Живееме во турбулентни времиња кога зборот може да направи војна, но зборот може и да заврши војна. Светот се промени, се изгуби емпатијата меѓу луѓето, а на нејзино место дојдоа осудата и лицемерието.
Ни пречи ако некој чесно работи – зашто е успешен, наместо да се запрашаме што можеме ние да направиме за да станеме подобри.
Сè повеќе сме сведоци на личности кои се додворуваат за ситен интерес, наместо да останат карактерно свои.
Сите треба да ги избереме нашите зборови, но на таков начин што зборовите никогаш не се оружје, туку лек што смирува, тишина што разбира и мост што поврзува. Бидејќи понекогаш само еден збор може да го промени нечиј ден, а понекогаш еден збор може да го промени целиот нечиј живот
Збор изговорен во погрешен момент може да го сруши она што е градено со години. Збор изговорен со љубов може да подигне некого кој веќе се откажал. Луѓето често не слушаат што им кажуваме, туку што нивната болка толкува. Затоа секој збор што го кажуваме е голема одговорност.
Не е само во тоа што кажуваме, туку како, кога и кому го кажуваме.
Да не дозволиме човечноста да стане реткост. Да започнеме промена со тивок, но искрен гест, токму денес. Промената не почнува од светот, туку од нас!
