Професионализам наспроти аматеризам

Професионализам наспроти аматеризам

Многу често слушаме колку е важен професионализмот во која било ситуација, но колку навистина се придржуваме до него? Сите ние од другите бараме професионалност, но колку сме ние самите професионални?

Професионалноста не се однесува само на позициите што ги дефинираме како професии што бараат високо образование, туку се однесува за сите професии и квалификации. Професионалноста е како домашно воспитание, но и повеќе од тоа.

Во животот, во бизнисот, во пријателството, професионалноста е она што треба да го имаме сите во нас, затоа што само ако си професионален, можеш да успееш. Денеска во животот е важно луѓето да може да се чувствуваат сигурни во вас и да знаат дека она што сте се договориле, ќе биде исполнето и завршено навреме.

Настапувајќи професионално, градите доверба кај луѓето, околината може да верува во вас, ќе ве почитува, а со тоа воедно ја градите вашата компетентност.

Да се ослободиме од наметнатиот ни конформизам, да бидеме свои и единствени. Зашто, без заедништво нема просперитет. Не смееме да си дозволиме грешки што ќе ни се вратат како бумеранг, не треба да дозволиме самоуништување.

Патот до успехот се заемната соработка и професионализмот. Ајде и ние да почнеме да ги применуваме. Барем што се однесува до трите главни столбови: здравството, судството и образованието.

Целта без план е само желба. Но, ако се усогласат двете добро, може да имаме долгорочен успех!

Image
Newsletter