На младите е иднината, но каде се тие во сегашноста?

На младите е иднината, но каде се тие во сегашноста?

Младите се највредниот ресурс на една нација, тие носат нова енергија и се светла точка на секое општество. Но, реалноста е малку поинаква. Секој трет млад човек размислува или заминува во странство во потрага по „подобро утре“.

Најзагрижувачки е што си заминуваат младите високообразовани кадри оставајќи ја земјава без развојни перспективи. Немаме филозофи, физичари – постои голем дефицит на кадри. Секоја година има само по четворица студенти на Катедрата за македонски јазик.

Дали ќе го вклучи одливот на мозоци алармот кај надлежните? Како да создадеме услови за да останат дома, што треба да промениме?

Економските можности, подоброто образование и квалитетниот живот се само некои од причините поради кои младите ја напуштаат државата. Затоа овие алармантни бројки треба да нѐ освестат и да нѐ потсетат дека наша одговорност како општество е да ја промениме оваа состојба. 

Ако сакаме младите да си ја чувствуваат како своја иднината во оваа држава, тогаш треба да учествуваат во креирање на таа иднина и да бидат рамноправни партнери на секоја владејачка гарнитура. Институциите мора да почнат да ги гледаат младите како важни фактори во рамките на креирањето на политиките. За почеток, да им ја вратиме вербата во системот и да им понудиме квалитетен живот во сопствената земја!

Image
Newsletter