Зајакнување на дипломатските односи: Мицкоски на средби со амбасадорите во нашата земја

Средба на Мицкоски со Н.Е. Ангела Агелер, амбасадор на САД во Македонија.

Воспоставувањето на дипломатските односи ја дефинира положбата на нашата земја во светот. Ова особено важи за Соединетите Американски Држави и за Европската Унија, двата најзначајни партнери на европските и на балканските земји. Соработката во дипломатијата може да биде јавна, економска, културна, интерна и трудова. А, секако, најважна за нас како земја е евроинтегративниот процес, и токму тука настапуваат меѓународните соработки со светот. За малите држави како нашата, надворешната политика претставува сублимат на реално поставените генерални надворешно политички цели одредени согласно внатрешните и надворешните фактори кои непосредно влијаат врз градењето издржана надворешна стратегија. 

Скопје е седиште на 31 странска амбасада и 18 генерални конзулати на различни земји, додека 43 странски амбасади акредитирани во Македонија имаат свои седишта во Белград, Софија, Анкара, Виена и во останати центри.

Средба Мицкоски – Агелер

Амбасадорите во нашата земја се главниот мост за дипломатските односи меѓу странските земји и власта во Македонија. Новата влада која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, од моментот на преземањето на домот на „Илинденска“, редовно остварува средби со дипломатите кои престојуваат или ја посетуваат Македонија. 

Прва средба на Христијан Мицкоски како премиер на Македонија беше со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, земја која е стратешки партнер на Македонија. 

На средбата биле разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Премиерот ја истакнал важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и за стабилноста на регионот.

Расположеност за соработка била навестена и од страна на амбасадорката Агелер, која ја потврди посветеноста на САД за продолжување на одличната соработка со Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период. Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес. 

Македонско-американските односи почнуваат многу одамна. Земјите стануваат трговски партнери уште во 1776 година. Многу години подоцна, американската политика директно не се меша во односите меѓу Македонија и другите земји, но индиректно преку поддршката на другите земји даваат зелено светло за идните чекори што ги презема Македонија. Илинденското востание како најзначаен историски настан за нашата земја е еден таков пример. Америка не се ангажира во спроведувањето на внатрешните реформи, но преку британската политика застанува зад Македонија. 

Првата амбасада на САД во Македонија е отворена на 25 септември 1995 година, а прв ополномоштен амбасадор е Кристофер Хил. 

Прв амбасадор на Македонија во САД е Љубица Ачевска. 

Средба на Мицкоски со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија.

Средба на Мицкоски со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија.

Средба Мицкоски – Рикер

Оттогаш, многу дипломати и претставници на САД ја посетија Македонија со ветувања за голема поддршка. Претходниот амбасадор на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер, и натаму останува пријател на нашата земја. 

Премиерот Мицкоски, кој ја предводеше владината делегација во САД, а  учествуваше и на Самитот на НАТО, за време на посетата оствари средба и со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. 

„Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер. Разговаравме за предизвиците со кои се соочува Македонија и поддршката која ѝ е потребна за остварување на стратешките интереси. Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и за политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните“, се вели во објавата на премиерот Мицкоски по средбата со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер.  

Средба на Мицкоски со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

ЕУ е нашата определба, ќе работиме заедно во знакот на партнерството и на унапредување на заедничките односи

Евроинтеграцијата е определба и цел на секоја влада во Македонија. Иако времето поминато во чекалницата за влез во европското семејство е долго, сепак граѓаните, а со тоа и Владата не се откажуваат од желбата еден ден да станеме европски граѓани. 

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир, е гласникот, но и клучен соработник на една влада. На средбата со премиерот Христијан Мицкоски, главни теми биле токму напредокот на државата во интеграцијата во ЕУ. 

Мицкоски ја истакнал важноста на поддршката од Европската Унија за реформските процеси и стабилноста на земјата, констатирајќи дека Владата ќе продолжи да работи заедно со Европската Унија во духот на партнерство и на заеднички вредности. Амбасадорот Гир ја потврдил посветеноста на Европската Унија за продолжување на одличната соработка со Македонија и изразил подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

На средбата бил донесен заклучок за понатамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Сирил Бомгартнер, амбасадор на Франција во Македонија.

Франција е значаен партнер на Македонија

Односите меѓу Македонија и Франција се одликуваат со високо ниво на соработка меѓу двете земји. Земјите имаат отворен и конструктивен дијалог, со континуирано продлабочување на соработката во мноштво сфери од заемен интерес. Дипломатските односи се воспоставени на 27 декември 1993.  Покрај  динамична соработка во многу области, културата е силната врска меѓу двете земји особено по отворањето на Францускиот културен центар во Скопје во 1974 година. Амбасадор во нашата земја е Сирил Бомгартнер.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ги продолжува добрите релации меѓу двете земји. По средбата со амбасадорот, изјави дека Франција е значаен партнер и пријател на нашата земја. 

„Заедно се обврзавме за понатамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес. Разменивме мислења за тековните политички и економски прашања, како и за европските интеграции. Очекувам продолжување на одличната соработка и реализација на заедничките проекти кои ќе придонесат за подобра иднина за сите нас“, пишува Мицкоски во својата објава по средбата со францускиот амбасадор во Македонија Сирил Бомгартнер.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Кина во Македонија.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Џанг Ѕуо, амбасадор на Кина во Македонија.

Мицкоски на средба со Лосон: Решеност за економска соработка

Кинеското влијание во Македонија се засилува во последниве години, особено преку културата, политиката и трговијата. Кина е земја која се обидува да се претстави како алтернатива на западниот систем.

Според истражувањето на Центарот за анализа на европската политика (ЦЕПА), Кина има силно влијание во земјава. Таа е рангирана на трето место меѓу 17 земји од Централна и Источна Европа и се наоѓа веднаш по Србија и Бугарија. Дипломатските односи меѓу двете земји се од клучно значење, особено во делот на трговијата и на инвестициите. 

На средбата на премиерот Христијан Мицкоски со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо, биле потврдени добрите билатерални односи, заложбата за економска и политичка соработка и водењето политика на добри и интензивни односи меѓу двете земји.

„Посочив дека добра основа за соработка се образованието, културата, транспортот, науката. Треба да ги искористиме потенцијалите од интензивираното пријателство кои стојат на располагање“,  посочи Мицкоски по средбата со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Фатих Улусој, амбасадор на Турција во Македонија.

Средба на Мицкоски со Н.Е. Фатих Улусој, амбасадор на Турција во Македонија.

Стратешка соработка во области од заеднички интерес

Нашата земја има многу развиени економски односи со Турција, а турските инвестиции се протегаат на целата територија на Република Македонија. Според Државниот завод за статистика, Турција е во првите 10 земји со кои нашата земја има висок обем на трговска размена. 

Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со турскиот амбасадор Фатих Улусој за да ги потврди и зајакне билатералните односи меѓу Македонија и Турција. Во разговорот, премиерот ги истакна одличните билатерални односи меѓу Македонија и Турција. Двајцата лидери ја потврдија својата посветеност за унапредување на соработката во различни сектори одразувајќи ја длабочината и силата на пријателството меѓу земјите и на доброто партнерство.

„Ја потврдивме силната врска меѓу Македонија и Турција истакнувајќи ја тековната соработка во различни сектори и заемната поддршка што двата народи си ја даваат еден на друг. Нагласив дека Владата е посветена да ги искористи сите расположливи ресурси за да го поттикне напредокот и да го подобри животот на граѓаните. Според тоа, се залагам за уште поблиска соработка со Турција во области од заеднички интерес“, изјави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски истакна дека македонската Влада е посветена на искористување на расположливите ресурси за промовирање на напредокот и подобрување на животот на граѓаните. Тој изрази силна намера да ја зајакне соработката со Турција во области од заемен интерес, со цел да поттикне понатамошен напредок и заеднички иницијативи.

Image
Newsletter