Тешка економска година!

Тешка економска година!

Оваа година нема да биде идеална на економски план. Според прогнозите, светот нема да им се врати на потребниот и посакуван раст ниту во 2024 година. Пандемијата и енергетската криза, но и војната во Украина, ги попречија нормалните економски текови. Енергетската и ценовната криза ги исцедија граѓаните и стопанството.

Лош е амбиентот во кој македонската економија влезе во нова етапа, поплочена со стари предизвици. Скапата струја, рекордната инфлација, правната несигурност се само некои од проблемите што ќе тежат и годинава и ќе бараат многу труд, волја и знаење, за да се надминат ефикасно.

Ударот од кризата го чувствуваат сите, но најмногу обичните граѓани што веќе се отрпнати на ветувањата за постабилна и попросперитетна иднина. Живејачката драматично поскапе, а владината помош не беше доволна. Се затворија стотици фирми, многумина останаа без своите работни места.
Апелите од економската фела се македонската Влада итно да реагира и со конкретни мерки да им излезе во пресрет на компаниите и на граѓаните. Во спротивно, стравува од дополнително продлабочување на кризата.

За неизвесноста или извесноста околу состојбите на македонската економија, многу нешта ќе зависат и од развојот на случувањата со војната во Украина, како и од состојбите на пазарите во земјите од Европската Унија, која е клучен трговски партнер.

Image
Newsletter