Општина Бутел има одлична местоположба за привлекување инвеститори.
По само неколку месеци откако седна во градоначалничката фотелја, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со Град Скопје влегоа во офанзива за нови заеднички проекти. Костовски најавува дека ќе ги развива туризмот и спортот на Скопска Црна Гора. Во интервјуто за Магазинот за туризам и менаџмент, тој најавува и ревизија на работењето на неговиот претходник.
Нов предизвик во вашиот живот. Добивте доверба од жителите на Општина Бутел во следните 4 години со амбициозна програма за реализација на над 80 проекти. Веднаш стартувавте со инвестирање во градинки со цел да се подигне квалитетот за престој на децата. Дали градинките и училиштата ќе бидат во фокус за време на вашето владеење?
На почеток сакам да се заблагодарам за добиената доверба од моите граѓани и уште еднаш да потврдам дека програмата што ја ветив ќе биде реализирана.
Од таа причина, од самиот почеток инвестиравме 13.000.000 денари во општинските основни училишта и клоновите на детската градинка 11 Октомври. За прв пат ООУ „Гоце Делчев“ добива комплетно нов кабинет по информатика, а по 15 години ООУ „Лиман Каба“ добиваат нови компјутери. Исто така, обновен е и кабинетот за информатика во ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани. Набавени се и интерактивни табли за сите основни општински училишта, со што го подобривме квалитетот во наставната програма. Се градат на мое големо задоволство и две ултра модерни спортски игралишта за кошарка во ООУ „Ацо Шопов“ и во „Климент Охридски“. Што се однесува до детската заштита, комплетно се опремени 10 занимални со нови масички, нови столчиња, нови интерактивни табли и дидактички играчки. Исто така, изградено е и посебно детско игралиште наменето за двата клона во населеното место Бутел 1. Ќе оставам на читателите да проценат за колку е променет квалитетот на престојот на децата. Но тука не заршуваме, јас како релативно млад човек и како родител знам точно од колкава важност е своето дете да го оставите во фантастични услови и безгрижно да си ги извршувате работните обврски. Накратко да, градинките и училиштата ќе се во мојот фокус за време на целокупното мое работење. За 18 месеци ќе биде завршено училиштето во Визбегово, а оваа година ќе започне и изградбата на детската градинка „Св. Климент Охридски“. И на мое големо задоволство, обезбедени се финансии и за доградба на ООУ „Ацо Шопов“ која ќе ги задоволи потребите за дополнителен дневен престој, па овој голем проблем со кој се соочуваат родителите од населба Радишани за многу скоро ќе биде надминат.
Нов предизвик во вашиот живот. Добивте доверба од жителите на Општина Бутел во следните 4 години со амбициозна програма за реализација на над 80 проекти. Веднаш стартувавте со инвестирање во градинки со цел да се подигне квалитетот за престој на децата. Дали градинките и училиштата ќе бидат во фокус за време на вашето владеење?
На почеток сакам да се заблагодарам за добиената доверба од моите граѓани и уште еднаш да потврдам дека програмата што ја ветив ќе биде реализирана.
Од таа причина, од самиот почеток инвестиравме 13.000.000 денари во општинските основни училишта и клоновите на детската градинка 11 Октомври. За прв пат ООУ „Гоце Делчев“ добива комплетно нов кабинет по информатика, а по 15 години ООУ „Лиман Каба“ добиваат нови компјутери. Исто така, обновен е и кабинетот за информатика во ООУ „Ацо Шопов“ во населба Радишани. Набавени се и интерактивни табли за сите основни општински училишта, со што го подобривме квалитетот во наставната програма. Се градат на мое големо задоволство и две ултра модерни спортски игралишта за кошарка во ООУ „Ацо Шопов“ и во „Климент Охридски“. Што се однесува до детската заштита, комплетно се опремени 10 занимални со нови масички, нови столчиња, нови интерактивни табли и дидактички играчки. Исто така, изградено е и посебно детско игралиште наменето за двата клона во населеното место Бутел 1. Ќе оставам на читателите да проценат за колку е променет квалитетот на престојот на децата. Но тука не заршуваме, јас како релативно млад човек и како родител знам точно од колкава важност е своето дете да го оставите во фантастични услови и безгрижно да си ги извршувате работните обврски. Накратко да, градинките и училиштата ќе се во мојот фокус за време на целокупното мое работење. За 18 месеци ќе биде завршено училиштето во Визбегово, а оваа година ќе започне и изградбата на детската градинка „Св. Климент Охридски“. И на мое големо задоволство, обезбедени се финансии и за доградба на ООУ „Ацо Шопов“ која ќе ги задоволи потребите за дополнителен дневен престој, па овој голем проблем со кој се соочуваат родителите од населба Радишани за многу скоро ќе биде надминат.
Кои се првите најважни проекти кон кои сте насочени?
На самиот старт се зафативме за зголемување на хигиената на општината. Започнувавме од чистење на пешачките патеки, паркинзите, улиците. Голем акцент се стави на расчистување на дивите депонии. Само во првата недела од моето владеење исчистивме 12 огромни депонии, а до денес се исчистени над 20 депонии. Започнавме и со еден од носечките проекти во мојата програма, чистење на речното корито на река Серава. Првата фаза која е во тек е чистење на коритото, а потоа следуваат целосно уредување, изграднба на трим патека, поставување на нова урбана опрема, со што кејот на реката Серава ќе прерасне во ново рекреативно место за граѓаните на Општина Бутел.
Во тек се подготовки за реалиазција и на останатите носечки проекти од мојата програма, како што се Олимпискиот спортски центар и големите нови паркови. Се подготвува и една градежна експанзија во наредниот период со асфалтирање на улици, нова фекална и атмосферска мрежа онаму каде што е потребно. Накратко, ќе се работи во секое населено место и ниту едно од нив нема да биде заборавено. Општина Бутел заслужува рамномерен развој.
Како планирате да ја наполните општинската каса и да ги реализирате ветувањата пред граѓаните со оглед на тоа дека затекнавте долгови?
Да, за жал затекнавме општина со долгови, но во мојата природа не е да се жалам, туку со одговорно работење ќе го менаџираме долгот. Веќе на самиот старт од мојот мандат ги укинав непотребните трошоци, ја намаливме огромната администрација што ја затекнав и мислам дека со сет на мерки ќе се стабилизира општинаска каса. Секако, покрај редовните полнења на општинската каса, за првпат, формиран е тим во општинската администрација задолжен за привлекување финансиски средства од фондовите што ни се достапни.
Градоначалникот Дарко Костовски со својот тим
Кои се најгорливите проблеми кои ги затекнавте во општината?
Број еден беше преголемата општинска администрација што воопшто не одела на работа, а за која се трошеле огромен број финансии од буџетот на Општината. Останати проблеми што ги затекнав се неефикасната администрација, како и бавното решавање на проблемите на граѓаните.
За време на вашата кандидатура обвинивте за мито од страна на претходното раководство дури и за обични документи за легализација. Дали имате докази за тоа и дали планирате да ги доставите до надлежните институции?
Не сакам да зборувам на памет сè додека детално не се истражи секој предмет. Во овој момент се прегледуваат сите нерегуларности, сите пријави од граѓаните за мито, корупција и изнуда пред сè во урбанизмот. Секако дека кога ќе ги имаме точните докази, ќе ги доставиме до надлежните институции, но и до целокупната јавност, за да има увид каде сè се трошеле нивните средства.
Дали ќе направите ревизија на работата на претходниот градоначалник?
Да, на наша иницијатива испративме барање до Државниот завод за ревизија. Оваа година нашата општина е на списокот општини во кои ќе се врши ревизија на работењето на градоначалникот и администрацијата во изминатиот период. Но и покрај ДЗР, ние со нашиот внатрешен ревизор почнавме внатрешна ревизија и контрола во неколку сектори.
Дали планирате да привлечете нови инвеститори и какви услови планирате да им понудите?
Самата местоположба на нашата општина дозволува развој на малите претпријатија, како и на лесната незагадувачка индустрија. Поврзувањето со обиколницата, брзиот и лесен пристап кон сите страни од нашата земја, па и кон границите, како и развиените индустриски зони кои ги имаме се еден добар предуслов за привлекување на инвеститорите. Индустриската зона Визбегово е една од веќе потврдените индустриски зони за брз развој на фирмите. Во склоп на општината ја имаме и индустриската зона на Љуботенски пат, која нуди идеални можности за развој. Но, покрај двете веќе постоечки индустриски зони, и во мојата предизборна програма, планирано е изградба на уште две нови индустриски зони, кои ќе бидат на одлична местополжба и кои ќе понудат квалитетни услови за нови инвеститори.
Дали постои можност за реализација на заеднички проекти со градоначалници од други општини?
Апсолутно. Со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, веќе имаме воспоставено соработка, избрано и договорено што ќе се работи. Со задоволство може да кажам дека тука заеднички ја започнуваме целосната реконструкција на улицата Бутелска, а во текот на оваа година и реконструкција на улицата Радишанска. Покрај овие две главни улици, ќе се реконструираат и улица Скопевска во населбата Радишани, како и други големи улици за кои во овој момент се изработуваат проекти. Меѓу другото, заедно со Градот Скопје, ќе реализираме и други проекти како што е уредување на речното корито на река Серава. Исто така во план имаме и реализација на проекти со нашите соседни општини, со што ќе се подобри квалитетот на живот на нашите сограѓани.
Дали како градоначалник ќе се заложувате за задржување на младите?
Движечка сила на едно општество се младите. Како градоначалник, како тренер постојано опкружен со млади луѓе, а пред сè како човек, ќе направам сè што е во моја моќ да обезбедам услови за подобар живот на младите во општина Бутел. Подобрите услови за живеење, за учење и работење, нови културни содржини, мислам дека сето тоа ќе придонесе нашите млади да останат во општината и воопшто во Македонија.
Анализа на урбанистички план
Греењето е најголемиот проблем на жителите во овие населени места. Досега имаше најави за гасификација, но без успех. Кои се вашите планови да се намали греењето на дрва, со цел намалување и на загаденоста на градот?
Да, загаденоста како впрочем и во цело Скопје е голем проблем. Уште поголем проблем е тоа што многу мал дел од жителите на Општина Бутел се приклучени на централното градско греење. Имаше најави и од претходните власти за гасификација, но не е проблемот само Општина Бутел. Проблемот со гасификација е со целиот град. Јас ќе направам сè што е во моја моќ и надлежност за да успее гасификацијата. За жал, не зависи само од мене. До тогаш ни остануваат акциите со зазеленување на општината, кои ќе ги започнеме со почетокот на пролетта.
Депониите се сериозен проблем за скопјани. Визбегово беше едно од населените места каде што успеавте да го исчистите насобраниот смет. Кои се другите локации?
Во овие први 100 дена од мојот мандат исчистивме над 20 депонии, дел поголеми, дел помали. Исчистени се неколку клучни депонии во населените места Расадник, Љуботенски пат, село Љубанци и село Љуботен, како и веќе во споменатото населено место Визбегово. За мене приоритет е здрава, чиста животна средина и чист воздух. Континуирано ќе работиме на расчистување на депониите. На сите исчистени места поставивме и инфомормативни табли со телефонски број на кој граѓаните ќе можат да пријавуваат создавање нови депонии и фрлање на шут.
Апелирам граѓаните да бидат наш партнер во целиот овој процес и заедно да се погрижиме за чиста Општина Бутел.
Во програмата ветивте субвенции за нови фасади и покриви. Кога планирате да почнете со реализација и како ќе се одвива аплицирањето?
Во овие тешки периоди на економска и енергетска криза, ние како општина сакаме на граѓаните да им понудиме квалитетни решенија со цел заштеда на финансиски ресурси. Работиме на целиот проект околу начинот на реализација и делот на кофинансирање. Аплицирањето ќе се одвива преку општинската администрација со посебна апликација, а целиот проект би требало да започне со реализација по обезбедување на финансиските средства.
Планинскиот масив Скопска Црна Гора стана главна дестинација за велосипедистите и планинарите. Дали планирате да инвестирате во подобри услови за спортистите?
Спортот е моја работа и пасија што ја работам долги години. Јас и брат ми веќе со години инвестираме во спортот и во младите спортисти. За прв пат од осамостојувањето на Република Македонија, нашиот Дејан Георгиевски донесе сребрен медал со златен сјај од последните летни олимписки игри. Во спортот и во спортската инфраструктура ќе се инвестира најмногу. Во самата програма можете да го видите и еден од носечките проекти, а тоа е модерниот олимписки спортски комплекс што ќе започне со реализација во мојот мандат.
Во однос на Скопска Црна Гора, мислам дека конечно го пронајде своето место кај граѓаните, не само на Општина Бутел, туку и на цело Скопје. Сончевите денови што ги има, чистиот воздух и пристапноста едноставно ги привлекуваат планинарите, велосипедистите и спортистите. Во план се проекти за развој на туризмот на Скопска Црна Гора. За почеток, обележувањето на планинарските патеки, нови велосипедски патеки, како и изградба на летниковци се дел од мојата визија.
Што друго ќе инвестирате во населените места за поубав живот на граѓаните?
Како што напоменав и погоре, нема да има заборавени населни места во Општина Бутел. Во секое населено место ќе се гради и ќе се инвестира согласно потребите на граѓаните. Во нашите програми веќе се влезени сите проекти што се планира да се реализираат. Меѓу другото, ќе се инвестира во нови спортски игралишта, пред сè фудбалски и кошаркарски, нови детски игралишта, мини паркови и простор за рекреација, со што ќе придонесеме граѓаните на Општина Бутел квалитетно да го поминуваат своето слободно време. Ќе се инвестира и во нови улици, реконструкција на постоечките, нови тротоари, изградба на фекална и на атмосферска канализација. Практично, сето она што им е потребно на граѓаните за поубав живот во зависност од населените места.
Дали со новата градоначалничка позиција успевате да најдете време за себе и вашите блиски? Како го поминува Костовски слободното време?
Иако од самиот почеток наметнавме едно динамично темпо со многу работа што практично и да немам работно време, сепак успевам да најдам време за она што е најбитно во мојот живот, мојата фамилија. Слободното време најмногу ѝ го посветувам на мојата керќичка и го поминувам во игра и прошетка со неа.