Израел е мала земја. По површина слична на Македонија. Во оваа земја има речиси 10 милиони жители, што покажува дека е густо населена. Околу границата со Газа, се наоѓа регион со многу селски населби и неколку мали градови.
Рахел Шели Друмер, македонска Еврејка во Тел Авив, горда внука на големиот лекар во Македонија Хаим Абраванел кој и како човек и како доктор е познат хуманист кој несебично им помагал на луѓето и ги лекувал. По него е именуван и Здравствениот дом во Битола. Таа живее и работи во Израел. Утрото ја буделе сирени а вечерта слушала пукотници. Како е да се живее во Израел? Друмер раскажува за голготата која ја поминува израелскиот народ по нападот на Хамас кој прв пат се случи во Октомври минатата година.
Седми октомври беше денот кога Израел ќе го памети. На фестивал ,,Супернова” во пустината во јужен Израел за време на еврејскиот празник Сукот, љубителите на музиката беа нападнати од палестински екстремисти во утринските часови. Дожд од куршуми на сите страни. Многу цивили бегаа и се криeја во грмушките од вооружените напаѓачи. Но сите ја немаа среќата да се спасат.
„Сирени за узбуна многу често се слушаа во појасот Газа. Одвреме навреме ги слушавме во изминатите 20 години, во овие населби, кои означуваа испукување на ракети. Во сите куќи во овој регион има скривници. Во секојдневието на жените, децата но и возрасните луѓе се научени штом слушнат сирена, да истрчаат право во скривница и да се засолнат најдоцна за 10 минути. Но, на 07.10 2023 година беше празник. На 5 километри од границата имаше светски музички спектакл каде присуствуваа неколку илјади граѓани, од кои најголем дел беа млади. Во 6 часот утрината одново засвири сирената. Во тој момент се сокрија жителите на градот и туристите кои беа дојдени на фестивалот. Но, овој пат не беше исто како и претходно. Од влезот на Газа влегоа терористи и ги нападнаа куќите и младите туристи. Сликата беше траорна. Напаѓаа и убиваа се што можеа да видат пред нив. Прозорите и вратите на куќите ги кршеа а оние кои беа во скривалиштата ги извадија надвор. Ги малтретираа и ги убиваа со пушки или ножеви. Не гледаа дали се мажи или жени, млади или стари. Жените беа малтретирани и нападнати. Страдаа и мали деца и бебиња. Онаму каде терористите не успеаја да влезат нивните куќи беа запалени и луѓето се гушеа внатре. Жителите на Газа не можеа да ги спасат ниту војката која беше постојано во регионот. И тие беа убиени. Но, оние кои ги оставија живи ги киднапираа и ги зедоа како заложници. Меѓунив покрај возрасни зедоа и деца и бебиња. Едно од бебињата имаше само три месеци. Тоа после десет месеци славеше роденден како заложник.
Во Газа сите се бореа против терористите. И стари и млади. Возрасните на 80 години помагаа да се носат болните од овој регион во болниците во Израел. На нивите фрижидери, во нивните срушени куќи се уште стојат листи со имиња на болни палестинци кои треба да бидат однесени во болница.
На 07.10 2023 година без најава и на големо изненадување, радикалната палестинска група Хамас со изненадувачка офанзива започна напад без преседан врз Израел. Во земјата беше прогласена воена состојба. Ракети беа испукани и во светото место Ерусалим.
Граѓаните се тресеа сите во своите домови, плашејќи се да не дојде терорист на вратата. Во првиот напад беа убиени илјада и двесте лица, само за еден ден. На војската и беа потребни неколку часа да се мобилизира за војна.
Веднаш почна да се носи и хуманитарна помош во Газа, но терористите од Хамас ја крадеа целата за нив”, сведочи Рахел Шели Друмер.
Поранешниот градоначалник на израелски Шаар Ханегев, Офир Либштајн, ја запозна и Македонија. Тој беше во Битола на 80-годишнината од депортацијата на македонските Евреи, а се сретна и со градоначалникот Тони Коњановски и учествуваше на Маршот на живите. Но за време на оружените судири со Хамас во октомври минатата година, тој загина. Офир беше убиен кога отиде да го брани градот за време на терористичкиот напад.
Голем број на лица, Хамас зема како заложници. Една од нив е 19-годишната израелка со македонско потекло, Наама Леви. Многупати македонците во Израел повикуваа на единство и вклучување на македонската дипломатија во помош за неа, но се уште нема позитивен исход.
Голем број лица Хамас зема како заложници. Една од нив е 19-годишната израелка со македонско потекло, Наама Леви. Нејзината мајка со слика во раката, се моли да ја пуштат. | Извор: CNN
„Младата Наама Леви се надеваме дека се уште е меѓу останатите заложници. За жал, се уште немаме никаква информација за неа. Нејзиното потекло е од Македонија. Нејзината прабаба Грациа Бивас е родена во Скопје во 1896 година. Родененот на Наама беше на 19.06 годинава. Ние го прославивме со оптимистички мисли дека еден ден ќе биде меѓу нас. Го чекаме денот кога таа заедно со останатите заложници ќе биде ослободена од Хамас” вели Рахел Шели Друмер.
Војната има две цели, раскажува израелката со македонско потекло. Таа објаснува дека првата е да се ослободат сите заложници, а втората е да ја спречи Хамас да владее со Газа. Нродот го чека денот кога Владата ќе успее да се справи со терористите и сите заложници да бидат ослободени.
Но, жителите на Израел ја губат надежта. Илјадници излегоа на улиците и бараат нови избори. Се надеваат дека поинаква политика ќе донесе крај на војната во ниваната земја. Меѓународната заедница се обидува со преговори помеѓу двете страни, Израел и Хамас да постигне прекин ан огнот. Но, какво е гледиштето на народот во Израел?
„Сметам дека избори во овој период од војната е проблем да се реализираат. Но од друга страна, доклку војната не заврши наскоро, нема да има друг излез освен да се промени власта и да се бара друго решение за преговори со Хамас.
Граѓаните мора да добијат услови за мирен и пристоен живот, со здравствен и образовен систем од двете страни. Овој регион има голем потенцијал. Тој може да биде рај на светот и иден Сингапур, но за тоа треба да помине време. Ова не е живот. Страв на секој чекор. Живееме со пукање, страдаат граѓани, страдаат деца. Живот конечно треба да дојде и во Газа. Жителите треба да добијат нормален живот, децата да одат во школо а не да држат пушки во рака и да учат како да се бранат или да убиваат” , објаснува Рахел Шели Друмер.
Граѓаните мора да добијат услови за мирен и пристоен живот, со здравствен и образовен систем од двете страни | Извор: Ramadan Abed, Reuters
Еве како изгледа едно секојдневие во Израел:
„Во центарот на Израел, се обидуваме да држиме рутина секојдневно. Навидум изгледа се нормално, речиси веќе нема ниту сирени. Но, војската е насекаде и стравот е голем. Не сме спокојни кога знаеме дека низ земјата страда некој друг. Културниот живот повеќе го нема. Речиси и да не се движиме навечер надвор. Со војниците се соживуваваме а со заложниците имаме камен на срце. Во оваа земја има речиси сто илјади раселени лица а многумина ги изгубија работното место, домот и нормален живот. Меѓунив има и наши пријатели. Солидарноста меѓу народот е навистана голема. Постојано се плашиме дали војната ќе се интензивира. За жал изгледа дека за Хамас, животите на луѓето немаат значење“ вели Рахел Шели Друмер.
Таа во целиот траор кој го доживува, во сета тага и сивило наоѓа утеха во хуманоста. Македонија и нејзините пријатели ширум светот ја сметаат за голем активист. Особено е позната во еврејската заедница. Исто како и нејзиниот дедо, големиот лекар Хаим Абраванел , познат хуманист кој несебично им помагал на луѓето и ги лекувал, и чие име го носи здравствениот дом во Битола.
„Хуманоста е најголема вредност за еден човек. Хуманизмот е значаен за секоја вера. Хуманоста не познава граници, не познава определби, таа го опишува секој човек. За тоа научив од мојот дедо Др. Хаим Абраванел. Тој го почитуваше секој човек. Пред верата и нацијата, богатството и образованието треба секој да се гледа како човек и истиот да биде почитуван.
Јас сум родена во Скопје ама голем дел од моето дество го поминав во Битола, кај моите дедо и баба. Една од посетите ме спасија од земјотресот во 1963 година, кога настрадаа и моите родители Др. Салватор Леви и Др. Рени Леви и мојот вујко Др. Нисим Абраванел. Само јас останав жива. Сметам дека духот на хуманизмот и мултикултуризмот кај мене доаѓа од старите битолски корени. Затоа постојано го посетувам Битола и продолжувам со развивање и зачувување на старото еврејско-битолско гробниште и со сите елементи од Битола и битолчани тоа трае со години”, вели израелката со македонско потекло Рахел Шели Друмер.
Здравствениот дом во Битола го носи името на нејзиниот дедо, големиот хуманист, Др. Хаим Абраванел. | Извор: Општина Битола
За тоа колку ја цени нашата земја покажува и начинот на кој раскажува за неа. Во разговорите Рахел Шели Друмер многу често знае да каже дека „Македонија ми е срцето”. Таа во Битола доаѓа на секои три месеци.
„Таа е мојот дом. Мојот мајчин јазик е македонски. Куќата во Битола, драг новинар пријател ја крсти „Мала Битола” . Македонскиот народ е многу пријатен и се чуствувам секогаш добедојдена. Често кога доаѓам во посета носам и пријатели од Израел кои ги запознавам со македонците. Сметам дека двата народи можат да инвестираат заедно во иновациите, во културата, во образованието.
Гордоста за своите корења и ја пренесува и на нејзината ќерка.
„Мојата ќерка неодамна правеше свадба и свиреше македонско оро. Игравме сите а на грбот пријателите ми ставија македонско знаме. Сите го кренавме гордо додека се свиреа македоснки песни” раскажува израелката со македонско потекло Рахел Шели Друмер