Зошто идните студенти треба да го изберат Универзитетот Скопје?

Проф. д-р Далиборка Блажеска, декан на Економскиот факултет на Универзитетот Скопје.

Животот е полн со избори, а изборите што ги правиме ја обликуваат нашата иднина. Во моментот кога ќе завршите средно училиште, се наоѓате пред една од најважните одлуки во животот. 

Дали да студирате економија, маркетинг, менаџмент на човечки ресурси, туризам, информатика...? Каде да се запишете? Зошто да го изберете Универзитетот Скопје?

Еве неколку причини зошто да студирате кај нас: 

  • Затоа што образовниот концепт се заснова на европски стандарди во системот на перманентно бодирање и оценување и на современи наставни програми.
  • Затоа што практиката на Универзитетот се заснова на најдобрите искуства и традиции на светските универзитети. 
  • Затоа што се работи во најсовремени услови за работа. 
  • Затоа што се работи во мали групи и се постигнува висока мотивација на студентите и многу висока стапка на полагање врз основа на знаењата и активностите на студентите.
  • Затоа што предметите се едносеместрални и студентите успешно ги полагаат преку колоквиуми, семинарски, презентации и студии на случај кои се реализираат во текот на целиот семестар.
  • Затоа што студентите имаат можност за мобилност во текот на студиите.
  • И на крај, затоа што по студиите, студентите се стекнуваат со знаења, компетенции и вештини кои им овозможуваат побрзо и поквалитетно вработување, што гарантираат висок рејтинг и добар имиџ на Универзитетот. 

Универзитетот Скопје може да се пофали со голем број успешни економисти, директори на маркетинг, менаџери на човечки ресурси.

Сакате и Вие да бидете успешни?

Запишете се Економскиот факултет и бидете дел од многубројните успешни приказни. Придружете ни се заедно да чекориме кон успехот!

Проф. д-р Александра Стоилковска, декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот Скопје.

Проф. д-р Александра Стоилковска, декан на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси на Универзитетот Скопје.

Факултетот за менаџмент на човечки ресурси е единствен факултет од ваков тип во државата и во опкружувањето. Менаџирањето на човечките ресурси е понова деловна дисциплина која навлезе во нашата држава по пат на глобализацијата и преземањето на методите на работа од развиените држави. Сепак, сѐ уште немаме целосна примена на менаџментот на човечки ресурси во нашите компании. Иако се вработени лица на позиција менаџер на човечки ресурси,  сепак, сѐ уште останува навиката тие да ги заменуваат некогашните кадровски одделенија кои се занимаваа исклучиво со евидентирање отсуства, стаж и боледувања на вработените. Денешната работна динамика не дозволува таков однос кон вработените. Токму затоа постојат секторите за менаџирање на човечките ресурси. Тие се занимаваат со сите активности потребни да се постигне задоволство од работата кај вработените, но тоа никако да не се одрази негативно врз ефикасноста на работата на организацијата, туку напротив, да дејствува во насока на подобрување на работната ефикасност.

Затоа се вели дека задачата на менаџерот на човечки ресурси е комплексна и многу одговорна. 

Менаџерот на човечки ресурси ги изведува следните функции: анализа на работата во организацијата, планирање на човечките ресурси, изработка на стратегија за развој на вработените, регрутирање и селекција на нови вработени, работно воведување, менторирање на нововработентие и прераспределените работници, менаџирање на талентот на вработените, менаџирање на перформансите на вработените, платите и наградувањето, унапредувањето и менаџирањето на кариерата, мотивирањето итн. Многу функции, ќе се согласите. Овие луѓе одговараат за секој вработен во организацијата од најниско до највисоко ниво. Затоа менаџерот на човечки ресурси уште го викаат и десна рака на генералниот менаџер. Но, затоа пак, овие работни места се и најплатените насекаде во светот.

Во нашата држава како сѐ уште да не е сфатена улогата на менаџерите на човечки ресурси. Актуелно, во недостиг од ваков кадар, на тие позиции има вработено: економисти, правници, педагози, психолози и што ли уште не, само не менаџери на човечки ресурси.

Затоа, оваа професија е многу актуелна, дефицитарна и повеќе од потребна. Едноставно, не постои организација која нема потреба од добар менаџер на човечки ресурси.

Што се однесува до програмата по која работи Факултетот за менаџмент на човечки ресурси, може да кажеме дека е изработена во содејство со истакнати менаџери на човечки ресурси од нашата држава кои се членови на Одборот за доверба со јавноста. Програмата е над 90% компатибилна со истородните факултети кои високо котираат на Шангајската листа.

Затоа, советувам, сите заинтересирани треба да нѐ контактираат и веднаш да се запишат!

Image
Newsletter