Наместо стимул, казни за бизнисот?

Наместо стимул, казни за бизнисот?

Наместо борба со сивата економија и санкции за оние кои не издаваат фискални сметки, власта удира по грбот на фирмите и граѓаните кои редовно плаќаат даноци. За лојалните плаќачи на обврските и на даноците, власта скрои нов солидарен данок.

Бизнис-заедницата побара целосно стопирање на даноците, но Владата не ги послуша, па наместо преку дебата, ги турка законите по скратена постапка. 

Со  даночната реформа, државата планира да собере дополнителни 140 милиони евра во буџетот, од кои половина ќе бидат од солидарниот данок, а останатите од ДДВ и од данокот на добивка.

Бизнис-заедницата реагира дека законското решение ги казнува и дополнително ги оптоварува компаниите кои важат за најголеми плаќачи на даноци и кои го полнат буџетот. Советот на странски инвеститори веќе алармираше дека нивните компании размислуваат своите бизниси да ги лоцираат во соседството, каде што немало вакви или слични законски решенија.

Додека бизнисот упорно алармира дека солидарниот данок и тоа како ќе им ги наруши плановите и ќе ги одвлече странските инвеститори од вложување во земјава, Владата уверува дека парите од солидарниот данок одговорно ќе се трошеле за справување со негативните последици од енергетската и од економска криза. Останува отворено прашањето дали зголемувањето на даноците треба да биде прва или последна опција за власта да собере нови пари во државната каса?

Image
Newsletter