Професор Ивановиќ: Универзитетот за Туризам и менаџмент нуди квалитетна европска програма и е лидер во високото образование

Проф. д-р Слободан Ивановиќ

„Во подготовката на наставната програма за докторски студии при Универзитетот за Туризам и Менаџмент е вложено многу труд и напор од страна на целиот наставен кадар, а пред се од магнификус ректорот проф д-р. Аце Миленковски, за програмата да биде квалитетна, содржајна и препознатлива не само во Македонија, туку и во целата Европска Унија“, вели професорот Слободан Ивановиќ, визитинг професор и раководител на докторските студии при УТМС и додава дека на досегашната соработка со наставниот кадар на Универзитетот би и дал највисока оценка.

Професоре Ивановиќ, вие сте редовен професор на Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството Опатија, при Универзитот во Ријека, Република Хрватска, но истовремено сте и соработник на Универзитетот за туризам и менаџмент – Скопје, како раководител на докторски студии. Како ја оценувате вашата соработка со УТМС?

Од самото основање на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, соработувам како предметен професор во областа на туризмот и менаментот на додипломски и диломски студии. Како редовен професор на матичниот Факултет и визитинг професор на УТМС настојувам своето теориско и практично знаење, вештините и компетенциите да им ги пренесам на студентите на овој престижен Универзитет.

Доаѓам од земја членка на ЕУ која посебно внимание посветува на туризмот и угостителството, како важен дел од економијата. Факултетот за менаџмент во туризмот и угостителството Опатија се занимава со оваа проблематика веќе 70 години. Голем број студенти кои завршија на овој Факултет работат на високи позиции во големи хотелски корпорации.

Драго ми е што ректорот на УТМС, проф д-р Аце Миленковски ги препозна квалитетните правци во развојот на високото образование што ги применуваше Факултетот Опатија, преку Болоњскиот процес. УТМС беше еден од првите во Македонија што го примени овој систем на високо образование, кој во моментов е единствен признат од ЕУ. Она кон што се стреми Болоњскиот систем е пристапност на сите нивоа кога станува збор за понатамошна научна обука, на пример, постдипломски докторски студии или програми за доживотно образование, кои Хрватска успешно ги спроведува бидејќи се вклучени во нацрт Стратегијата за развој на Високо образование.

Соработка со УТМС, односнож со Ректорот на Универзитетот проф. д-р. Аце Миленковски, како и со колегите професори и асистенти можам да ја оценам со највисока оценка. Токму поради оваа причина, ми претставува голема чест и задоволство што остварувам висококвалитетна и плодна соработка во образовниот процес на младите на престижниот Универзитет за Туризам и менаџмент Скопје.

Во подготовката на наставната програма за докторски студии при УТМС е вложено многу труд и напор од страна на целиот наставен кадар, а пред се од магнификус ректорот проф д-р. Аце Миленковски, за програмата да биде квалитетна, содржајна и препознатлива не само во Македонија, туку и во целата Европска Унија.

Што се однесува до докторските студии по Бизнис економија, Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, како научно-истражувачка и образовна институција, е креатор на знаење во областа на бизнис економијата. Постдипломските студии по бизнис економија на УТМС се изведуваат како тригодишни вонредни студии, каде што докторантот по завршувањето заработува 180 ЕКТС. Докторантите на Универзитетот стекнуваат највисок степен на компетентност преку систематски организирано научно истражување и квалитетно менторство.Компетенции кои се стекнуваат со завршување на докторските студии се можноста за продолжување на научно-истражувачката работа, можноста за постдокторска обука и можноста за вработување во јавниот и во приватниот сектор. По завршувањето на докторските студии се стекнуваат знаења и вештини потребни за самостојна научна и истражувачка работа на полето на бизнис економијата.

Кога станува збор за докторските студии по Бизнис економија, под мое раководство, нивниот фундаментален принцип се заснова на работа, објавување делови од научно истражувачка работа на увид на научната и стручната јавност и креирање на докторски труд со теоретска и апликативна примена во пракса.

Како професор кој доаѓа од земја членка на ЕУ, сметате ли дека Универзитетот за Туризам и Менаџмент нуди квалитетна образовна програма, кој ги задоволува критериумите на кои се бараат од една земја како Македонија која е кандидат за членство во ЕУ?

Квалитетното високо образование е предуслов за успешно општество. Во Република Хрватска е воспоставен бинарен систем на високо образование, кој се заснова на принципите на Болоњската декларација и во кој луѓето кои се запишуваат во високото образование можат самостојно да изберат дали сакаат да се образуваат на стручни или на универзитетски студии.Стручните студии првенствено се насочени кон пазарот на трудот и со нив се стекнуваат првенствено професионални компетенции, додека образованието на универзитетските студии е во поголем степен теоретско и насочено кон натамошно продолжување на академското образование.Оваа диференцијација на стручни и универзитетски студии овозможува регионално зајакнување и зголемена флексибилност на студиските програми, истовремено обезбедувајќи нивен квалитет и усогласување со потребите на пазарот на трудот.

Рамката за интернационализацијата на образованието ги вклучува стратешките документи на Европската унија, Болоњскиот процес и мерките од Стратегијата за образование, наука и технологија на Република Хрватска. Интернационализацијата на високото образование придонесува за зајакнување на квалитетот и иновативниот потенцијал. Интернационализацијата има позитивен ефект не само врз учесниците во мобилноста, туку и врз учениците и наставниците кои доаѓаат во контакт со странски студенти (т.н. интернационализација дома).Студентската мобилност е важен дел од образовната политика на Европската Унија, која е поддржана од програмата на ЕУ за образование, обука, млади и спорт Еразмус+.Во оваа програма, покрај Хрватска, учествуваат голем број земји од регионот, вклучително и Македонија.

Бидејќи целта на интеренационализацијата е да се зголеми бројот на студенти од странство запишани на студии во Република Хрватска, Министерството за образование и наука резвива механизми за зголемување на бројот на студиски програми на срански јазици. Дури и во време на длабока економска криза инвестирањето во високото образование е клучен фактор за спроведување на квалитетна образовна програма, на што УТМС посветува големо внимание.

Кога сме кај кандидатурата за членство во Европското семејство, какви реформи во образованието треба да направи нашата земја за да ги достигне регулативите кои ги наметнува ЕУ? Имајќи предвид дека Хрватска веќе мина низ тој процес, па еве еден совет од ваша страна што треба да се подобри или промени во македонското образование?

Кога станува збор за одредени промени во образовниот систем, сметам дека треба да се изработи квалитетна, содржајна и применлива рамка како што е примерот до Хрватската квалификациска рамка. Тоа е инструмент за регулирање на системот на квалификации во Република Хрватска, кој обезбедува јасност, проодност и квалитет на квалификациите, како и поврзување на нивоата на квалификации во Република Хрватска со нивоа на квалификации на Европската рамка и квалификациската рамка на Европското високо образование и, индиректно, со нивоата на квалификации во други земји. Хрватската квалификациска рамка има реформска улога во образовниот систем, кој вклучува: образовни програми засновани на резултатите од учењето и усогласени со потребите на пазарот на трудот, транспарентни критериуми за оценување, обезбедување квалитет при стекнување на квалификации итн. Помеѓу другото и обезбедување услови за квалитетно образование и учење согласно потребите на економскиот развој, социјална вклученост, зајакнување на конкурентската предност на економијата, која се заснова на човечки ресурси, обезбедување услови за еднаков пристап до образование и признавање на странските квалификации не само во Република Хрватска туку и во Македонија.Верувам дека квалитетна класификациска рамка, регулирана со Закон, може да придонесе за подобар и поефикасен образовен систем во Македонија.

Кога би направиле споредба помеѓу образованието во Хрватска и образовението во Македонија што би ни кажале, во кои сегменти овие два образовни системи се разликуваат?

Хрватска ги препознава образованието и науката како нејзини развојни приоритети, единствените кои можат да и донесат долгорочна социјална стабилност, економски напредок и културен идентитет:

- бидејќи е соочена со динамични промени во општеството, економијата и културата, во глобализиран свет каде ниту една држава не постои како издвоена заедница,
- бидејќи е соочена со предизвици како што се примената на новите технологии, заштитата на животната средина и стареењето на населението, а кои успешно може да се решат само со помош на науката,
- бидејќи има ограничени човечки, материјални и природни ресурси кои мора да се искористат на најдобар начин,
- бидејќи можностите за долгорочна стратегија се ограничени па мора да биде подготвена за прилагодување.

За да го достигне нивото на високо развиените земји, Хрватска мора да биде отворено, мобилно и иновативно општество. Затоа, образованието и науката се од посебен јавен интерес. Образованието во Хрватска им е достапно на сите, под еднакви услови. Државата презема одговорност за развојот и управување на образовниот систем во соработка со приватниот сектор.

Нужноста за воспоставување на Стратегија за образование, наука и технологија во Хрватска произлезе од длабоките промени во општеството, како последица на глобалното окружување, но и внатрешните општествени, економски, културни и демографски промени. Токму поради ова би Македонија би ребало да размислува на таков начин.

Таквите околности бараат долгорочно размислување за местото на образованието и науката во општеството, особено во создавањето на иновативно општество и економија, приспособливи на идните предизвици кои денес е тешко или невозможно да се предвидат.
Во современите општества, капиталот вложен во човечкото знаење има предност за развојот на земјата. Ова го наметнува концептот на доживотно учење како основа на образованието, кој ги поттикнува поединците од која било возрасна група да учат, им овозможува постојан пристап до образованието и препознава различни форми на учење.
Образованието треба да се заснова на следниве принципи: оосновно образование да биде задолжително, да се обезбеди вклученост на сите лица, а особено оние кои се изложени на маргинализација. Во образовниот систем, кој се заснова на научни сознанија, да се почитуваат човековите права и правата на децата, сите вработени во системот да ја почитуваат професионалната етика, одлуките да се носат на демократски начин со учество на сите клучни фактори, Факултетите и наставниците да бидат независни во дизајнирањето на својата работа, да го почитуваат интеркултурализмот и да се следат европските трендови во високообразовните институции. Македонија како потенцијална земја членка треба да биде во чекор со барањата и препораките на ЕУ, што секако ќе придонесе за побрзо членство во Унијата.

Како до поквалитетно образование? Што треба да се направи, да се реформира за да се подигне квалитетот на образованието во Македонија?

Кога зборуваме за квалитетно образование, тогаш мора да размислуваме за квалитетен и функционален Национален план за унапредување на социјалната димензија на високото образование во Македонија. Хрватска, на пример, е една од трите земји во Европската унија, заедно со Австрија и Ирска, која има посебен стратешки документ поврзан со социјалната димензија на високото образование.

За спроведување на Националниот план треба да бидат одговорни органите на државната управа, јавните и приватните универзитети, бизнис заедницата и граѓанското општество. Притоа, треба да се дефинираат неколку приоритетни цели:

Првата цел треба да биде фокусирана на систематско собирање и обработка на релевантни податоци со цел да се евидентира бројот на ученици кои доаѓаат од ранливи и недоволно застапени групи. Тука, најголем дел од мерките треба да бидат насочени кон објавување на студии наменети за одредени ранливи и недоволно застапени групи, методологии за следење на образовните и професионалните патишта на студентите според нивниот образовен и економски статус.

Втората цел е исто така насочена кон ранливите групи. Голем број на високо образовни институции спроведуваат активности за зголемување на интересот за пристап до високото образование за ранливите групи на пример, се одржуваат денови на кариера, денови на алумни, денови на отворени врати, некои универзитети склучија договори за соработка со детски домови и центри за млади од алтернативна грижа, односно активности за рана интервенција со цел да се спречи ризик од предвремено напуштање на училиштето.

Третата цел е да се обезбедат еднакви можности за сите студенти за време на студирањетопреку нематеријална поддршка, флексибилност на студиските програми, подобрување на ресурсите за учење, па се до професионален развој на наставниците и помошниот кадар за работа со ранливи групи.Високообразовните институции треба да обезбедат ресурси за учење и наставни материјали; на пример преку формирање виртуелна библиотека за време на пандемијата, усвојување регулативи за менторство на наставници, зголемување на библиотечниот фонд, достапни онлајн ресурси итн. На факултетите исто така им треба развиен систем за менторство, на пр. студентски асистент, менторство на наставници во текот на студиските години, поддршка од колеги, комисии за недоволно застапени и ранливи групи, координатори и ментори за ученици со попреченост.

Четвртата цел треба да биде насочена кон подигнување на стапката на завршени студии и вработување на ранливите групи по завршување на студиите, а главните мерки се однесуваат на соработката на високообразовните институции со работодавачите, со цел да им обезбедат студентска пракса за недоволно застапените и ранливи групи студенти. Факултетите мора да се залагаат за задолжителна професионална пракса во рамките на студиските програми. Покрај тоа треба да спроведат истражување за задоволството кај студентите и кај работодавачите од спроведената стручна пракса. Високообразовните институции треба да формираат центри за развој на кариера, советувалишта за студенти со индивидуален пристап, да назначат ментори и менаџери за професионална пракса. Таквите центри би требало да организираат разни презентации, групно или индивидуално информирање и советување за пазарот на труд и вештините за барање работа. Факултетите треба да организираат работилници за подготовка за пазарот на труд, во кои ќе бидат вклучени и психолози и работодавачи.

Петтата цел е поврзана со подобрување на системот за финансиска помош на членовите од недоволно застапените и ранливите групи. Треба да се воспостави соработка меѓу Факултетот и средните училишта со цел да се мотивираат и да се овозможи упис на студенти од недоволно застапени и ранливи групи. Дел од Универзитетот и самите факултети треба да стипендираат студенти со послаб социо-економски статус или да даваат попусти на школарината. Пример за таква добра практика има УТМС Скопје.

И последната, шестта цел мора да се стреми кон обезбедување стандарди поврзани со инклузивноста и социјалната димензија. Факултетите мора да имаат организирани процедури за поддршка на студенти од ранливи и недоволно застапени групи, донесени прописи за менторската работа на наставниците, извештаи за менторската работа на наставниците објавени јавно на веб-страницата на високообразовната установа.

Кои се глобалните очекувања во однос на образованието за 2023 година?

Гледано глобално и Република Хрватска и Македонија, во следните години, ќе мора да дефинираат и да имплементираат голем број цели кои се суштински за дефинирањето на стратегијата во областа на образовниот систем.

Целите треба да бидат во согласност со стратешкиот документ на ЕУ, Европа 2025, како и со сите стратешки иницијативи кои произлегуваат од него, меѓу другото усовршување на образованието, модернизација, интернационализација на високото образование итн.

Со цел да се зајакне високото образование и да се постават основите за побрз развој кон општество на знаење, толеранција и еднакви можности, се спроведе Болоњскиот процес на реформи во високото образование како основа за понатамошен развој на европските високообразовни институции. Европските развојни трендови, кои нужно мора да се интегрираат во секој систем на високо образование, се одраз на свеста дека само преку синергија на високото образование, науката, иновациите и технологијата може да се постигне конкурентноста на Европа во глобален контекст.Севкупниот развој на хрватскиот и македонскиот високообразовен систем треба да доведе до компетенции на студентите за идни занимања, но и за креативна и иновативна работа и развој со цел самовработување и започнување нови економски и социјални субјекти.Исто така, треба да се истакне улогата на високото образование во развојот на квалитетни кадри за научно-образовниот систем. Функцијата „поучување на наставникот“ е основна задача од која зависи квалитетот на целокупното образование, а со тоа и сите сегменти од функционирањето на едно општество.

Со воведувањето на Болоњскиот процес во високото образвание дојде до важна промена во бројот и видовите програми што ги нудат високообразовните институции. Тие се обидоа да воведат нови, модерни програми кои ќе ги задоволат условите за нови видови работни места, но имаше и мултипликација на програмите, па дури и обновување на некои од старите програми за кои веќе нема социјални потреби.

Универзитетите мора да развијат и истражувачка дејност, која треба соодветно да се вгради во образовниот процес како една од основните претпоставки за спроведување на Универзитетските студии.

Image
Newsletter