Не барај го од другите она што самиот не го даваш!

Не барај го од другите она што самиот не го даваш!

Често зборуваме за професионалност. Ја очекуваме од лекарите, наставниците, судиите, продавачите... Од сите. Но, дали сме самите ние професионални?

Професионалноста не е привилегија само на оние со високо образование. Таа е човечка вредност – како чесноста, одговорноста, почитувањето на зборот. Таа се препознава во обичните секојдневни навики што ги имаме - дали доаѓаме навреме, како слушаме, како реагираме кога нешто не оди според планот.

Во денешно време, кога сè повеќе се губи довербата во институциите, токму личната професионалност може да биде основа за промена. Кога ќе ја изградиме во себе, полесно ќе ја препознаеме и ќе ја бараме и од другите. Ќе бидеме пример и ќе инспирираме.

Нам ни требаат вредности, не импровизации. Пред сè, дисциплина и професионализам, особено во здравството, судството и образованието – трите столба на секое општество. Ако не се тие цврсти и стабилни, државата ќе ни се клати на „стаклени нозе“.

Вистината е едноставна: успехот не доаѓа случајно. Тој е резултат на јасна визија и издржан солиден план. А патот до таму? Почнува со нас самите. Од нашиот интегритет, од нашата дисциплина, од нашата професионалност! Па – да тргнеме!

Image
Newsletter