Ниту една цена не е толку висока за инвестиција во иднината

Ниту една цена не е толку висока за инвестиција во иднината

Работодавците бараат подготвен кадар, не само документ во рака. Стопанството постојано ја повторува оваа реченица, но кај академската фела на државните факултети нема слух. Клучно за работодавците при вработувањето млад кадар е проактивноста и желбата за учење и напредок. Во јавноста има многу дилеми и многу дебати на темата дали добиваат младите подобро образование на приватен или на државен универзитет. Кои се придобивките и кои се разликите? 

Ако се стават на вага добрите и лошите страни на начинот на учење на државните и на приватните факултети, предност имаат приватните. 

Миленковски: „Разликите се во инвестициите. На нашиот универзитет немаме дрвени клупи и столчиња, работата е слободна во мали групи.“

Миленковски: „Разликите се во инвестициите. На нашиот универзитет немаме дрвени клупи и столчиња, работата е слободна во мали групи.“

Во моментот кога ќе влезете низ вратата на приватните универзитети, не се чувствуваат тензијата и притисокот што се честа појава кај младите при запишување на факултет. Првиот чекор кон својата иднина е едноставен да се направи бидејќи средината е безбедна, ја поттикнува самодовербата, не постојат дискриминација и критики, а личноста се прифаќа целосно со сите свои мани и доблести. Таму академската фела го прифаќа сето она што студентите го носат со себе. 

Па така, на приватните универзитети нема турканици на шалтерот за „студентски прашања“, нема „молби“ за потпис во индекс ниту проблеми со материјалите за учење. Таму студентите не под непотребен стрес, а професорите не им се обраќаат на студентите со понижувачки тон. Таму се комуницира преку мејл, на Вибер или едноставно преку телефон бидејќи професорите се тука за студентите.  

Но, тоа е само почеток на решавањето на проблемите со кои секојдневно се соочуваат студентите. За тоа која е разликата помеѓу приватните и државните универзитети, ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски, учествуваше на дебата како дел од проектот „Зајакнување на вашиот потенцијал“, каде што ценети професори, студенти и членови на локалната заедница се собраа да разговараат за квалитетот во високообразовните институции во Република Македонија и за предизвиците со кои се соочуваат тие.

„Крајно време е да се срушат стереотипите, да се надминат предрасудите и да се фати чекор со времето. Може да се сетите, на пример, во осумдесеттите години – тогаш јас бев обичен наставник по предметот Географија – каков телефон имавме сите дома: со рачка и кабел и вртевме нула. Денес е поинаку. Како што се сменија телефоните, информациските технологии, медицината и автомобилската индустрија, така и екстензивното образование треба да се смени. Не може сѐ уште да има училишта со зелени табли и со креда (а има и такви со бели табли и со маркери). Во денешно време не може сѐ уште има училишта без интернет или училишта каде што наставниот кадар не се приспособил на новото време. Денес имаме училишта каде што студентите се понапредни од професорите што им предаваат. Тука мислам и на универзитетите. Токму тука е предноста на нашиот универзитет. Ние немаме зелени табли, имаме еден голем телевизор со ,тач‘. На нашиот универзитет немаме дрвени клупи и столчиња, туку модерни предавални. Се учи во мали групи од десет-петнаесет до максимум дваесет студенти. Со други зборови, модерното образование е секторот што го претставувам. Сметам дека образованието не може да се дели на државно и на приватно. Разликата е во инвестициите. Важни се инвестициите, а потоа и цената што се плаќа за да се добие знаење. Но, ниту една цена не може да биде толку висока за да останете без знаење. И јас завршив на ,Св. Кирил и Методиј‘ и не сакам да зборувам лошо за државните универзитети. Но, приватните донесоа нови времиња, повисоки критериуми, современ наставен кадар и современи услови за работа, светски методологии за работа и мерливост на знаењето“, вели проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје. 

Предности на приватните универзитети се соодветен и добро опремен простор, професионална пракса, работилници, семинари за професионално усовршување, натпревари на кои студентите го проверуваат нивото на своето знаење и вештини. Но, најголема разлика е во начинот на оценување. 

Миленковски: „Не прегледуваме тестови, колквиуми или завршни тестови. Тетсот има само шифра. Компјутерот го има клчучот на решавање.“

Миленковски: „Не прегледуваме тестови, колквиуми или завршни тестови. Тетсот има само шифра. Компјутерот го има клчучот на решавање.“

„Како добивате шестка, осмица, деветка? На нашиот универзитет никој не учествува директно во оценувањето. Не прегледуваме тестови, колоквиуми или завршни тестови. Тестот има само шифра. Компјутерот го има клучот за решавање. Тестот е кодиран. Нема име и презиме. Читач го прегледува. Компјутерот бележи точно или неточно и прави ранг-листа на резултатите“, појаснува проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје. 

Ректорот Миленковски објаснува дека инвестициите во образовниот процес се исклучително важни и дека влоговите од раководните структури, во условите за учење и во светските методологии се клучни. Според ректорот, успехот на универзитетот не се мери според тоа колку студенти се запишале, туку колку дипломирале успешно и на време. Тој објаснува дека нашиот образовен систем има проблем што треба да го признаеме јавно: проодноста на учениците на полуматура е 100%, во средните училишта таа се намалувана на 98%, а кога ќе се запишат на некој од државните факултети, проодноста на студентите паѓа на 34 до 36 отсто. Тоа, според ректорот Миленковски, покажува дека треба да се промени начинот на кој се третираат студентите и како се вреднува нивното знаење. На Универзитетот Скопје проодноста е 80%, укажува на квалитетно поминато време и вложување во студентите. 

„На која основа е дадена оцената?  Според  што една шестка е шестка? Која е мерката на објективното оценување? Оценка од око? Такви оценки не постојат во светот. Ние имаме професори на нашите државни универзитети што селектираат кој ќе заврши, а кој не високо образование. Додека проодноста на нашиот универзитет е 80%, на државните е само 34-36%. Дали значи тоа дека ќе прифатиме дека од запишаните студенти, само 34% ќе дипломираат, а дека другите се отпад? Дали тоа значи дека нашата младина не е добра? Не, тоа значи дека ние немаме критериуми за оценување и дека имаме сосема погрешна стратегија во тој поглед. Ако ја погледнете листата на најголемите светски универзитети, на најпознатите – и Харвард, Детроид, Торонто, или европските Оксфорд и Кембриџ – ќе видите дека најнискиот процент на проодност е 78%“, нагласува проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје. 

Миленковски: „Студентите треба да се подготват за да се соочат со своите работни места. Вработувањето на студентите е еден од критериумите на шангајската листа.“

Миленковски: „Студентите треба да се подготват за да се соочат со своите работни места. Вработувањето на студентите е еден од критериумите на шангајската листа.“

Ректорот сподели еден пример, каде што на државните универзитети по предметот Маркетинг, од 170 студенти положиле само 6. 

„Станува збор за умислени професори и стереотипи што треба да се надминат. Ние и нашите исфрустрирани професори ги кочиме нашите деца, нашата младина, затоа што не сакаме да признаеме дека доаѓаат нови генерации што знаат многу повеќе. Студентите се по десет часа на телефон секој ден. Мислите дека професорите знаат повеќе од нивните паметни телефони? Како ќе ги прашате дефиниција за маркетинг кога тие работат многу повеќе маркетинг отколку еден професор што предава маркетинг? Нашата главна улога е да ги подготвиме да се соочат со своето идно работно место. Тоа треба да го умееме. Да им пренесеме, да има дадеме квалитетно знаење и соодветни вештини за да ги станат компетентни за работните позиции што ги очекуваат: дипломиран инженер, економист, педагог, менаџер во туризам. Тоа е и еден од критериумите на Шангајската листа, еден од главните моменти – бројот на вработени од дипломирани студенти“, вели проф. д-р Аце Миленковски, ректор на Универзитетот Скопје.  

Ректорот Миленковски ја нагласи важноста од охрабрувањето и поттикнувањето на младите луѓе да го продолжат своето образование дома, но во средина што ќе го вреднува нивниот придонес и максимално ќе ги искористи нивните капацитети, средина што ќе им овозможи активно да придонесуваат за напредокот и за просперитетот на татковината и на нацијата. 

Сите учесници во дебатата упатија апел за итни системски реформи во високото образование, а приоритет да биде воспоставување основни стандарди за квалитет. Сметаат дека е потребна итна акција на институциите со цел да се обезбеди пристап за сите ученици до висококвалитетно образование.

Академик Денис М. Хоган, кој пишува за состојбата на високото образование во Соединетите Американски Држави, вели: 

,,Ако размислувате за начинот на кој им се продава на студентите универзитетското образование, без разлика дали е јавно или приватно, идејата е дека нема таква сума пари што е превисока да ја потрошите на вашето образование бидејќи премијата од платата од факултетската диплома ќе ви го врати влогот. Знаењето е нешто слично со недвижниот имот. Секогаш е добра идеја да се трошат пари на недвижен имот бидејќи секогаш ќе заработите повеќе отколку што сте вложиле.“

Во едно од интервјуата на д-р Немања Бербер од Економскиот факултет во Суботица на Универзитетот во Нови Сад, вели дека практиката не покажува дека студентите од државните факултети имаат предности при вработувањето, ниту дека на работодавците им е важно од кој факултет доаѓаат нивните вработени. 

„Работодавците бараат млади дипломирани студенти што покажуваат проактивност, не само знаење. Дипломата е само на некој начин билет за светот на бизнисот, гарантира дека сте стекнале знаења од одредена област, дека сте биле вредни како студент, дека сте завршиле сѐ што се очекувало од вас во текот на студирањето и дека сте подготвени да се справувате со предизвици. Но, ако студентот стекнал квалитетно знаење, соодветни вештини и потребни компетенции за да се вработи еден ден или за да отвори сопствен бизнис, тоа е показателот дека студиската програма вреди“, вели д-р Немања Бербер од Економскиот факултет во Суботица на Универзитетот во Нови Сад.

Image
Newsletter