Where are you going Macedonio? Каде одиш наша Македонијо?

Проф. д-р Сретен Миладиноски, професор на Универзитет Скопје

Читајќи ги секојдневните новини и случаи и гледајќи ги телевизиските информации секојдневно се чудиме дали постојат вакви проблеми кои секојдневно ни се јавуваат и ги пресликуваат од ден на ден без тоа да се промени или реши проблемот со соодветна  акција на надлежните и одговорни субјекти (да не речам институции, зашто е голем збор тоа) и за настанатиот проблем. Овие денови гледаме телевизиски извештаи за Судан и ред други „афрички“ земји и ако не сакам да верувам, но во мислите ми се појавува една реалност дека компарацијата која човек може да ја направи барем со неразвиениот африкански регион или држави овие земји предничат пред земјата која се бори за влез во Европа (Т.Е. Нашата и мојата татковина). Станува збор за урбанистичкиот хаос кој се јавува кај нас и урбанизацијата на одредени градови кои се лоцирани во овој регион, каде што целиме НА ЗАПАД. Гледаме градови со прави улици (за жал денес со разрушени згради) а кај нас таа флоскула т.н. урбанизација се мистифицира како нерешлива и се оправдува дури со одредени законски тешкотии кои како да се надлежни други држави. Овие денови дури странските амбасади и делегации доаѓаат да ни укажат за нашата небрежност и немарност во спроведување на урбанистичката политика.

Насекаде диво изградени објекти, насекаде променети улици поради потреба на некоја градба од урбанистичката мафија. А ние односно нашите надлежни институции си гледаат сеир од ваквата „„убава слика“ ЕЕЕЕ НАША МАКЕДОНИЈО. Дали не сакаме или имаме друг интерес да се воспоставува вакво урбано криминално секојдневие. Почнувајќи од највисокиот законодавен дом па се до извршните органи заедно со  инспекциските служби имаме немо посматрање на состојба која со генерации го нарушува просторот, пошироката средина, условите за живеење како и целокупната безбедност на овој народ кој очекува веќе 30 години (може и повеќе) да живее во една средина која преку ноќ може да биде средена само ако се сака и има желба да се постават и решат ваквите урбанистички проблеми. Гледано пред неколку години убава населба за мирен живот спокој како идила на гратчето Пејтон и сега наеднаш солитери од десетина ката каде што (спрема телевизиската серија верувале или не) без никаков документ ни дозвола а веројатно со „усна дозвола (или преќутна дозвола)“ на надлежниот градоначалник или надлежната служба изникнува ваква дивоградба и која чекајќи го законот за легализација  смело продолжуваат да си е остваруваат својата урбанистичка мисија.  Пред неколку дена се огласи градоначалникот на општина центар (Скопје – Центар, центар на нашиот главен град) со идеа за да се спаси оваа напатена земја од овој урбанистички напаст и никој не сакаше да му возврати или пофали барем за идејата на решението за  на овој горлив проблем. (Фраер, му благодарам на инцијативата). Ги прашуваме претставниците на народот во законодавниот дом зошто не сакате да го решите овој проблем. Вие секоја седница поднесувате по некој  предлог (да не речам модерно амандман) закон за решавање на одредени состојби ама изгледа само за популизам или реклама бидејќи во суштина не му навлегувате на реалниот проблем туку трајните негативни последици за вас не се многу интересни. Зошто по брза постапка на донесете закон каде секој диво изграден објект или било каков простор ќе биде санкциониран. Санкција, тоа изгледа за вас е само флоскула која е употребувате мои драги пратеници само за да се одржите  или дојдете на власт а потоа иста песна ќе продолжите да е пеете како и досега што го правеа претставниците на народот во македонскиот парламент. Зошто не донесете соодветен акт па дури може да биде и уставна категорија каде секоја диво изградена педа ќе биде одземена, национализирана, кривично и материјално санкционирана, Ако ги донесете овие мерки и правила би Ве прашал дали некој во оваа мала напатена земја ќе се осмели да гради незаконски и да се богати на грбот на сиромашниот народ бидејќи тој нема да е во состојба да гради уште долго време и тоа регуларно. Ако ги погледнеме вашите предизборни програми скоро сите го поставивте овој проблем на видна позиција но никогаш од осамостојувањето до денес не покушавте да го решите. Па дури и овој закон кој викате дека е заглавен во собраниските лавиринти не може да е реши оваа состојба ако не сакате целосно да му пристапите  а тоа е во корен да се сосечат никулците и да ги прифатите трите санкциони елементи одземање, кривична одговорност и материјално  санкционирање. До кога ќе одиш по овој пат МАКЕДОНИЈО, каде ќе те однесе ваквото работење Македонијо. Дали те чека Европа или ќе те одмине Африка...

Со почит,

Проф. Д-р Сретен Миладиноски
Професор на Универзитет Скопје

П.С.
Македонијо наша, ТУКА сме за тебе, татковино наша

Image
Newsletter