„Секој атом во мене е проткаен од желбата за летање и достигнување нови височини“ Катерина Кајсторовска – единствената жена капетан, пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија

Катерина Кајсторовска – единствената жена капетан, пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија

„Летањето бара посветеност, понекогаш и откажување од многу работи. Многу време поминато далеку од дома, далеку од луѓето кои ги сакам, живот по хотелски соби и изнајмени станови. Јас сум задоволна и исполнета, секој атом во мене е проткаен од желбата за летање и достигнување нови височини“, вели во ексклузивно интервју за Магазинот за туризам и менаџмент, Катерина Кајсторовска. За успехот во нејзината професија вели дека се клучни дисциплината, упорноста, менталната снага, понекогаш и способноста за брзо снаоѓање во различни и непредвидливи ситуации. Освен работата како пилот, таа е и магистер по човечки ресурси на Универзитетот Скопје.

Катерина Кајсторовска е единствената жена капетан, пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија.

Катерина Кајсторовска е единствената жена капетан, пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија.

Катерина Кајсторовска е единствената жена капетан, пилот и инструктор на Боинг 737 во Македонија. Што е потребно да се биде жена-пилот на Балканот, храброст или упорност? Што беше пресудно да се одлучите за оваа професија?

Жена-пилот на Балканот е посебен сој жена. Таа е амазонка, упорна во типично машка професија, индивидуалец кој во себе носи желба што се граничи со невозможното, а таа желба е да се освои небото што нема граница. Јас тука немав компромис, професијата си ја одбрав уште во раното детство, кога пробав да скокнам со чадор од тераса, за среќа – неуспешно.

Кој беше вашиот прв самостоен лет и можете ли да ни ги откриете тогашните впечатоци?

Мојот прв самостоен лет е на 17 јули 1990 година во Вршац, на мал едномоторен авион тип Цесна 172. Инструкторот што ми беше одреден за тој ден, не ми рече ништо на брифингот пред летот. На вообичаен тренинг летаме 5 школски круга. По два школски круга, ми рече – одиме на платформа и паркирај го авионот тука. Во ред, така и направив. Во глава ми најдојдоа милион мисли: зошто сега да паркирам, нели требаше пет круга да летаме?

Тој почна да излегува од авион, го закопча појасот на своето седиште и само ми рече – ајде сега ова исто, само сега одиш сама. На 15 години сама да управувам со авион е чувство најблиску до еуфорија, јас така го опишувам. Со солзи радосници стигнав до првата скала, се смеев, бев црвена како булка во лицето од возбудата што ме обзеде во тој момент.

Вие ги разбивте стереотипите и во земјава и во регионот. Колку имавте поддршка од блиските, но и на какви предрасуди наидовте во општеството?

Кога почнував јас, беше чудно жена да управува со авион. Но, полека, стереотипите се разбиваа. Најголемата поддршка во животот од првиот ден до денеска ми е мојот татко, кој секогаш ми е ветер во грб и ме подржува во моите одлуки.

Кајсторовска: „Најголемата поддршка во животот од првиот ден до денеска ми е мојот татко.“

Кајсторовска: „Најголемата поддршка во животот од првиот ден до денеска ми е мојот татко.“

Која е вашата највозбудлива случка во височините?

Сега ме ставивте на голема мисла. Случки имало многу, навистина многу. Се случи на лет од островот Крит, Хераклион кон Белград. Дојдовме вообичаено на подготовка за лет и полетавме кон Белград. Контролата за летање во Атина, нѐ праша дали сакаме да слетаме во Солун. Се зачудивме зошто не прашуваат, зашто нашиот лет е за Белград. Тие ни одговорија дека аеродромот во Белград е затворен. Сите контроли на летање нѐ прашуваа попатно дали сакаме да слетаме, со истиот одговор дека аеродромот во Белград е затворен. Дојдовме и до контролата надлежна за Белград, и тие ни рекоа дека во текот на ноќта имале инцидент со авион што на слетување останал на пистата и не можеле да го тргнат. Ни рекоа дека ќе потрае. Влеговме во патеката за чекање над Ваљево и вртевме во неа околу 40 минути. Имавме среќа што мојата интуиција ми наложи тоа утро да земеме повеќе гориво од вообичаеното, а ни беше дозволено и од компанијата за која што летавме од Грција бидејќи се одржуваше светско првенство во фудбал. Дојде и време да одлучиме дали ќе чекаме уште или ќе одиме на алтернативен аеродром. Имавме четири минути за одлука. Одлучивме ако не ни дозволат да слетаме за тие четири минути, да одиме директно за Софија. Среќа, во тој момент контролата ни јави дека инспекцијата поминала и дека го отвораат Белград. Слетавме во Белград и дознавме дека таму нѐ чека кошаркарската репрезентација на Србија. Со мало задоцнување стигнавме навреме за да се одигра квалификациски меч помеѓу Србија и Грција.

Летањето бара посветеност, понекогаш и откажување од многу работи. Вредеше ли целата жртва што ја дадовте за оваа професија?

Откажувања имало многу и уште има. Слободното време да го посветиш на учење од една страна, работење две работи – дење стјуардеса, ноќе крупие во касино – за да соберам пари за часови по летање во најголемите финансиски кризи во регионот. Многу време поминато далеку од дома, далеку од луѓето кои ги сакам, живот по хотелски соби и изнајмени станови. Јас сум задоволна и исполнета, секој атом од мене е проткаен од желбата за летање и достигнување нови височини.

Знаењето стекнато на Универзитет Скопје ми беше надополнување  на професијата, во делот на светското културно наследство моите патувања беа збогатени со тоа знаење. Како инструктор во авијација менаџирањето на човечките ресурси е од есенцијална важност. Академскиот кадар на УТМС ми излегуваше пресрет кога ќе се случеше да ми се поклопат работните обврски со некој колоквиум или испит. Максимално ангажирани и кооперативни, за секоја пофалба. Голема благодарност до целокупниот академски кадар на УТМС

Кајсторовска: „Откажувања имало многу и уште има.“

Кајсторовска: „Откажувања имало многу и уште има.“

Кои карактеристики се најважни за да биде една личност успешна во оваа професија?

Карактеристики и вештини што се важни и кои се користат во оваа професија има многу, ги користам и ги усовршувам секоја на свој начин. Но, би ги издвоила дисциплината, упорноста, менталната сила, фокусот, тврдоглавоста понекогаш, способност за брзо снаоѓање во различни и непредвидливи ситуации. Тој пат за мене претставувал пат на личен развој, како на професионално поле, така и на ментално поле, а и на енергетско поле. Гледано од оваа перспектива, јас сум мирна и благодарна за шансата да  докажам пред себе и пред другите дека детските соништа се остваруваат.

Освен работата како пилот, вие постојано се усовршувате. Академски сте и менаџер на човечки ресурси на УТМС. Колку сте задоволни од стекнатато знаење и од академскиот кадар?

Знаењето стекнато на Универзитетот Скопје ми беше надополнување  на професијата во делот на светското културно наследство, моите патувања беа збогатени со тоа знаење. Како инструктор во авијација, менаџирањето на човечките ресурси е од есенцијална важност. Академскиот кадар на УТМС ми излегуваше пресрет кога ќе се случеше да ми се поклопат работните обврски со некој колоквиум или испит. Максимално ангажирани и кооперативни, за секоја пофалба. Голема благодарност до целокупниот академски кадар на УТМС.

Што би им препорачале на младите и на идните генерации кога треба да се одлучат за животната професија?

Мислам дека најголема инспирација е тоа да покажете некому дека може сѐ да се оствари, секоја замисла, дури и најлудите соништа ако се верува во себе. Живееме во време кога се рушат предрасудите во поделбата на улогите на  половите, поделбата на машки и женски професии. Ова не се однесува само на оваа професија бидејќи и реакцијата на машките е иста. Некогаш и тие сонуваат да летаат, но не се во можност да си го исполнат сонот, па кога ќе стигнале на целта, се радуваат како мали деца. Изборот на професијата влијае на целокупниот развој и животен пат. Затоа е исклучително важно да ве исполнува и да ве носи надвор од сите потсвесни програмирања, во слободата на постоењето на секое ниво.

katerija-kajstorovska-2.jpg

Кои се вашите идни планови поврзани со професионалната кариера?

Креативноста во постоењето постојано ги менува желбите, но во основа се сметам за среќна и исполнета. Се надевам само да го задржам курсот на кој ќе бидам здрава, самостојна, да можам да им одговарам успешно на сите свои желби и предизвици. Верувам дека успехот е во пронаоѓањето личен баланс во битисувањето.

Приватно останува малку време, но што ве исполнува?

Приватното време го користам за патувања во приватна режија. Претходно си бирам дестинација, се едуцирам за традицијата и историјата на таа земја и почнувам да ја освојувам. Возам велосипед и пешачам за да останам во добра психофизичка форма, сакам дружба со пријателите што сите овие години останаа покрај мене без оглед на физичката оддалеченост.

Image
Newsletter