Општина Аеродром е една од ретките општини, ако не и единствена во земјава, која избриша маркици за згради и успеа тие локации да ги остави како зелени површини. Навистина сум горд што, заедно со мојот претходник, сегашниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, донесовме одлука наместо згради на тие површини да остане зеленило, со можност за нивно парковско уредување. Јас не сметам дека треба целосно да се стопира градењето, но тоа мора да биде плански и во делови од Аеродром каде што постојат услови за тоа – вели в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во интервју за Магазин за туризам и менаџмент, а воедно и кандидат на претстојните избори наесен.
Се ближи есен, а со тоа и локалните избори. На позицијата в.д. градоначалник сте околу 11 месеци. Како ја оценувате состојбата во Општина Аеродром?
Во Општина Аеродром, периодов интензивно работиме на реализација на многу значајни и капитални проекти. Со гордост можам да кажам дека по цели 40 години, за првпат во исто време се градат три нови капитални објекти – детска градинка, основно училиште и спортска сала. Во тек е доградбата на објектот „Изворче“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром, со што ќе се прошири капацитетот за над 200 дечиња, а ООУ „Блаже Конески“ во Мичурин, по 70 години од своето постоење, добива нов и современ лик со плус 10 училници и 8 кабинети за предметна настава.
Исто така, благодарение на Владата на Република Македонија, на чело со премиерот Христијан Мицкоски, и на нивната огромна поддршка што ѝ ја даваат на локалната самоуправа, почнавме реализација на нови 9 капитални проекти за кои ни се одобрени финансиски средства, а на вториот јавен повик аплициравме со нови 7 проекти, за кои исто така очекуваме одобрение.
Главниот акцент на нашата работа е ставен на подобрување и зајакнување на инфраструктурата во Општина Аеродром. Работиме на реализација на план за изградба на нов објект „Пчелка 2“ во рамките на детската градинка „Буба Мара“ во населба Лисиче. Особено сум горд на тоа што Долно Лисиче конечно ќе добие спортска сала, во која дечињата од подрачното училиште „Гоце Делчев“ за првпат ќе добијат услови за правилно спроведување на наставата по физичко и здравствено образование, што за жал досега го практикуваа во несоодветни услови.
Истовремено, работиме и на проект за мултимедијален простор во рамките на спортскиот центар „Марко Божиновски“ во Ново Лисиче. Станува збор за прв ваков културен центар, каде што аеродромци за првпат ќе можат да уживаат во театар, филм и друг вид културно-забавен живот во својата општина.
ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на дел од кандидатите за идните локални избори. Вие ќе влезете во трка за Општина Аеродром. Дали е тешко да се биде на чело на најголемата скопска општина?
Од моментот кога ја преземав градоначалничката функција, максимално ѝ се посветив на работата и секојдневно со голема љубов и посветеност работам на создавање уште подобри услови во Општина Аеродром. Мислам дека мојата општина е една од најубавите во Македонија – не само затоа што тука сум пораснат, тука живеам и работам – туку затоа што навистина Аеродром нуди многу можности за своите жители. Да се води Општина Аеродром не е тешко, туку е голема чест и задоволство, кое со себе носи интересни и конструктивни предизвици. Моја лична желба е да се претставам како кандидат за градоначалник на претстојните локални избори.
Со кои предизвици се соочуваат граѓаните во Општина Аеродром?
Сметам дека денес претставува вистинска привилегија да се живее во Аеродром затоа што општината е урбанизирана, модернизирана и ги нуди сите услови за квалитетен живот на сите генерации. Секојдневно имам комуникација со моите сограѓани и директно од нив можам да ги слушнам проблемите со кои се соочуваат. Секогаш се трудиме заедно да најдеме брзи и трајни решенија.
Општина Аеродром е една од најгусто населените општини во Македонија, па оттука голем е и бројот на прашања со кои се соочуваат аеродромци. Тие се од најразлична природа, во зависност од тоа во кој дел од општината живеат и работат, но јас како градоначалник, заедно со вработените во општината, континуирано работам на решавање на она што е во наша надлежност или интервенирам до други институции кога е тоа потребно.
Секогаш кога добивам поплака или прашање од граѓаните, тргнувам од себе. Како што сакам јас секогаш да добијам навремен одговор или услуга за која уредно си плаќам, исто така сакам и секој жител да може да ги оствари своите права. Само со брза реакција и конструктивен пристап се наоѓа решение за секојдневните предизвици.
Дали носите храбри одлуки за стопирање на градбите на станбени објекти? Зелената површина е еден од најважните приоритети за граѓаните.
Општина Аеродром е една од ретките општини, ако не и единствена во земјава, која избриша маркици за згради и успеа тие локации да ги остави како зелени површини. Навистина сум горд што, заедно со мојот претходник, сегашниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, донесовме одлука наместо згради, на тие површини да остане зеленило, со можност за нивно парковско уредување.
Јас не сметам дека треба целосно да се стопира градењето, но тоа мора да биде плански и во делови од Аеродром каде што постојат услови за тоа. Изминатите години, во нашата општина се изградија многу згради, но за жал, не се водело сметка дека покрај тие станбени објекти требало да се обезбеди и друга потребна и неопходна инфраструктура. Токму затоа денес, во одредени населби се соочуваме со недостиг од паркинг-места, тесни и речиси непроодни улички, пренатрупани градинки и основни училишта.
Да, потребно е Аеродром да се развива, но тоа да биде добро испланирано, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме квалитетни услови за живот на долг рок.

Митески: „Само со брза реакција и конструктивен пристап, се наоѓа решение за секојдневните предизвици.“ | Извор: Општина Аеродром
Дали носите храбри одлуки за стопирање на градбите на станбени објекти? Зелената површина е еден од најважните приоритети за граѓаните.
Општина Аеродром е една од ретките општини, ако не и единствена во земјава, која избриша маркици за згради и успеа тие локации да ги остави како зелени површини. Навистина сум горд што, заедно со мојот претходник, сегашниот министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, донесовме одлука наместо згради, на тие површини да остане зеленило, со можност за нивно парковско уредување.
Јас не сметам дека треба целосно да се стопира градењето, но тоа мора да биде плански и во делови од Аеродром каде што постојат услови за тоа. Изминатите години, во нашата општина се изградија многу згради, но за жал, не се водело сметка дека покрај тие станбени објекти требало да се обезбеди и друга потребна и неопходна инфраструктура. Токму затоа денес, во одредени населби се соочуваме со недостиг од паркинг-места, тесни и речиси непроодни улички, пренатрупани градинки и основни училишта.
Да, потребно е Аеродром да се развива, но тоа да биде добро испланирано, затоа што само на тој начин ќе обезбедиме квалитетни услови за живот на долг рок.
Инфраструктурните проекти не се единствените што се важни за жителите на општината. Образованието е од голема важност за Македонија. Дали нудите помош за родителите на децата – од најмалите до најголемите?
Како што веќе кажав претходно, инфраструктурните проекти во образованието се клучни затоа што токму во тие објекти се воспитуваат и се образуваат нашите деца. Повторно ќе нагласам дека во моментов интензивно работиме на доградба и надградба на ООУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин. Многу сум горд што неодамна, заедно со премиерот Мицкоски и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, поставивме камен-темелник за изградба на првата спортска училишна сала во подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче. Тоа е историски момент, не само за жителите од тој дел туку и за цел Аеродром.
Ние како Општина се трудиме да им ги намалиме трошоците на семејствата што имаат ученици во нашите училишта. Токму затоа, секој ученик од прво до деветто одделение добива бесплатна училишна униформа. За секое прваче доделуваме по 3.500 денари еднократна парична помош, а секој четвртооделенец добива таблет за полесно совладување на материјата и за подобро запознавање со технологијата. Со тоа го следиме чекорот со светските трендови во образовниот процес.
Дали Аеродром како општина има стратегија за привлекување странски туристи?
Општина Аеродром е посветена на поддршка и развој на спортскиот туризам, кој денес се смета за најбрзорастечки вид туризам на светско ниво. Би сакал да истакнам дека Аеродром е препознаена како најспортска општина, не само во Македонија туку и во регионот. Централен и многу важен спортски објект е Спортскиот центар „Јане Сандански“, кој е дом на двата најпознати и најуспешни спортски клуба во земјава – кошаркарскиот клуб „МЗТ Скопје Аеродром“ и ракометниот клуб „Вардар“.
Во овој спортски центар редовно се одржуваат значајни натпревари од домашен и од меѓународен карактер, организирани од различни федерации. Освен спортистите, овие настани редовно ги следат и многубројни навивачи и поддржувачи на клубовите што гостуваат кај нас.
Во Општина Аеродром се наоѓа и седиштето на ФФМ, во чии рамки има неколку фудбалски терени. Тука редовно се одигруваат натпревари и турнири привлекувајќи гости од земјава и од странство. На територијата на Општината има неколку големи хотели, како и други капацитети за сместување, каде што престојуваат странски гости. Тие своето време го поминуваат во нашите паркови и угостителски објекти, но уживаат и во други содржини. Оттука, можеме да заклучиме дека Аеродром не е само резидентна, туку веќе и позната туристичка дестинација на спортската мапа. Сепак, верувам дека има простор за дополнителен развој и проширување на туристичката понуда.

Митески: „Општина Аеродром е една од ретките општини, ако не и единствена во земјава, која избриша маркици за згради и успеа тие локации да ги остави како зелени површини.“ Извор: Општина Аеродром
Колку често имате соработка со останатите општини?
Како скопска општина, морам да истакнам дека имаме одлична соработка со сите општини во состав на Град Скопје. За жал, немаме никаква соработка со самиот Град Скопје. Сметам дека тоа е голема штета за сите скопјани – затоа што со поддршка од Градот, многу проблеми и предизвици досега ќе беа надминати.
Во рамките на ЗЕЛС, пак, одлично функционираме и работиме посветено заедно со другите градоначалници од цела Македонија за да изградиме подобра иднина за сите граѓани.
Вие сте градоначалник на Општина Аеродром, но дали може да издвоите која туристичка атракција Ви привлекува најголемо внимание во Македонија?
Македонија е прекрасна земја што нуди многу привлечни дестинации во секој дел од годината. Тешко ми е да издвојам една конкретна атракција – место, град, езеро или планина – затоа што нашата земја е богата со уникатна природа што треба сите заеднички да ја чуваме.
Навистина си ја сакам својата земја и каде и да одам, се чувствувам пријатно и добредојдено.
Какви пораки им испраќате на идните генерации за да останат и да го вложуваат своето знаење во Македонија?
Љубовта кон татковината се развива уште од најмала возраст. Ние, возрасните, сме тие што треба да бидеме пример за младите генерации и да им го трасираме патот за подобра иднина во нашата држава.
Македонија е земја во која се раѓаат генијални умови и многу вредни и посветени граѓани. Секој има право да избере дали ќе остане или ќе замине во друга земја. Но, јас лично сметам дека и тука се нудат можности за раст и развој – и на лично и на професионално ниво – особено ако младите добијат поголем поттик од државата.
Ме радува што токму во тој правец се движат политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која се фокусира на создавање услови за подобро утре – за сегашните и за идните генерации, кои ќе имаат квалитетен живот во Македонија и можност да патуваат и да уживаат насекаде низ светот.

Митески: „Љубовта кон татковината се развива уште од најмала возраст .“ Извор: Општина Аеродром
Кои пет работи можете да ги издвоите како Ваш „стимул“ што секое утро Ве води кон успешен ден?
Секое мое утро започнува со насмевката на мојата ќеркичка – мојот најголем стимул и извор на енергија да ги завршам секојдневните обврски. Денот го почнувам со мисла за тоа како да го подобрам квалитетот на живот на граѓаните – преку поубава и почиста околина, побезбедни улици, функционална инфраструктура и достапни јавни услуги.
Голем мотив ми е и поддршката од моите сограѓани и желбата да ги реализирам нивните очекувања. Еден од моите главни приоритети како градоначалник е реализацијата на проекти што ќе остават траен печат.
Во текот на денот се трудам обврските да ги завршам ефикасно и одговорно. Секој ден за мене е нова можност за учење и зајакнување на довербата помеѓу општината и жителите – нешто што сметам дека е од огромна важност.
