Христијан Миланоски: Нуркањето го менува животот – тоа што го гледаш под вода едноставно е магично

Поминав три години од мојот живот на Универзитетот Скопје, исполнети со нови пријателства и искуства.

Со нуркање почнал да се занимава од хоби, кое прераснало во пасија и страст. Станал член, а подоцна и секретар на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје.

Христијан Миланоски (37) е дипломец на УТМС. По завршувањето на средното училиште во 2006 година, се запишал на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје. Со стекнатите вештини и знаење од студиите почнал да навлегува во менаџерските структури во угостителството и остварил голем успех.

Бевте дел од првата генерација студенти на Факултетот за туризам. Како ги поминавте?
Тоа беа три години од мојот живот исполнети со нови пријателства и искуства. Се стекнав со многу знаење во областа на туризмот и менаџментот. Студиите и програмата беа премногу квалитетни, исто како и соработката со професорите и стручната служба на факултетот. Дипломирав во 2009 година и искуството и знаењето што ги стекнав на факултетот почнав да ги применувам во мојот приватен живот и ме усмерија кон угостителството. Сум бил менаџер на повеќе хотелски ресторани, ресторани и барови, а денеска сум менаџер на луксузниот италијански ресторан „Бела Виста“, кој се наоѓа во центарот на Скопје.

Истовремено сте активни и во Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје. Кои се генералните податоци за клубот?
Формиран во 2009 година, клубот брои 15 членови. Наш дом е кањонот Матка и пештерата „Врело“, која се наоѓа на Матка и е една од најдлабоките подводни пештери во светот. Како клуб сме учесници на повеќе подводни експедиции и проекти во Македонија и во странство. Но, најважната експедиција досега за нас беше во 2017 година, кога полскиот спелеонуркач Кристоф Старнавски ги помести границите во нашата пештера „Врело“ и достигна длабочина од 240 метри – но тоа не е крајот на нашата пештера.

Миланоски: „Поминав три години од мојот живот на Универзитетот Скопје, исполнети со нови пријателства и искуства.“

Миланоски: „Поминав три години од мојот живот на Универзитетот Скопје, исполнети со нови пријателства и искуства.“

Миланоски: „За првпат нашите нуркачи влегоа и ја истражија досега неистражената подводна пештера.“

Миланоски: „За првпат нашите нуркачи влегоа и ја истражија досега неистражената подводна пештера.“

Мисијата на клубот е еколошки акции, обука на нови нуркачи, промоција на подводниот туризам, истражување и заштита на водите и пештерите во Македонија. Дали сте задоволни со досегашната реализација на проектите?
Секогаш може да бидеме позадоволни, а тоа би се случило кога луѓето би имале поголема еколошка свест и помалку би загадувале, а и кога фирмите и институциите би се вклучиле малку повеќе и финансиски би помогнале во реализирањето на нашите проекти, кои пред сè се еколошки и истражувачки.

Кој од проектите посебно би го издвоиле како најголем успех и зошто?
Најголем личен успех на клубот е истражувањето на пештерата на изворот на Црна Река, во село Железнец, Демир Хисар. За првпат нашите нуркачи влегоа и ја истражија досега неистражената подводна пештера. Како резултат на првата експедиција, влеговме 200 метри во должина од влезот на пештерата и 50 метри во длабочина. Но, тоа не застанува тука – има уште многу што ќе го истражиме во некоја наредна експедиција.

Миланоски: „Традиција ни е секоја година за Денот на независноста – 8 Септември, да го развиориме македонското знаме во длабочините на пештерата Врело.“

Миланоски: „Традиција ни е секоја година за Денот на независноста – 8 Септември, да го развиориме македонското знаме во длабочините на пештерата Врело.“

Расте ли интересот за нуркање во нашата земја? Кои услови треба да се исполнат за членство во вашиот клуб и кои услуги ги нудите?
Интересот за нуркање расте, но не премногу, бидејќи овој спорт е малку поскап од другите спортови. Услов за да се биде член во нашиот клуб е, пред сè, кандидатот да биде физички здрав и да има желба. Ние како клуб наплатуваме симболична членарина од 6.000 денари за цела година. На членовите им обезбедуваме опрема за нуркање на сите настани што ги организира клубот – а тоа се пред сè дружења, многу нуркања, еколошки акции, експедиции итн.

Велат дека кога ќе почнеш да се занимаваш со нуркање, ти се менува животот. Како е во Вашиот случај? Кои промени ги почувствувавте?
Да, го менува животот. Едноставно, со нетрпение го чекаш следниот ден кога ќе нуркаш. Тоа што ќе го видиш под вода не може да го види секојЕдноставно е магично.

Постои ли разлика во нуркањето во реки, езера и во мориња?
Се разбира дека постои разлика, особено во околностите. Ние нуркаме секаде – и во мориња, и во езера, и во реки. На пример, тоа што можеш да го видиш во море, не можеш да го видиш насекаде. Реките понекогаш ги избегнуваме бидејќи се брзи. Во нив нуркаме само кога сме ангажирани да бараме некаков предмет или – понекогаш – давеници.

Миланоски: „Најтешко нуркање ни беше на изворот на Црна Река, поради подготовките.“

Миланоски: „Најтешко нуркање ни беше на изворот на Црна Река, поради подготовките.“

Каде и кога нуркањето Ви било најубаво, а каде најтешко? Дали сте биле некогаш во опасност?
Секое нуркање е убаво и различно на свој начин. Најубаво ми е да нуркам во нашата пештера „Врело“ на Матка. А за најтешко нуркање досега можам да кажам дека било на изворот на Црна Река. Нуркањето не беше тешко, туку подготовките – додека да стигнеме до влезот на пештерата, односно до водата. Има околу 50 метри сув дел кој е речиси непрооден и многу тешко пристапен, а ние треба да стигнеме до водата со опрема која тежи околу 60 килограми. Пештерското нуркање е еден од најопасните спортови во светот и секогаш постои опасност нешто да тргне наопаку, но со многу обуки и вежбање под вода, тој ризик се намалува.

Кои се идните планови поврзани со клубот и со вашите ангажмани?
За оваа сезона имаме план да направиме втора експедиција на изворот на Црна Река, многу еколошки акции, а веќе имаме и план да одиме на „Балкан кејв-самит“ во Босна, кој се организира секоја година и на кој доаѓаат спелеонуркачи од целиот свет, бидејќи во Босна има многу подводни пештери. Исто така, ќе продолжиме со промоција на подводниот туризам – на Матка доаѓаат и странски нуркачи што сакаат да ја видат пештерата. Се разбира, ќе продолжиме и со промоција на клубот и привлекување нови членови. Една традиционална активност што ја организираме секоја година за Денот на независноста – 8 Септември – е развиорување на македонското знаме во длабочините на пештерата „Врело“.

Image
Newsletter