Општина Бутел прослави 20-годишен јубилеј

Општина Бутел прослави 20-годишен јубилеј

Општина Бутел годинава прослави 20-годишен јубилеј. По тој повод, на свечен настан во Македонската филхармонија им беа доделени плакети за почесни граѓани и благодарници на истакнати личности што несомнено придонесле за развојот на општината. Станува збор, пред сè, за луѓе што ги сакаат својата општина и татковината.

Меѓу наградените е и ректорот на Универзитетот „Скопје“, проф. д-р Аце Миленковски, за неговиот посебен придонес за развојот и промоцијата на Општина Бутел.

Градоначалникот му се заблагодари на Миленковски и истакна дека е важно што младите генерации имаат од кого да учат.

Ректорот, честитајќи го јубилејот, порача дека Бутел денес е модерна општина во која се создаваат можности за идните генерации.

Ректорот на Универзитетот „Скопје“, проф. д-р Аце Миленковски, беше награден за посебен придонес за развојот и промоцијата на Општина Бутел.

Ректорот на Универзитетот „Скопје“, проф. д-р Аце Миленковски, беше награден за посебен придонес за развојот и промоцијата на Општина Бутел.

„Чест и задоволство ми е што Општина Бутел ми додели признание за почесен граѓанин на оваа скопска општина. Благодарност до градоначалникот Дарко Костовски, кој по повод 20 години од формирањето на Општина Бутел, одлучи со ваков гест да ги истакне моето долгогодишно дејствување и промоција на општината. Јас не само што живеам и сум дел од оваа општина, туку и како поранешен градоначалник на Општина Чаир создадов многу проекти што денес се од суштинско значење за оваа прекрасна заедница“, истакна ректорот Миленковски.

Благодарници беа доделени за посебен придонес и соработка во областа на спортот, образованието и на административната работа.

Бутел е повеќе од само место – тоа е заедница исполнета со жив дух, богата култура и неискористен потенцијал.

„Да продолжиме сите заедно, рака под рака, да го градиме Бутел и да инспирираме, за да прерасне во модерна и урбана општина“, порача градоначалникот Костовски, кој додаде дека љубовта кон Бутел и кон својот дом и денеска јасно го води кон идеалите што ги зацртал уште во младоста.

Плакета за почесен граѓанин му беше доделена постхумно на господинот Петре Латиновски, а признанија добија и Мите Јовановски, Масар Омерагиќ, Шабан Трстена, проф. д-р Аце Додевски, проф. д-р Игор Николов, д-р Борче Костовски, д-р Енвер Идоски, Александар Стефанов, проф. д-р Даме Димитровски, Дејан Георгиевски и Елиф Елмас.

Image
Newsletter