Секоја жена има моќ да напише историја, да создаде подобро утре и да остави белег во светот. Кога жените успеваат, сите успеваме и стануваме посилни. Но, патот до успехот никогаш не е лесен. Потребна е напорна работа, посветеност и храброст.
Да се биде мајка, сопруга, сестра, но истовремено да бидете професионално успешни во вашата работа не е воопшто лесно. Тоа бара голема жртва,одрекнувања, но и подршка од најблиските.
Дамите секојдневно се среќаваат со стереотипи додека цврсто газат на своите лидерски позиции. Потребна е свест и храброст за идните генерации. Сите ние треба најостро да му се спротивставиме на насилството врз жените, да инвестираме во квалитетно образование за девојките, но и да ги извадиме од сиромаштија маргинализираните жени. Да отвориме повеќе работни места за жените и да овозможиме нивни напредок во кариерата.
Жените секогаш може да бидат на врвот, вклучително и во приватните компании. Важно е да се идентификуваме како силни и способни жени, храбри и подготвени да ги реализирме своите соништа!