Довербата од граѓаните силен мотив за новата власт

Довербата од граѓаните силен мотив за новата власт

Двојните изборни процеси во Македонија завршија, ВМРО-ДПМНЕ извојува убедлива и историска победа. По две децении, ДУИ конечно оди во опозиција. Земјава за првпат доби и жена-претседател, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова. Она што по бурниот изборен период ги интересира граѓаните е дали ќе живеат подобро и што ќе промени новата Влада на социјален, економски и на политичка план.

ВМРО-ДПМНЕ во програмата 1198, објави дека има план да го намали за 10% бројот на јавните институции, се предвидува укинување на позицијата заменик-директор, како и намалување на управните и на надзорни одбори и бројот на учесници во нив, за да се намали бесполезното трошење на народните пари. Планирани се и нови министерства за енергетика и за спорт.

Граѓаните очекуваат жестока борба со корупцијата и справување со инфлацијата. Скапиот живот, невработеноста и корупцијата како најголеми проблеми за населението треба да бидат главните задачи на идната Влада. Народот го направи својот избор, а партиите сега ќе мора да го исполнат ветеното, она што веќе го најавија во предизборната кампања. Изборите повторно покажаа дека народот разликува реални проекти од популизам, казнува и наградува, дава и одзема власт!

Image
Newsletter