Светот наместо кон мир и безбедност, сѐ повеќе се движи кон поделби

Светот наместо кон мир и безбедност, сѐ повеќе се движи кон поделби

Суверениот ред на Малта, во кој членуваат околу 13.500 витези, дами и капелани, дејствува во 113 држави. Иако не поседува територија, редот често се смета за суверен ентитет според меѓународното право. Во секоја од земјите има и свој амбасадор. Кај нас, амбасадор е Франческо Саверио Џусти, кој е Витез на благодатта и лојалноста. Тој е Доктор на правни науки на Универзитетот во Рим и Магистер по правни науки на Правниот факултет на Харвард. Како претставник на– Суверениот ред на Малта, доаѓа во нашата земја во 2018 година. За македонската јавност, многу малку е познато што е всушност Суверениот ред на Малта. Улогата во секоја земја каде што дејствуваат во голема мера е фокусирана на обезбедување хуманитарна помош и помош во меѓународните хуманитарни односи. Редот има статус на постојан набљудувач на Генералното собрание на Обединетите нации од 1994 год.  

На меѓународно политичко поле, Редот на Малта е неутрален, непристрасен и неполитички. Токму поради тоа, во многу држави може да дејствува како медијатор ако бара некоја земја негова интервенција во решавањето спор. 

Суверениот ред на Малта, со цел да ја оствари својата хуманитарна мисија, вработува околу 52.000 лекари, медицински сестри, помошници и болничари потпомогнати од 95.000 волонтери во повеќе од 120 земји, помагајќи им на децата, бездомниците, инвалидите, постарите и болни луѓе и на бегалци низ светот без разлика на етничката припадност или религијата. Редот исто така им помага на жртвите на природни катастрофи, епидемии и војни. 

За тоа каква е мисијата на Суверениот ред на Малта во нашата земја, Магазинот за туризам и менаџмент разговараше со амбасадорот Франческо Саверио Џусти.

Џусти: „Бројот на земји каде што дејствува Редот, од 42 во 1981 година, денеска изнесува 113.“ Извор: friss.ro

Џусти: „Бројот на земји каде што дејствува Редот, од 42 во 1981 година, денеска изнесува 113.“ Извор: friss.ro

Како Суверен ред на Малта, каква е вашата улога во дипломатските односи на една земја?

Пред сè, Редот на Малта, суверен ентитет на меѓународното право, широко ја прошири својата дипломатска мрежа во последните децении. Бројот на земји каде што дејствува Редот, од 42 во 1981 година, денеска изнесува 113. Дипломатијата на Редот на Малта е првенствено хуманитарна. Насочени сме кон поддршка и испорака на хуманитарна помош во различни институции низ светот. Главната улога на Редот е заштитата на цивилите и спроведување операции за помош во одредени конфликти, со што се обезбедува почитување на Меѓународното хуманитарно право. Амбасадите на Редот на Малта на терен отсекогаш се многу активни во поддршката на хуманитарни проекти, особено во кризните области како Украина. Улогата на Редот на Малта е единствена, не служи за никаква политичка цел, туку обезбедува хуманитарна дипломатија и нуди помош на сите оние на кои им е потребна. Во суштина, Редот на Малта е предност за Меѓународната заедница и нејзиниот потенцијал допрва треба да се истакнува.

Иако не поседувате територија, сепак поредокот се смета за Суверен ентитет според меѓународното право. Дали може да ни објасните како дејствувате во земјите и која е вашата улога?

Редот на Малта има намера да ја изврши својата историска хуманитарна мисија без разлика на меѓународните односи меѓу земјите. Неговиот статус како суверен ентитет на меѓународното право му дозволува на Редот потенцијално да дејствува како посредник во конфликти и да спроведува хуманитарни цели без разлика на националноста или на политичкото или верското убедување на луѓето. Во меѓународен контекст, во сегашноста која е комплексна, тензична и фрагментирана, мисијата и улогата на Редот на Малта е уште поклучна за придонес кон мирот или за обезбедување помош за луѓето погодени од конфликти или други несреќи. Операторите за помош на Редот на Малта, поддржани од нејзината дипломатска мрежа, работат храбро и со восхитувачка посветеност и компетентност во многу сложени и предизвикувачки средини, од Украина до Блискиот Исток, од Сахел до Големите Езера и други области. Да наведеме само неколку примери од програмите за помош: програмата во Украина, породилната болница Света семејна болница во Витлеем, меѓународните летни кампови за хендикепирани лица, дневната поддршка за старите лица и бездомниците низ светот.

Џусти: „Амбасадите на Редот на Малта на терен отсекогаш се многу активни во поддршката на хуманитарни проекти, особено во кризни области, како што се денес Украина и Блискиот Исток.“ Извор: orderofmalta.int

Џусти: „Амбасадите на Редот на Малта на терен отсекогаш се многу активни во поддршката на хуманитарни проекти, особено во кризни области, како што се денес Украина и Блискиот Исток.“ Извор: orderofmalta.int

Кој е вашиот став за конфликтите кои се создаваат во светот? 

Како одговор на хуманитарни итни случаи и глобални кризи, Редот ги мобилизира своите ресурси за да обезбеди помош за најранливите земји и граѓани, преку развој на хуманитарните работници, обезбедување хуманитарна помош и активно учество во поддршка на засегнатите заедници. 

Меѓутоа, помошта на најсиромашните и на најранливите категории граѓани, на меѓународно ниво бара неколку услови, особено почитување на некои основни универзални принципи и ефективна меѓународна соработка. Редот верува во меѓународен поредок заснован на принципите како братство и солидарност. Ова е причината зошто Суверениот ред на Малта ги поддржува нормите на меѓународното хуманитарно право и се препознава во одредбите на Повелбата на Обединетите нации за човековите права. Само меѓународен систем заснован на принципи и правила и на механизам на меѓусебната соработка, посредувањето и мирното решавање на конфликтите можат да обезбедат почитување на човековите права и основните принципи, како што се образованието, здравството и условите за одржлив економски раст. Мултилатералната соработка и системот заснован на универзални принципи на солидарноста се исто така алатки за справување со фундаменталните теми на нашето време. Во меѓународната соработка мора да се применат почитувањето на универзалните принципи за ефикасно справување со миграцијата, глобално здравје, долгови, климатски промени, енергетска транзиција и многу други предизвици, како и огромните можностите што ги нуди развојот на вештачката интелигенција. За жал, меѓународниот систем се чини дека се движи во спротивната насока. Соочени сме со поголема фрагментација, нови поделби и стратешка конкуренција и ривалства. Редот е длабоко загрижен за отпорот кон духот на мултилатерална соработка. Ова може да се заклучи и од секојдневието кога гледаме дека Обединетите нации се соочуваат со ситуации кога нејзиниот мандат за мир и безбедност не може да се исполни поради поделби во рамките на Советот за безбедност. Ризикот од нестабилност и областите на кризи и конфликти се постојано присутни. Оттука произлегуваат огромните хуманитарни трагедии што се случуваат пред нашите очи. Украина и Газа се најочигледните случаи, но другите кризни ситуации се или занемарени од страна на земјите или занемарени од Меѓународната заедница. Секогаш кога кризата ќе премине во конфликт, најпогодени се цивилите, а тука се најранливите групи: децата, жените и старите лица. Тоа можевме да го видиме во Украина и во Газа со дневни извештаи за стотици загинати и ранети меѓу цивилното население. Не постои начин да бидат поштедени домовите, училиштата, патиштата и така натаму. Видовме дека операциите на разузнавачките служби во војни цел се и болниците. Тие практично го уништуваат здравствениот систем за милиони цивили, ставајќи го целото општество во ризик. Таквата ситуација е спротивна на самото етичко однесување. Суверениот ред на Малта ја потврдува својата посветеност на меѓународен систем врз основа на принципите на братство, соработка и солидарност. Повикуваме на почит кон Меѓународното право и на одредбите од Повелбата на Обединетите нации. Редот, преку својата дипломатија, тоа постојано го правеше во текот на минатата година и ќе продолжи да го прави. Всушност, Редот на Малта е аполитичен и неутрален, но не е бесчувствителен на насилство и неправда, и секако не ги затвора очите пред човечките трагедии и пред одговорноста на земјите кои ги предизвикуваат.

Џусти: „Во сегашноста која е комплексна и тензичена, мисијата и улогата на Редот на Малта е уште поклучна за мирот или за обезбедување помош за луѓето погодени од конфликти или други несреќи.“

Џусти: „Во сегашноста која е комплексна и тензичена, мисијата и улогата на Редот на Малта е уште поклучна за мирот или за обезбедување помош за луѓето погодени од конфликти или други несреќи.“

Улогата на Редот во голем дел е да обезбеди хуманитарна помош. Каде успевате во моментов да обезбедите помош и каква?

Амбасадата на суверениот ред на Малта секогаш била и сè уште е посветена на тоа да обезбеди хуманитарна помош за населението во Северна Македонија. Нашите интервенции се финансираат со средства собрани од јавни и приватни донации. Ние вообичаено ги користиме овие средства за набавка на машини или опрема што ќе бидат донирани на приватните и на јавните болници. Средствата ги користиме за да ги поддржиме директно некои хуманитарни иницијативи од верски и филантропски институции во земјата. 

Џусти: „Редот верува во меѓународен поредок заснован на човечките принципи како братството и солидарноста.“

Џусти: „Редот верува во меѓународен поредок заснован на човечките принципи како братството и солидарноста.“

Image
Newsletter