Народот нема пари за леб, но функционерите ќе јадат октопод!

Народот нема пари за леб, но функционерите ќе јадат октопод!

Инфлацијата го изеде стандардот на граѓаните. Поскапе живејачката, од ден на ден граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Власта бара сите да штедат, ама таа се луксузира со морски плодови. Среде криза троши милионски суми за набавка на морски плодови. 

Фактот што Македонија има највисока инфлација во регионот покажува дека кај нас нешто „не штима“, односно дека Владата не се снајде во определувањето на мерките.

Кога цените на берзите растеа, таа ги ограничи крајните цени на производите, а со оглед на тоа дека сме увозно зависни, мерката се покажа како лоша. Сега, кога цените на храната на берзите се намалуваат, само за мал дел производи има ограничена маржа. Во таков амбиент, некои производители и трговци со храна најдоа „село без кучиња“.

И гладни и смрзнати во време кога зимата тропа на врата, кај нас сѐ уште не се знае кој ќе ги грее скопјани. Иако граѓаните цела година плаќаат парно, а од август нивните сметки се повисоки, зимава може да останат без топлина во своите домови. Владата уверува парно ќе има, но не кажува кој ќе ги грее скопјани. 

И додека во Македонија има само декларативни заложби за помош, земјите членки на Унијата сериозно ја сфатија енергетската криза и побрзаа да им помогнат на граѓаните. Сепак, дури ниту ова не го спречи незадоволството, па масовни демонстрации имаше во повеќе градови во Германија и во Чешка.

Владата мора да си најде начин како да ја заузди инфлацијата. Тоа не е едноставна формула. Треба да им помогне и на земјоделците и на компаниите. Институциите се платени да носат соодветни економски политики од кои ќе бидат задоволни сите – и земјоделците, и компаниите, и граѓаните, а кризните периоди се само тест за тоа што знаеле односно што не знаеле да направат. 

Image
Newsletter