Студентите од Универзитетот Скопје учествуваа на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, каде што можеа да се запознаат со најновите трендови во туризмот и да развијат практични вештини преку директна интеракција со експерти од индустријата. Овој важен настан се одржа од 19 до 22 февруари, а студентите имаа уникатна можност да посетат многубројни изложби, семинари и презентации, кои им овозможија да ја прошират својата академска и професионална мрежа.

Студентите од Универзитетот Скопје на Меѓународниот саем за туризам во Беград.
Посетата на саемот не само што беше значаен образовен момент, туку и прекрасна можност студентите да ги истакнат своите вештини и да се запознаат со потенцијални идни работни можности.

Студентите на штандот на Универзитетот Сингидунум.
Универзитетот Скопје продолжува да ја поттикнува меѓународната соработка и да обезбедува платформи за напредување на своите студенти.