Универзитетот Скопје е единствена членка од Македонија во Светска туристичка организација
Да се биде единствен е реткост. Ако си единствен, задоволството од успехот нема цена. Да се биде препознаен меѓу илјадници е чест. А кога си единствен во нешто, тогаш зад успехот стојат години посветеност, визија и исклучителна вредност. И тоа не е само успех, тоа е вграден белег на квалитет, посветеност и визија што инспирира.
Тоа е приказна за достигнување што се мери со престиж, со углед и со признавање од највисоките светски институции. Таков успех не се купува – се гради, чекор по чекор, со труд што се впишува во историјата како пример за тоа што значи вистински квалитет.
Универзитетот Скопје не е само образовна институција – тој е симбол на амбиција што се искачува на светски височини. Во ера каде што просечноста е лесно достапна, да се биде извонреден значи да се заслужи место меѓу најдобрите во светот. А токму тоа го направи овој македонски универзитет – со знаење, со труд и со срце.
Универзитетот Скопје (УТМС) е единствениот универзитет од Македонија кој е член на Светската туристичка организација (UNWTO) – специјализирана агенција на Обединетите Нации. Со тоа, УТМС е во елитниот круг од 100 најдобри универзитети во светот што нудат програми за туризам според строги меѓународни критериуми.
Токму на 17-тиот роденден на Магазинот „Убавина и здравје“, Универзитет Скопје доби признание за членството во Светската туристичка организација како единствена високо образовна институција од Македонија носител на диплома за квалитет во високото образование што ја доделува светската туристичка организација и Обединетите Нации. Овој сертификат обезбедува гаранција за квалитетот на програмите за едукација.

Граматниковски: „Нашиот основен услов за работа е квалитетот, а квалитетот се темели на постојан напредок.“
Кои услови треба да се исполнат и кои квалитети треба да се поседуваат?
„Наставниот кадар, студиските програми, поврзаноста со индустријата се само дел од критериумите на Светската туристичка организација која го мониторира и го оценува целиот процес. Идејата е да се обезбеди дека студентите вклучени во студиската програма го добиваат она што го бара пазарот со цел да постигнат одлична кариера. Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам“, изјави деканот на Факултетот за туризам на УТМС, проф. д-р Сашко Граматниковски. Тој истакна дека студентите вклучени во студиската програма го добиваат она што го бара пазарот со цел да постигнат одлична кариера.
„Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам“, кажа деканот Граматниковски, кој истовремено се заблагодари за наградата.
„Можам да кажам дека многу работа е завршено во изминатите години со цел да се постигне бараниот напредок во областите што се анализираат. Мислам дека нашиот основен услов за работа е квалитетот, а квалитетот се заснова на постојан напредок. Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам. Универзитетот Скопје е сериозно посветен високото образование да биде на достоинствено ниво, на светски рамки, кое покрај теорија, знаењето да биде засновано и на практичен дел, со што младите по завршувањето на студиите се подготвени да одговорат на пазарот на труд“, потенцираше Граматниковски.
Приемот на УТМС во Светската туристичка организација официјално беше потврден на 26 октомври 2010 година, на островот Киш во Иран. Со тоа, Универзитетот Скопје стана еден од елитните универзитети во Европа и во светот што се членки на оваа најпрестижна организација од областа на туризмот.
Универзитетот е носител на дипломата „TEDQual“, која ја доделува Светската туристичка организација на ОН за квалитет во високото образование. Оваа акредитација гарантира дека студиските програми се во согласност со барањата на туристичката индустрија обезбедувајќи им на студентите теоретски знаења и практични вештини потребни за градење успешна кариера.
И професорот Антонио Карлес од Светската туристичка организација на Обединети Нации, во ексклузивно интервју за Магазинот за туризам и менаџмент потврди дека на Универзитетот Скопје во изминатите четири години е завршено многу работа со цел да се достигне потребниот прогрес во областите кои беа анализирани од страна на Светската туристичка организација.

Граматниковски: „Универзитетот Скопје доби признание за членството во Светската туристичка организација како единствена високообразовна институција од Македонија.“
„Да се постигне бараниот квалитет не е воопшто лесно. Мора навистина да задоволувате многу компетенции како програма за туризам. Компетенциите се однесуваат на аспекти што ќе бидат анализирани со определени параметри, со дефинирано ниво на квалитет, така што ќе бидете мерени и соочени со реалноста, т.е. приложените докази се тие што потврдуваат дека ги задоволувате поставените барања. Сите аспекти што ги спомнав претходно се составени од листа од добро дефинирани потпроцеси, кои заедно сочинуваат еден солиден квалитет на програмата. Идејата е да се обезбеди дека студентите вклучени во студиската програма го добиваат она што го бара пазарот со цел да постигнат одлична кариера“, изјави за Магазинот професорот Антонио Карлес.
Професорот Карлес вели дека при спроведената евалуација на квалитетот на образование во Универзитетот Скопје, успешно се спроведени сите претходно дадени препораки.
„По определен број години правиме осврт на прогресот што го направил секој универзитет со сертифицирани програми. Со првата сертификација, доставуваме и листа на препораки, бидејќи иако може универзитетот и програмата да го задоволува најголемиот број правила и барања, секогаш постои простор за подобрување, кој се дефинира со определени препораки. Така, кога треба да го обновиме сертификатот, се враќаме на универзитетот и со него го дефинираме она што ќе се смета за одговор на препораките што сме ги дале во претходниот процес на сертифицирање. Во овој случај, имавме три солидни дена да ги разгледаме оние активности што се одговор на препораките. Можам да кажам дека многу работа е завршено во изминатите 4 години со цел да се постигне бараниот напредок во областите што се анализираат. Јас сум многу задоволен од начинот на кој универзитетот и самата програма одговориле на нашите препораки, како и со – што е најважно – напредокот што го постигнале во овие процеси со спроведувањето на активностите. Мислам дека нашиот основен услов за работа е квалитетот, а квалитетот се заснова на постојан напредок“, изјави тој.

Карлес: „Универзитетот Скопје меѓу 100-те најдобри во светот во студиските програми за туризам.“
Универзитетот Скопје е еден од 100-те најдобри универзитетите што имаат програми за туризам, потврдува професорот Карлес.
„Ние евалуираме околу 100 универзитета, така што ние сме мал клуб споредено со бројот на универзитети што постојат низ светот. Исто така, мора да земеме предвид и дека ги евалуираме само универзитетите што имаат програми за туризам, а не сите универзитети што имаат такви програми. Меѓу оние универзитети во светот што имаат програми за туризам, Универзитетот Скопје е еден од 100-те најдобри. Значи зборуваме се еден вид елита ако се земат предвид универзитетите со програми за туризам како еден дел од сите универзитети во светот“, вели Карлес.
Според професорот, од огромна важност е да има стручни туристички работници ако сака државата да напредува во овој високо конкурентен сектор.
„Професионалните работници во туристичкиот сектор се апсолутно суштинско прашање. За секој економски сектор, квалитетот е основно правило ако сака да напредува во овој високо конкурентен свет, во кој туризмот не е исклучок. Но, како може да се постигне потребното ниво на квалитет? Без сомнение, специјализирањето во секторот со највисоки можни нивоа на професионални компетенции е една од клучните точки“, дециден е Карлес.

УТМС во посета на Светската туристичка организација.
„Универзитетот Скопје“ во посета на Светската туристичка организација (UNWTO)
Во 2023 година, делегација на Универзитетот Скопје предводена од ректорот Миленковски, на 16 март го посети седиштето на Светска туристичка организација во Мадрид. Со претставниците на организацијата задолжени за соработка со придружните членки, беше разговарано за активностите поврзани со претстојните настани. Фокусот беше ставен на 118. Извршен совет во Пунта Кана, Доминиканска Република, и на 25. Генерално собрание во Самарканд, Узбекистан.
Светската туристичка организација е специјализирана агенција на Обединетите нации и водечка меѓународна организација со централна улога во областа на туризмот. Нејзини главни заложби се промовирање на одговорен, одржлив и универзално достапен туризам како предуслов за социоекономски напредок на една земја. Во оваа најпрестижна организација членуваат 154 земји и над 400 придружни членки што доаѓаат од приватниот сектор, образованието и од туризмот.
