Цената на енергетската транзиција ќе ја платиме сите!

Цената на енергетската транзиција ќе ја платиме сите!

До кога ќе трае кризата? Кога ќе се нормализира цената на енергенсите? Дали ќе мора да чекаме да заврши војната? Дали по војната ќе се возобноват старите економски врски? Многу дилеми и прашања, без прецизни одговори.

Светот е во голема криза, граѓаните се силно погодени по џебот од енормно високата инфлација.
Компаниите, пак, стравуваат дека нема да ја преживеат зимата со сметки за струја што се шест до десет пати повисоки споредено со претходната година. Бараат решение од државата, но државата не може да се справи ниту со кражбите на струја, кои во некои општини изнесуваат дури 20 проценти.

Цената на енергетската транзиција ќе ја платиме сите, а по зимата ќе цениме дали ни била државата партнер во тешките денови.

Во меѓувреме, Македонија се соочува со највисока инфлација и со најнизок раст на економијата во регионот. Банкарите од Вашингтон алармираат дека е можно Македонија да влезе во краткорочна техничка рецесија, односно негативен економски раст, кој би траел еден квартал.

Ваквата драматична криза кај сите национални економии наметна алармантна, вонредна состојба, која бара итни мерки за избегнување на целосен економски колапс.

Светот и Европа се на нозе. На потег се креаторите на економските политики во Македонија да се мобилизираат и да покажат одговорност пред граѓаните!

Image
Newsletter