ФИЛИП ТАЛЕСКИ: Учам на најдобриот универзитет за да имам иднина и по кариерата

ФИЛИП ТАЛЕСКИ: Учам на најдобриот универзитет за да имам иднина и по кариерата

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Талевски, кој важи за најдобар десен бек во земјава, е прва година на Универзитетот Скопје на Меѓународен маркетинг и менаџмент. Оваа насока ја одбрал зашто гледа најголема перспектива за себе по завршувањето на професионалната кариера. 

Беше дел од тимовите Металург, Рајн-Некар, Ловен, Балинген, и по три и пол години поминати во Германија, се врати во Скопје, во екипата на Вардар. 

Дресот на Вардар го носеше со гордост три години.  Сега е дел од португалската Бенфика. Во брак е со Ена, поранешна ракометарка. Родители се на две деца Софија, (4 години) и Марија 9 месеци.

Спортската индустрија напредува од ден во ден, конкуренцијата е сѐ поголема и пред спортистите се поставуваат повисоки критериуми и барања. Тоа се покомплексни тренинзи, поинаков пристап кон животните навики и пронаоѓање начин како да се продолжи спортската кариера. Вие ги постигнавте тие критериуми, што резултираше со понуда од РК Бенфика, Португалија. Какви се впечатоците од Лисабон и од првото добредојде во клубот?

Сѐ е резултат на напредокот на медицината во спортот. Во поодминатите години, по некои тешки повреди требаше многу подолг период за оправување. Меѓутоа, сега сѐ е тоа многу побрзо. Да, точно така, многу се поголеми конкуренцијата и бројот на играчите, но како се вели: за секого има место под ова сонце. Секој спортист си има свои навики и тие треба да ги вклопи во системот на клубот. Бенфика како клуб има многу голема традиција зашто се заедно со сите останати спортови. Тоа е голема спортска големина во спортот. Кога бев и во Германија, не добив ваков третман како сега во овој клуб.

Потребна е голема посветеност на спортистот за да постигне успех, а тоа води до занемарување на другите аспекти од животот. Како вашата сопруга се вклопи во тој начин на живот и колку има разбирање за професијата? Ве смени ли многу и улогата на татко?   

Секој спортист дава голема жртва за да успее како професионален спортист. Жртвата е голема, но затоа имаат големи бенефиции во животот, почнувајќи од тоа што ќе имаат секогаш здрав живот, па сѐ до тоа што ќе се чувствуваат многу убаво дека постигнуваат големи успеси. Сопругата исто така беше ракометарка и затоа немаше проблем да се вклопи во целата наша заедничка приказна. Створивме семејство, двајцата млади, и тоа нѐ направи заедно да бидеме посилни и да се бориме со сите предизвици во животот. Улогите на родители и двајцата нѐ направија многу посилни и заедно сме си огромна поддршка еден на друг.

Сопругата Ена и ќеркичките Софиа и Мариа, најголемата поддршка за Филип

Сопругата Ена и ќеркичките Софиа и Мариа, најголемата поддршка за Филип

Спортистот е свесен и навреме размислува за животот по кариерата, успева да ги испланира своите активности и да си осигура поддршка за што побезболен процес на приспособување по спортот. Вие тоа го сторивте уште додека сте на врвот од кариерата. Зошто се одлучивте да студирате токму на Универзитетот  Скопје? Со што Ве привлече неговата програма?

На секој спортист му е кратка кариерата и нормално е да размислува што ќе прави по кариерата и со што ќе се занимава. Ние планираме да се стационираме некаде каде што ќе се чувствуваме најубаво. Истовремено каде што ќе биде и најубаво за нашите нашите деца. Го избрав Универзитетот Скопје зашто има многу убави насоки каде што можеш да се надоградиш и по мојата кариера да имам бенефит од тоа што ќе го научам од почитуваните професори. Сепак, треба да бидеме спремни секогаш за сѐ. Не се знае со што ќе се занимаваме по завршувањето на кариерата.

Која насока ја одбравте и зошто? Која година сте на студиите?

Јас сум на Меѓународен маркетинг и менаџмент. Оваа насока ја одбрав зашто гледам најголема перспектива за мене по кариерата. Јас сум прва година.

Кога и како ги подготвувате вашите испити? Тешко ли е да се студира на овој Универзитет?

Малку е проблематично за подготовки, зашто немаме доволно слободно време за да седнеме и квалитетно да учиме подолг период, но секогаш се наоѓа време и да се научи зашто тоа ни носи сѐ во животот. Како и на сите универзитети, така и на овој, но со разлика што на Универзитетот Скопје имаш многу поголеми бенефиции.

Филип Талески на терен

Филип Талески на терен

Имаат ли разбирање професорите на Универзитетот Скопје за Вашите чести патувања, тренинзи, натпревари и отсуства од Скопје?

Да и многу сум им благодарен за тоа, зашто навистина разбираат и секогаш излегуваат пресрет, за да можеме да завршиме сѐ како што треба. Секое слободно време заеднички наоѓаме решение за сѐ што треба.

Коментираат ли професорите за вашите натпревари? За дадените голови и промашените зицери? За победите и поразите? Навиваат ли за вас?

Секако дека разговарам. И секој пат кога ќе се видиме на факултет, почнуваме со такви разговори, а потоа се префрламе на работа и тоа што треба да се направи за наше добро.

Како ја замислувате својата иднина? Како тренер во некој клуб или би сакале истовремено да ја искористите и дипломата?

Не можам да кажам дали ќе бидам тренер по кариерата и не знаеме патот каде ќе нѐ однесе, но затоа учам на најдобриот универзитет за да имам иднина и по кариерата со дипломата од факултетот.

Што би им порачале на генерацијата на новите студенти, кој е бенефитот ако се запишат на некој од факултетите на Универзитетот?

- Сите што се во можност да се запишат на овој универзитет, веднаш да го направат тоа, зашто нема да погрешат и ќе бидат задоволни од сѐ. Имаат многу опции за да се пронајдат во една од нив и со тоа да си обезбедат сѐ за во понатамошниот живот. Ги имаат најдобрите професори и ќе ги научат пред сѐ да бидат многу подобри луѓе, а потоа и како да си го олеснат својот живот.

Какво е чувството да се бранат боите на Македонија? Кои мисли Ви прелетуваат низ глава додека ја пеете македонската химна на секој натпревар?

Да се носи дресот на нашата татковина Македонија е гордост и светост. Секогаш кога ќе ги слушнеме зборовите на нашата химна, тие се посебна емоција и посебен мотив за нас. Треба секогаш да се бориш и да даваш максимум за својата единствена Македонија, зашто само таа ја имаме!

Image
Newsletter