Неизвесноста е присутна насекаде. Не постои поле во економијата во кое ризикот не е димензија во животот на граѓаните за донесување на посакуваната одлука. Теоријата за финансиите ја засилува неизвесноста во процесот на донесување одлуки. Пресликувањето во макроекономијата се потврдува со признанието на важноста на ризикот во објаснувањето на индивидуалните и на колективните одлуки. Производството, потрошувачката, инвестициите и работните одлуки може целосно да се предвидат ако неизвесноста е земена предвид во процесите за донесувањето на потребните одлуки.
Неизвесности произлегуваат и од согледувањата дека Република Македонија има стопанство незакрепнато од ризиците поврзани со пандемијата, блиско географско опкружување во кое функционира воен конфликт и секојдневни неизвесности од безбедносните конфликти од Западен Балкан. На ваквите предизвици наметнати од конфликтите се надоврзуваат и проблемите произлезени од постпандемиското отворање на економијата и од енергетската криза како главен извор за нарушување на условите во стопанството на пазарот на енергија и на прехранбени производи, кои ги засенија мошне брзо инфлациските притисоци.
Процесите споменати погоре наметнуваат големи трошоци на општественото уредување. Потребата од обезбедување на целосна стабилност, отворено бара брзи и ефикасни решенија во намалување на ценовните шокови и нивно сведување до подносливост за сите субјекти во општеството.
Задачата за комбинирање на напредокот со стабилноста на цените, моментално претставува голем и нерешлив проблем на агрегатната економска понуда и побарувачка. Потребно е да се изнајде задоволителен компромис кој носи раст и развој, со кој може да се оди напред од една страна, и цена со која може да се задоволи другата страна. Макроекономската стабилност е важна алка за стабилност на вкупниот економски развој. Практично, стабилноста на цените е основа за димензирање на производството и на вработеноста на долг рок. Спротивно на тоа, во услови на инфлација, сериозно е оневозможена ефикасна пазарна издржливост и алокација на финансиските ресурси предизвикани поради нарушувања што ги создаваат постигнатите релевантни цени. Ваквата парадигма ја потврдува законитоста која се потврдува и во македонското стопанство, каде што емпириските истражувања покажуваат дека стопанството во Република Македонија постигнува највисока развојна динамика во услови кога инфлацијата се движи во зоната од 0 до 11%, за што треба да се отвори сериозна дебата од институциите за одржливоста на ваквите определби.
Инфлацијата не е ограничена само на земјите чие население има високи примања. Истото е доста карактеристично во земјите во развој, кои сериозно се потпираат на потребите да ги финансираат владините трошоци.
Во наредниот текст, ќе ги анализирам трошоците за агрегатната цена и инфлација како горливо прашање кое сериозно ги изместува потребите на граѓаните и на општеството во целина, со дефинирање, мерење и историја на нивото на цените и на инфлациите.
ПРИРОДАТА И ВЛИЈАНИЕТО НА ИНФЛАЦИЈАТА
Инфлацијата означува пораст на генералното ниво на цените, каде што висината на инфлацијата претставува, промена на генералното ниво на цените. Се поставува прашањето како да го измериме нивото на цени што е вклучено во процесот на нивното дефинирање. Теоретски, нивото на цени се мери како едностран просек на работата и на средствата во економијата.
Во практиката, се мери севкупното ниво на цената, со создавање на ценовен индекс, кој претставува просек на потрошувачите или цените на производителите. Како пример, ќе ја земам 2022 година, кога потрошувачките цени пораснаа за повеќе од 14,2%. Истата година, пораснаа цените на сите главни производи и услуги, како што се храната, пијалаците, горивата, електричната енергија, облеката, превозот, медицинската нега. Ваквиот генерален тренд на пораст на цените се нарекува инфлација. Се разбира сите цени имаат различен процент на пораст. Во текот на 2023 година, цените на храната и на енергијата останаа исти со значајни промени, додека пак цените на становите пораснаа, но просечното ниво на цените изнесува повеќе од 13%, а најавата за инфлација за цела 2023 година, е предвидена да не помине повеќе од 9%.
Кога станува збор за порастот на инфлацијата, укажуваме за движењето на индексот надолу, кој претставува мерка за општото ниво на цени или попрецизно, тоа е субјективен просек на цени на добрата и услугите. Во тој случај, при воспоставување на ценовен индекс, економистите ги мерат индивидуалните цени со економска значајност на секое добро. Најзначајни ценовни индекси се индексот на потрошувачки производ, бруто-дефлаторот и индексот на производствени цени.
Индексот на потрошувачки производ е најкористената мерка за инфлација и ја мери цената на купување на стандардната потрошувачка кошничка, на добра во различни периоди, каде што е вклучена цената за храна, облека, дом, гориво, превоз, образование, како и други потрошни добра и услуги во секојдневието. На тој начин се мерат различни цени при воспоставување на ценовниот индекс. Би било несериозно ако тоа се прави со обично собирање на различни цени или истите да се мерат според нивните количини или волумен. Значи цените се воспоставуваат со мерење на секоја цена посебно, согласно економското значење на секое добро. Можеме да дадеме нумерички пример за да илустрираме како се мери инфлацијата. Да претпоставиме дека потрошувачите купуваат три вида на добра: храна, дом/засолниште и лекарства. Резултатите на истражувањето на хипотетичкиот буџет покажуваат дека потрошувачите користат 50% од својот буџет на храна, 30% на дом, и 20% на лекарства.
Индексот на потрошувачките цени го мери нивото на цените при големопродажбата или во производствената фаза. Тој се заснова на бројка од повеќе од 3.500 цени на добра, вклучувајќи цени за прехранбени производи, производствени добра, но и добра добиени од рудни ресурси. Тука акцентот се фиксните мерки, кои се користат за пресметување на индексот на потрошувачкиот производ, односно нето-добивката на добрата, кој поради деталност, често се користи од претпријатијата и од претприемачите.
Меѓутоа, проблемот при мерењето кај индексот на цените, како што е индексот на потрошувачките производи се од голема корист при изборот на индексниот број за соодветен период кој резултира врз животниот стандард, и е преценет во однос на состојбата каде што потрошувачите го заменуваат релативно евтиниот за релативно скапиот производи.
Вториот проблем при мерењето на индексот на цени произлегува од фактот што индексот на потрошувачкиот производ ќе има прецизен пристап на промените во квалитетот на добра и на услуги.
Економското влијание на инфлацијата во фокусот на контрола ја ставаат Централната банка, која има консензуалност за тоа што содржи инфлацијата, што претставува, бидејќи има силно влијание врз цените, но и врз платите кои во основа се движат со иста ставка. Во суштината, настанува промена на релативните цени, каде што како резултат на девијацијата на релативните цени се оживотворуваат два сериозни ефекта од инфлацијата. Прво, настанува редистрибуција на приходите и добрата помеѓу различните групи. Второ, настануваат дисторзии на релативните цени и на резултатите на различните добра, или понекогаш во резултатите и во вработувањата како целина.
Влијанието на инфлацијата врз економската ефикасност најчесто се реперкуира при дистрибуцијата на приходите во економијата во две специфични области. Прво, влијаење на вкупниот излез, и второ, на економската ефикасност поради дисторзии на цените.
За одржувањето на макроекономската стабилност, пресудно значење има фискалната и макроекономската политика. Од фискалната политика се бара усогласеност на производните цени, да се почитува законската определба за намалување на инфлаторното финансирање на буџетскиот дефицит со задолжување во централната банка и доведување на јавниот долг во рационално ниво, како и со рационализацијата на ефектите на буџетската потрошувачка при задолжување на државата кај финансиските пазари.