Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид

Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид.

Сите знаат дека сум локал патриот и секогаш сум подготвен да го дадам моето време, енергија и капацитет за доброто на градот и подобра иднина на нашите деца

Во изминативе три години, Кирил Пецаков, градоначалникот на Охрид со својот тим реализираа низа проекти што се значајни за граѓаните, особено од инфраструктурата. Според него, туризмот е многу важна стопанска дејност и затоа е важно стратешки, плански и одржливо да се развива, со вклучување на сите чинители. Општината Охрид дава поддршка за проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство, како и за унапредување на културните и духовните вредности. Локалната самоуправа работеше на брендирање на градот преку различни маркетиншки активности како што се развојот на туристички брошури и видеа. Учествуваа и се претставија на неколку туристички настани и манифестации, како и бизнис-конференции. Имаат постојана соработка со туристичките чинители и туристичките асоцијации. Веќе пристигнаа првите чартер-летови со туристи од Холандија, кои ќе се одвиваат цела летна сезона. И годинава на охридско-струшкото карајбрежје нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, Србија, како и многубројни домашни гости. Очекуваат успешна туристичка сезона.

Честитки за историската победа на ВМРО-ДПМНЕ на неодамнешните парламентарни избори и за првата-жена претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, која беше Ваш кандидат. Што беше пресудно за таа победа, која значи и голема обврска кон граѓаните да се исполни ветеното? Колку и успешната работа на градоначалниците од партијата придонесе за тој триумф?    

Благодариме за честитките по повод изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на Парламентарните избори, како и за изборот на првата жена-претседателка на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Ние сме горди на постигнатите резултати и свесни за големата обврска која ја носи оваа победа.

Ако се  прави анализа, би рекол дека причините за овој успех се многубројни. Секако дека важен фактор беше довербата што ја добивме од граѓаните врз основа на нашиот досегашен труд и исполнување на ветувањата. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како способни лидери кои работеа посветено за подобрување на условите за живот во локалните заедници. Во текот на изминатите две и пол години реализирани се многу проекти кои директно ги подобрија животите на нашите граѓани. Од големо значење e фактот дека нашата предизборна програма беше насочена кон реални и конкретни проекти што ќе донесат видливи промени во секојдневниот живот, во секој дел од Македонија.

Но сепак, клучна улога имаше и довербата во нашата сегашна претседателка, Гордана Силјановска-Давкова, која е респектирана професорка и јавна личност со богата академска и политичка биографија. Нејзината визија за иднината на Македонија и нејзината непоколеблива заложба за владеење на правото и транспарентноста во работата на институциите беа силни мотиватори за да ја поддржат граѓаните.

Пецаков: „Ако се прави анализа, би рекол дека причините за овој успех се многубројни. Секако дека важен фактор беше довербата што ја добивме од граѓаните врз основа на нашиот досегашен труд и исполнување на ветувањата.“

Пецаков: „Ако се прави анализа, би рекол дека причините за овој успех се многубројни. Секако дека важен фактор беше довербата што ја добивме од граѓаните врз основа на нашиот досегашен труд и исполнување на ветувањата.“

Досега на власт беше политичката партија на која не ѝ припаѓавте и не Ве поддржуваше. Сепак успеавте успешно да работите и во такви околности. Имавте со години блокирани сметки, но Вие и Локалното раководство ја презедовте најкомплексната операција, а тоа е конечно раздолжување на Општина Охрид и почеток на нормално функционирање на локалната самоуправа. Како Ви успеа, со кои механизми и кој ви помогна?

Во изминатите години и покрај тоа што централната власт не ни ја даваше потребната поддршка, успеавме квалитетно да работиме и да ги спроведуваме нашите проекти. Сметам дека принципите кои ги следевме и силната посветеност и професионализмот на нашиот тим беа најглавните темели на постигнатите резултати. И покрај блокираната сметка и финансиските ограничувања, ние се фокусиравме на ефикасно управување со ресурсите и на прецизно планирање.

Важна улога во процесот е и транспарентната комуникација и соработка со граѓаните. Успеавме да ги идентификуваме приоритетите на заедницата и да ги насочиме ресурсите кон најитните потреби.

Стратегијата за раздолжување на Општина Охрид навистина беше комплексна работа и бараше многу труд и трпение. Презедовме серија мерки за финансиска консолидација, со што успеавме да го стабилизираме финансиското работење на општината и да се позиционираме на еден стабилен колосек. Искрено, многу сум задоволен од постигнатите резултати и убеден сум дека со несмалено темпо ќе продолжиме да работиме во интерес на граѓаните на Општина Охрид

Лидерот на партијата и иден премиер Христијан Мицковски најави децентрализација на локалната власт. Што би значело тоа во практиката? Ќе успеат ли општините сами да опстанат и да менаџираат со финансиите?

Најавата за децентрализација на локалната власт од страна на лидерот на партијата и иден премиер Христијан Мицковски претставува значаен чекор кон подобрување на ефикасноста и одговорноста на општините. Во реалноста, децентрализацијата би значела префрлување на повеќе ингеренции, надлежности и финансиски ресурси од централната власт кон локалните самоуправи. Ова би им овозможило на општините поголема независност во донесувањето одлуки и управувањето со нивните проекти, позиционирање на приоритети, посакувани резултати за своите граѓани и подобар локален развој.

Пецаков: „Најавата за децентрализација на локалната власт од страна на лидерот на партијата и иден премиер Христијан Мицкоски претставува значаен чекор кон подобрување на ефикасноста и одговорноста на општините.“

Пецаков: „Најавата за децентрализација на локалната власт од страна на лидерот на партијата и иден премиер Христијан Мицкоски претставува значаен чекор кон подобрување на ефикасноста и одговорноста на општините.“

Кога ќе се направи пресек на вашите референции за сѐ што сте сработиле во изминативе три години, импозантен е бројот на проекти што сте ги реализирале. Можете ли да ни издвоите кои од нив се најзначајни, според обемот и важноста на граѓаните?

Реализиравме низа проекти од инфраструктурата кои се значајни за нашите граѓани. Асфалтиравме улици во секоја населба и село, градевме потпорни ѕидови, се вршеше партерно уредување, се поставуваа нови водоводни линии и канализациони мрежи. Тука би ги издвоил проектите за реконструкција на две поголеми улици кои се во тек. Станува збор за улиците „Гоце Делчев“ и „7 Ноември“. Претходно работевме на реконструкција на улиците „Македонски просветители“, „Ѓорче Петров“, „Будва“, „Прилепска“ и многу други. Изградивме спортски игралишта во повеќе населби, а тука се и проектите за нова подземна инфраструктура.

Во делот на образованието, исто така имавме успешна реализација на значајни проекти во неколку училишни објекти, предвидовме многу новини во делот на поддршката на талентирани ученици, а за првпат обезбедивме поддршка за семејствата на првачиња и во континуитет даваме стипендии за студентите и учениците. Во моментот работиме на изградба на нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“, а посебно сме задоволни од отпочнувањето на проектот за префрлање на ООУ „Кочо Рацин“ во просториите на поранешната касарна, што ќе значи многу за подобрување на условите за учениците. Тука би ја споменал и изградбата на адреналинскиот парк, голем проект на кој бевме посветени во изминатиот период.

Кои се плановите за понатамошен развој за општината и следните чекори во реализација на зацртаната цел?

Охрид заслужува подобар развој и убеден сум дека преку посветена работа ќе успееме да се искачиме многу повисоко на скалилото на успехот на секое поле. Имаме план и јасна визија како треба да се развива градот во наредните години. Во програмите за работа за оваа година креиравме реално остварливи проекти кои ќе можат да бидат реализирани. Тука се низа проекти од инфраструктурата што им е потребна на граѓаните, проекти за квалитетно и модерно образование, поддршка за спортот и спортските клубови, изградба и реконструкција на детски игралишта и многу друго. Исто така, тука се и проектите за подобрување на инфраструктурата во руралните средини и решавање на проблемите со водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води.

Општина Охрид пред сѐ им е посветена на граѓаните и секогаш сме подготвени да ги слушнеме сите пофалби и критики, но и сите предлози во насока на подобрување на условите за живеење.

Пецаков: „Имаме план и јасна визија како треба да се развива градот во наредните години.“

Пецаков: „Имаме план и јасна визија како треба да се развива градот во наредните години.“

Затоа е важно стратешки, плански и одржливо да се развива  и да се бара синергија на сите учесници. Со кој напредок во тој контекст ќе се соочат туристите во сезоната која претстои?  

Се согласувам дека туризмот е многу важна стопанска дејност и затоа е важно стратешки, плански и одржливо да се развива, со вклучување на сите чинители. Општина Охрид дава поддршка за проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство, како и за унапредување на културните и духовните вредности. Во насока на зголемување на бројот на туристи, Општина Охрид две години по ред го организираше фестивалот „Вино фест“, а лани за прв пат го организиравме Фестивалот на водени спортови (Ohrid Water Festival), во чии рамки се одржува и Охридскиот пливачки маратон. Под покровителство на општината, две години се одржува и „Охрид џез-фестивал“.

Во која мера и на кој начин како локална самоуправа работевте на брендирање на градот, особено во туристичка смисла? Дали резултираше тоа со зголемен број туристи? Од кои земји годинава има најава за чартери и гости? 

Локалната самоуправа работеше на брендирање на градот преку различни маркетиншки активности, како што се развојот туристички брошури и видеа. Учествуваме и се претставивме на неколку туристички настани и манифестации, како и бизнис-конференции. Имаме постојана соработка со туристичките чинители и туристичките асоцијации. Веќе пристигнаа првите чартер-летови со туристи од Холандија, кои ќе се одвиваат цела летна сезона. И годинава на охридско-струшкото карајбрежје нема да изостанат ниту гостите од Полска, Турција, Србија, како и многубројни домашни гости. Очекуваме успешна туристичка сезона.

Следната година ќе има локални избори. Се подготвувате ли за нов градоначалнички мандат или имате нови амбиции?

Во моментот сум насочен кон реализирање на зацртаните цели во овој мандат, кои се насочени кон подобрување на условите за живеење и развој на градот. Сѐ уште е рано за политички разговори и најави за претстојните локални избори. За мене е најважно граѓаните да бидат задоволни од работењето на оваа локална власт. Сите знаат дека јас сум локалпатриот и секогаш сум подготвен да ги дадам моето време, енергија и капацитет за доброто на Охрид и подобра иднина на нашите деца.

Пецаков: „Општина Охрид го организира и Фестивалот на водени спортови, во чии рамки се одржува Охридскиот пливачки маратон.

Пецаков: „Општина Охрид го организира и Фестивалот на водени спортови, во чии рамки се одржува Охридскиот пливачки маратон.

Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести. Хумана мисија на градот што е за почит. На кој друг начин им помагате на тие лица што живеат во Охрид?

Лицата со ретки болести и нивните најблиски ја заслужуваат нашата постојана поддршка и подадена рака. Тековно ја поддржуваме националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, која има цел да ја подигне јавната свест во општеството и да обезбеди подобри услови за третман и лекување на овие лица.

Општина Охрид во согласност со програмите и законските регулативи за социјална заштита, во континуитет поддржува активности и проекти за обезбедување подобри услови за лицата со ретки болести. Со цел да им се излезе во пресрет на нивните потреби, да се обезбеди поголема инклузија и да им се овозможи поголем напредок во образованието, трета година по ред доделуваме стипендии за ученици, студенти и магистранти со ретки болести.

Горд сум што преку конкретни мерки покажавме дека може да се најде начин и да се обезбеди скромна поддршка, која е од големо значење за овие лица. Се надевам дека ќе бидеме позитивен пример и поттик за останатите јавни институции, кои треба да вложат поголеми напори и да ги исполнат барањата на лицата со ретки болести.

Приватно, имате хоби и која музика ја слушате?

Работните денови вообичаено се исполнети со работни обврски бидејќи функцијата градоначалник носи големи одговорности и одрекувања од многу работи. Но, секогаш се трудам надвор од работното време и во викендите да издвојам време за моите најмили, семејството и пријателите. Хоби ми е спортот, а мојата љубов кон ракометот сѐ уште е многу силна. Страстен навивач сум на нашиот ракометен клуб РК „Охрид“ и речиси секогаш наоѓам време да ги бодрам на трибините. Сакам, пред сѐ, квалитетна музика, ги почитувам сите музички уметници и жанрови, a особено ја сакам охридската староградска музика.

 

Пецаков: „Сѐ уште е рано за политички разговори и најави за претстојните локални избори. За мене е најважно граѓаните да бидат задоволни од работењето на оваа локална власт.“

Пецаков: „Сѐ уште е рано за политички разговори и најави за претстојните локални избори. За мене е најважно граѓаните да бидат задоволни од работењето на оваа локална власт.“

Во летниот период се одржуваат многу музички настани. Кои од нив ги посетувате, не во функција на градоначалник, туку како обичен граѓанин на кој му е потребно да се опушти од бурното и стресно секојдневно битисување?

Како обичен граѓанин, уживам во посетите на различните музички настани во градот, бидејќи тоа ми дава можност да се опуштам и да се забавувам. Изборот најчесто ѝ го оставам на мојата сопруга и на моите пријатели, бидејќи јас немам доволно време за организација и планирање. Охрид навистина е туристички центар кој нуди забавна и музичка понуда за сечиј вкус и возраст. Ние како охриѓани на некој начин имаме привилегија да уживаме во добра забава, особено преку лето.

Имате ли време да уживате и покрај охридските плажи. Кое место најчесто го бирате?

Охридското крајбрежје е прекрасно. Има многу локации кои се убави за одмор и рекреација. Но, во екот на летната сезона ретко кога имам можност приватно да посетам некоја од плажите. Тоа ние, охриѓани, го правиме во јуни или во септември, кога нема голем број туристи. Тогаш можеме во мир да уживаме во убавините на природата и на езерото.

Кои се семејните вредности што им ги пренесувате на Вашите деца?

Семејните вредности кои со мојата сопруга им ги пренесуваме на нашите деца се исти со оние вредности со кои и нашите родители нѐ воспитувале. Тие вклучуваат почит кон другите, разбирање, трудољубивост и емпатија. Секако дека современото родителство и модерното живеење, носат нови предизвици, но се трудиме да се држиме кон нашите принципи, морални и етички вредности како семејство.

Image
Newsletter