Како да ги задржиме младите умови дома?

Како да ги задржиме младите умови дома?

Секој трет млад човек сака да се исели од државата. Незадоволни од системот во кој живеат, од недоволно вреднуваниот труд, тие сакаат да го напуштат родното огниште.

Најзагрижувачки е што си заминуваат младите високообразовани кадри оставајќи ја земјава без развојни перспективи. Одливот на мозоци од година во година расте. На прсти се бројат младите што сакаат да останат во земјава. Каде „затаи“ системот? Каде потфрли државниот апарат? Зошто ретко кој млад човек својата иднина ја гледа во Македонија?

Кого и да прашате какви се македонските работници на работа во странство, ќе добиете најдобри препораки за нивните перформанси. Па зошто тогаш, македонските компании се жалат дека не можат да најдат квалитетен и квалификуван кадар меѓу илјадниците невработени лица во земјава кои бараат активно работа? Дали луѓето намерно „си ги кријат вештините“ поради ниските плати за да не бидат „натоварени“ со дополнителни обврски или, пак, навистина немаат вештини и знаења? 

Анкетите покажуваат дека две третини од младите едвај чекаат можност да си заминат бидејќи се незадоволни од образованието и не гледаат перспективи за развој. 

Како главна причина се посочуваат незадоволството од квалитетот на образовниот систем и недостигот од практична настава. Младите сметаат дека ако се подобри квалитетот на образованието, може да се подобри и квалитетот на живот. Здраво образование е гаранција за здрав и силен развој на општеството, па затоа и очекувањата се промените да почнат од најважниот столб за сегашните и за сите идни генерации!

Image
Newsletter