѓани. На ред се уставните измени, кои се услов од Бугарија. Што очекувате дека ќе биде следното барање на оваа земја-членка на Унијата? Неколкупати најавија дека уставните измени не се единствениот услов за нашата земја.

Со Бугарија се покажа дека сервилноста која на тацна ѝ ја понудија Бујар Османи и Бојан Маричиќ не води до подобри билатерални односи, туку нѐ донесе до поголеми тензии и драстична недоверба. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема да прифатиме измени на Уставот диктирани од страна на официјална Софија, кои наместо да донесат извесна европска перспектива, нѐ туркаат во несигурна зона каде што никој не знае уште колку блокади ќе следуваат од Бугарија во следните 3, 5 или 10 години. Затоа цениме дека и Македонија и Бугарија имаат интерес да отворат сериозна дебата, но на рамноправна основа, околу тоа што е наш заеднички билатерален интерес, и се разбира, што е она што ЕУ може да го преземе како обврска за да не биде процесот на евроинтеграции само празно ветување, туку да биде заеднички геополитички проект во кој и Македонија и целиот Балкан ќе го добијат своето заслужено место во Европа.

Милошоски: „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема да прифатиме измени на Уставот.“

Милошоски: „Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема да прифатиме измени на Уставот.“

Очигледно е дека Македонија постојано има услови кои треба да ги исполни и никако да стигне на ред да биде рамноправна земја-членка на Унијата. Чија е одговорноста што земјата долги години остана во чекалница, наша или на Унијата?

Одговорноста е на двете страни. Во Македонија постои одговорност што пречесто европското знаменце се злоупотребува за покривање на коруптивни и бизнис-интереси, што реформите се движат на хартија, но стагнираат во нивната примена. Но, исто така во ЕУ постои одговорност за недостигот од стратешка визија за регионот, која уште од Солунскиот самит во 2003 година беше најавена како големо ветување, а еве, 21 година потоа, тој мегапроект сѐ уште е заглавен во изговорите кои се покриваат со билатералните спорови. Затоа Брисел треба да се одважи и искрено да поразговара со владите во регионот дали е полноправното членство во ЕУ реална опција во следните 6-7 години, или имаат други подваријанти кои ги разгледуваат.

Како поранешен министер за надворешни работи и долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, во контакт сте со голем број членови на политички партии од многу други странски земји, меѓу нив и членки на Европската Унија. Колку од нив биле ваши гости во Македонија и како гледаат на нашата земја откако ќе ја посетат?

Секој гостин што сме го имале во Македонија си заминал со подобар впечаток во споредба со она што претходно го имал како перцепција за нашата држава. Затоа секој премиер, претседател, градоначалник, па и секој стопанственик, треба да се потруди во Македонија што е можно почесто да ни доаѓаат гости-добронамерници, бидејќи со тоа ќе си ја промовираме државата, а исто така ќе го зајакнеме социјалниот капитал на пријателите на Македонија во светот.

Милошоски: „Пет деца се како пет прсти на раката. Секој е потребен, секој е ценет.“

Милошоски: „Пет деца се како пет прсти на раката. Секој е потребен, секој е ценет.“

Вие сте богат татко. Пет деца го исполнуваат вашиот свет. Колку Ви дозволува политиката да одвоите време за нив?

Во семејство во кое што има топлина и разбирање, пет деца се како пет прсти на раката, секој е потребен, секој е ценет, секој е составен дел од целината, и секое дете си се бори за својата улога и место во семејната задница. Работата одзема многу време, но потребите на децата Ве принудуваат да направите еден баланс, бидејќи многу работи околу нас се минливи и менливи, но семејниот круг е трајната животна вредност. Благодарен сум што Божјата промисла ми дала ваква бесценета можност да бидам родител на три прекрасни ќерки и на два сина.

Како им ја раскажувате Македонија на вашите деца? Кои се омилените места кои ги посетувате?

Македонија е дел од нашите детски сказни пред спиење, а македонските симболи се дел од нашите први лекции по цртање. Исто така, Македонија е дел од нашите спортски навивања на натпреварите на најголемиот батко и, се разбира, дел од нашите семејни прошетки. Омилени места за семејни прошетки ни се Крушево, Пониква, Кичево, Малешевијата и Охридското Езеро.

Image
Newsletter